Јужна Африка (регион): Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с r2.7.2) (Робот: Додава diq:Verocê Afrika |
с r2.7.2+) (Робот: Додава rue:Южна Африка (реґіон) |
||
Ред 106: | Ред 106: | ||
[[pt:África Austral]] |
[[pt:África Austral]] |
||
[[ro:Africa Sudică]] |
[[ro:Africa Sudică]] |
||
[[rue:Южна Африка (реґіон)]] |
|||
[[ru:Южная Африка]] |
[[ru:Южная Африка]] |
||
[[sah:Соҕурууҥҥу Африка]] |
[[sah:Соҕурууҥҥу Африка]] |
Преработка од 00:52, 27 декември 2012
Јужна Африка е регион кој ги опфаќа: Јужноафриканската република, Намибија, Зимбабве, Замбија, Малави, Боцвана, Лесото, Свазиленд и Мозамбик. Во овој регион, некои подрачја достигнале извонредно висок степен на развој, а други, пак, се потполно заостанати. Јужна Африка зазема околу 14% од вкупната површина на Африка. Најголем дел од Јужна Африка се наоѓа помеѓу тропскиот и суптропскиот дел на Африка, на јужната хемисфера.
Географска положба и релјеф
Јужна Африка се простира јужно од реките Кунене, Окаванго и Замбези. Претставува висорамнина на околу 1 200 м.н.в. Заобиколена е со високи приморски планини, кои стрмно се спуштаат кон морето. Во средишните и во западните делови на Јужна Африка се наоѓаат полупустини и пустини, како што се Калахари и Намибиската Пустина. Во Јужна Африка се среќаваат повеќе климатски типови: тропски во посеверните делови, умерено-континентален на висорамнините, супторпски покрај бреговите на океаните и пустински во пустините.
Држави
Во Јужна Африка се наоѓаат државите: Мозамбик, Мадагаскар, Малави, Замбија, Зимбабве, Боцвана, Намибија, Јужноафриканската Република, Лесото и Свазиленд.
Држава | Главен град | Површина(кm²) | Население (ООН, 2009) |
---|---|---|---|
Боцвана | Габороне | 581 726 | 1 950 000 |
Замбија | Лусака | 752 614 | 12 935 000 |
ЈАР | Кејптаун/Преторија | 1 221 037 | 49 320 500 |
Лесото | Масеру | 30 355 | 2 067 000 |
Мадагаскар | Антонанариво | 587 041 | 19 625 000 |
Малави | Лилонгве | 118 484 | 15 263 000 |
Мозамбик | Мапуто | 801 590 | 22 894 000 |
Намибија | Виндхук | 825 418 | 2 171 000 |
Свазиленд | Мбабане | 17 364 | 1 185 000 |
Зимбабве | Хараре | 390 757 | 12 523 000 |
Население
од прегледот на државите се гледа дека Јужноафриканската Република е најголема и по површина и по број на жители. Во Јужна Африка живеат Бушмани, хотентоти, Банту Црнци и доселеници од Европа и од Азија.
Стопанство
Населението, главно, се занимава со земјоделство и со сточарство. Од земјоделските култури најмногу се одгледуваат: шеќерна трска, кафе, чај, тутун, лимони, портокали, банани, ананас, пченица и пченка. Во сточарството најразвиени се овци, кози и говеда. Јужна Африка е богата со руди - злато, платина, дијаманти, бакар, уран, сребро, никел и др. Поради тоа, стопански е најразвиена регија во Африка. Со својот стопански развој особено се истакнува Јужноафриканската Република.
|
|