Македонија на Детска Евровизија 2009

Од Википедија — слободната енциклопедија

Македонија настапи на Детска Евровизија 2009 кој се одржа на 21 ноември 2009 во Киев, Украина.[1]

Пред Детска Евровизија[уреди | уреди извор]

На 14 јули 2009, македонскиот радиодифузер објавил дека рокот за поднесување на песните бил во тек и траел до 1 август 2009. Професионални жири одбрало 12 песни да земат учевство во националното финале, кое било закажано за 26 септември 2009 во 20:15, со пренос во живо на МРТ 1 и МРТ Сат. Редоследот на песните бил утврден во живо на 4 септември 2009 во младинската емисија Ѕвон.

На 24 август, МТВ ја објавиле листата на финалисти на националното финале. Марија Зафировска настапила на националните финалиња во 2007 и 2008 и се појавила на сцената во Ротердам како позадински вокал за Димитар и Росица, Сара Марковска во националното финале во 2007 и исто така во Ротердам, Филипа Бибановска настапила во националното финале во 2008, и во 2007 Филипа, Деа и Теа биле позадински танчери за некои учесници на натпреварот.

На 13 септември, МТВ ја објавиле финалната листа на учесници на националното финале со редоследот на настапите:

Редослед Артист Песна Жири Телефонско гласање Вкупно Место
Гласови Поени
1 Јована Крстевска Како во круг 4 66 1 5 7
2 Филипа, Деа и Теа Тики тики да да 12 136 5 17 2
3 Теодора Ангелевска Паника од љубов 1 244 8 9 5
4 Мартина Дојчиновска Љубовта е магија 0 88 2 2 8
5 Кристијан Неделковски Кажи желба 7 29 0 7 6
6 Сара Маркоска За љубовта 8 378 10 18 1
7 Марија Зафировска Љубовта боли 6 104 4 10 4
8 Андреј Јовановски Девојче Македонско 2 183 7 9 5
9 Ана Аврамовска Меко Р 3 148 6 9 5
10 Мартина Матевска Води ме на Евросонг 0 8 0 0 9
11 Мила Јаневска Нема боја љубовта 10 92 3 13 3
12 Ивана Симовска Ангелски глас 5 414 12 17 2

Домаќини на националното финале биле Ивона Богеска и Диме Димитровски, а уметнички директор на шоуто бил Љупчо Мирковски. Македонските претставници на Евровизија 2009, Next Time биле специјални гости на шоуто кое се одржало во Студио 3 на МТВ. Победникот бил избран со гласови од жири и телефонско гласање.

Членови на жирито биле:

На Детска Евровизија[уреди | уреди извор]

Покрај Сара, како позадински танчери настапија и Бисера Мартиновска, Ива Поповска, Тања Василевска, Теодора Јолаковска и Даниел Тодоровски, кој го придружуваше Боби во 2008.

Во финалето, Македонија го освои 12 место со 31 поен.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „FYR Macedonia JESC 2009 Македония Р"етское Евровидение 2009“. esckaz.com. Посетено на 2021-06-06.