Пиргадикија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пиргадикија
Πυργαδίκια
PirgadikaPanorama.jpg
Пиргадикија is located in Грција
Пиргадикија
Пиргадикија
Местоположба во областа
Пиргадикија is located in Аристотел (општина)
Пиргадикија
Местоположба на Пиргадикија во Аристотел и областа Централна Македонија
Координати: 40°26′N 23°43′E / 40.433° СГШ; 23.717° ИГД / 40.433; 23.717Координати: 40°26′N 23°43′E / 40.433° СГШ; 23.717° ИГД / 40.433; 23.717
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругХалкидик
ОпштинаАристотел
Општ. единицаРевеник
Надм. вис.&10000000000000320000000320 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно377
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Пиргадикија (грчки: Πυργαδίκια) — село во Општина Аристотел во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Пиргадикија бил дел од општина Пиргадкија [2].

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Пиргадикија се наоѓа на 25 километри југозападно од градот Ерисово и на 17 километри јужно од Ревеник, во југоисточниот дел на Халкидики, на надморска височина од 320 метри.

Селото било изградено на рид над морето во длабочината на Светогорскиот залив меѓу полуостровите Ситонија и Атон, кои се гледаат од секоја точка на селото. Од север селото е опкружено со планински ридови. Пиргадикија се наоѓа на растојание од 125 километри источно од Солун.

Местото претставува туристичка дестинација. Плажите се на неколку километри оддалеченост. Во селото има ресторани во близина на убавото пристанште. Селото се снабдува со свежа риба од рибарите. Освен тоа дел од локалните жители изнајмуваат соби за туристите[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Во времето на Византија селото било во сопственост на светогорскиот манастир Дохиар и е споменато во документ од 1057 година. Сегашната населба била основана во 1922 година од бегалци од Афтони, остров во Мраморно Море.

Демографија[уреди | уреди извор]

Селото според пописот од 1991 година броело 402 жители додека на пописот од 2001 година во селото живееле 331 жители. Денеска, населението на селото е 320 жители според пописот од 2011 година.

Култура[уреди | уреди извор]

Црквата во селото е посветена на Рождество Богородично, и како патрон селото го слави денот 8 септември[4].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. Δήμος Αριστοτέλη
  4. „Πυργαδίκια Χαλκιδικής“. pyrgadikia.gr. конс. 15 July 2014. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]