Ревеник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ревеник
Μεγάλη Παναγία
Ревеник is located in Грција
Ревеник
Ревеник
Местоположба во областа
Ревеник is located in Аристотел (општина)
Ревеник
Местоположба на Ревеник во Аристотел и областа Централна Македонија
Координати: 40°29′N 23°39′E / 40.483° СГШ; 23.650° ИГД / 40.483; 23.650Координати: 40°29′N 23°39′E / 40.483° СГШ; 23.650° ИГД / 40.483; 23.650
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругХалкидик
ОпштинаАристотел
Општ. единицаРевеник
Надм. вис.&10000000000000440000000440 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно2.592
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.23720-3

Ревеник или Равеник (грчки: Μεγάλη Παναγία) — село во Општина Аристотел во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Мегали Панагија бил дел од општина Ревеник[2].

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Стано се наоѓа на 31 километри северозападно од гратчето Ерисово и на 99 километри источно од Солун, во југоисточниот дел на Халкидик, на надморска височина од 440 метри. Ревеник се наоѓа во подножјето на ридот Хтикела, дел од јужното подножје на Холомонда[3]. На четири километри од селото се наоѓа манастирот „Света Богородица Заштитничка“.

Ревеник опфаќа површина од 110 квадратни метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Ран период[уреди | уреди извор]

Селото е едно од главните на полуостровот и истовремено едно од најстарите. Неговото име често се споменува во светогорските документи. Најраното сведоштво за него постоење е споменувањето на тврдината „Аравеникија“ (καστέλιον Αραβενικαίας) во 1379 година. Црквата „Рождество Богородично“ во тврдината се смета дека била изградена во 1007 година[4]. На реката во селото е зачуван камен мост, кој се смета дека бил изграден пред илјада години.

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во казата Касандар во составот на Отоманското Царство, како едно од најголемите во овој регион. Селото во текот на 1821 година, односно за време на Грчката војна за независност било разрушено.

Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“), во 1878 година запишал дека во Ревеникија (Revénikia) живееле 960 Грци.[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, во селото живееле 1120 жители Грци[6].

Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 865 Грци[7].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1927 година селото било прекрстено во Мегали Панагија, според името на црквата „Света Богородица“.

Во 1932 година многу стари куќи на селото биле разурнати од земјотресот од Јерисос. Селото настрадало и во текот на Втората светска војна. Во 1955 година била изградена најголемата парохиска црква „Свети Василиј“.

До 2011 година селото претставувало центар на општина Мегали Панагија.

Демографија[уреди | уреди извор]

На пописот од 1913 година биле евидентирани 1620 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 1862 жители. Во 1928 година селото броело 2077 жители, додека во 1940 година селото броело 2354 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 2058 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 2477 жители, во 1971 година имало 2358 жители, во 1981 година имало 2397 жители, додека во 1991 година имало 2620 жители[8]. Денеска, населението на селото е 2592 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 2354 2058 2477 2358 2397 2620 2727 2592
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Култура[уреди | уреди извор]

Во селото има 12 основни училишта, 2 градинки, средно училиште и фудбалски тим, клиника, градското собрание и.т.н. Во селото, кое има изглед на мало гратче постојат поголем број на трговски и занаетчиски дуќани, полициска станица и пошта.

Населението главно се занимава со производство на маслинка и други јужни овошја.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. Municipality of Aristotle
  4. Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου
  5. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman : Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 34.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 173.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 210-211.
  8. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 172. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]