Гомати

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гомати
Γομάτι
Гомати is located in Грција
Гомати
Гомати
Местоположба во областа
Гомати is located in Аристотел (општина)
Гомати
Местоположба на Гомати во Аристотел и областа Централна Македонија
Координати: 40°23′N 23°47′E / 40.383° СГШ; 23.783° ИГД / 40.383; 23.783Координати: 40°23′N 23°47′E / 40.383° СГШ; 23.783° ИГД / 40.383; 23.783
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругХалкидик
ОпштинаАристотел
Општ. единицаРевеник
Надм. вис.&10000000000000440000000440 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно591
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Гомати (грчки: Γομάτι) — село во Општина Аристотел во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Гомати бил дел од општина Ревеник.[2]

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Гомати се наоѓа на 9 километри западно од градот Ерисово и на 21 км северно од Ревеник, во југоисточниот дел на Халкидики, на надморска височина од 440 метри.

Гомати опфаќа површина од 76 квадратни метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Античка историја[уреди | уреди извор]

Крај Гомати се наоѓаат многу остатоци од различни антички и средновековни населби - во месноста Градистос (Γραντίστος), Кастро (Καστρί), Пиргос (Πύργος) и Хилиаду (Χιλιαδού)[3].

Крај селото се наоѓа средновековната кула за одбрана на манастирот „Света Богородица“ од 8 век, како и параклис посветен на Свети Атанасиј Атонски. Манастирот бил лоциран до населба на име Камен. На патот за Ревеник бил сместен стариот манастир „Свети Четириесет маченици“, женски манастир на Ксиропотамскиот манастир, од кој денес преживеал само еден параклис во светогорски стил од 19 век[4].

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во казата Касандар во составот на Отоманското Царство.

Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“), во 1878 година запишал дека во Гомати живееле 420 Грци.[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, во селото живееле 520 жители Грци[6]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 500 Грци[7].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 655 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 595 жители.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 548 жители, додека во 1940 година селото броело 649 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 680 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 783 жители, во 1971 година имало 618 жители, во 1981 година имало 552 жители[8], додека во 1991 година имало 542 жители. Денеска, населението на селото е 591 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 649 680 783 618 552 542 591 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Култура[уреди | уреди извор]

Недостатокот на инфраструктура во областа на користењето на водата е ограничувачки фактор за развој на агротуризмот во селото[9]. Во селото постои градинка, културна асоцијација на жените, како и фудбалски тим, кој се натпреварува во аматерската Б категорија во локалната лига ЕПС Халкидики.

Селото како свој патронат го слави денот 9 март, како и 15 август кога го слави Успението на Пресвета Богородица.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. www.gomati.gr
  4. Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου
  5. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman : Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 34.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 173.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 210-211.
  8. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 172. 
  9. Τουριστικός οδηγός GoHalkidiki

Надворешни врски[уреди | уреди извор]