Олимпијада (село)
Олимпијада Ολυμπιάδα | |
---|---|
Координати: 40°36′N 23°46′E / 40.600°N 23.767°E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Халкидик |
Општина | Аристотел |
Општ. единица | Стагира-Акант |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 649 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Олимпијада (грчки: Ολυμπιάδα ) — село во Општина Аристотел во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Олимпијада била дел од општина Стагира-Акант [2].
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Олимпијада се наоѓа на 32 километри северно од градот Ерисово и на 90 километри источно од Солун, во југоисточниот дел на Халкидик, на Струмскиот Залив.
Историја
[уреди | уреди извор]На околу километар од селото се наоѓаат урнатините на античка Стагира. На патот кон Стратони, во месноста Зепко која има одлична плажа, има откриена ранохристијанска базилика[3].
Селото било основано од бегалци кои пристигнале од село Агија Кирјаки во Турција во 1923 година. Поради тоа и главната црква во селото е посветена на Света Недела. Областа е заштитена од програмата Натура 2000.
Првично областа била мочуриште и населението страдало од маларија. Главно занимање на жителите е туризмот и риболовот. Во близина на селото се наоѓа и рудник.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ 2,0 2,1 Kallikratis law Архивирано на 27 април 2017 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
- ↑ „Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου“. Архивирано од изворникот на 2014-06-06. Посетено на 2017-03-10.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|