Паљухор

Координати: 40°29′N 23°38′E / 40.483° СГШ; 23.633° ИГД / 40.483; 23.633
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Палјухор)
Паљухор
Παλαιοχώρι
Паљухор is located in Грција
Паљухор
Паљухор
Местоположба во областа
Палехор во рамките на Аристотел (општина)
Палехор
Местоположба на Палехор во Аристотел и областа Централна Македонија
Координати: 40°29′N 23°38′E / 40.483° СГШ; 23.633° ИГД / 40.483; 23.633
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругХалкидик
ОпштинаАристотел
Општ. единицаПаљухор
Надм. вис.&10000000000000598000000598 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.489
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Паљухор (грчки: Παλαιοχώρι) — село во Општина Аристотел во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Паљухор бил дел од општина Леригово[2].

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Паљухор се наоѓа на 37 километри северозападно од градот Ерисово и на 5 километри источно од Леригово, во центарот на Халкидик, на надморска височина од 598 метри, во подножјето на планината Холомонда.

Селскиот атар опфаќа површина од 40 квадратни километри.

Историја[уреди | уреди извор]

Антички период[уреди | уреди извор]

Најверојатно античкото село на местото каде денес се наоѓа Паљухор бил еден од 32-та града на Халкидичкиот сојуз околу Олинт, уништени од страна на Филип II Македонски во 348 п.н.е. Југозападно од селото се наоѓаат остатоци од средновековната тврдина Непос[3].

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во казата Касандар во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, во селото живееле 560 жители Грци[4]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 300 Грци[5].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 961 жител, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 983 жители.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 1118 жители, додека во 1940 година селото броело 1404 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 1442 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1592 жители, во 1971 година имало 1535 жители, во 1981 година имало 1524 жители[6], додека во 1991 година имало 1620 жители. Денеска, населението на селото е 1489 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1404 1442 1592 1535 1524 1620 1507 1489
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Архивирано на 13 ноември 2018 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. Δήμος Αριστοτέλη
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 173.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 210-211.
  6. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 172.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]