Македонија учествуваше на Детска Евровизија 2018 на 25 ноември 2018 во Минск, Белорусија. Македонскиот радиодифузер МТВ беше одговорен за организирање на нивниот претставник на натпреварот. Марија Спасовска беше интерно избрана на 18 август 2018 како македонска претставничка.
На 24 август 2018, македонскиот радиодифузер објави дека ја одбрале 13-годишната пејачка Марија Спасовска интерно да ја претставува Македонија на Детска Евровизија 2018.[1] Нејзината песна за натпреварот беше објавена на 19 октомври 2018.
За време на церемонијата на отворањето и ждрепката за редоследот кој се одржа на 19 ноември 2018, Македонија беше извлечена да настапи 16та на 25 ноември 2018, после Франција и пред Ерменија.[2]
Резултатите од Детска Евровизија 2018 биле одлучени од националните жирија и онлајн гласање од публиката. Секоја држава имала национално жири што се состоело од три професионалци од музичката индустрија и две деца на возраст меѓу 10 и 15 кои биле жители на земјата што ја претставуваат. Од жирито било побарано да го оцени секој натпреварувач засновано на: вокален капацитет, сценска изведба, композицијата на песната и оригиналност, и целокупен впечаток од настапот. Дополнително, ниту еден член на национално жири не смеел да биде поврзан на ниту еден начин со некој од учесниците на таков начин што тие не можат да гласаат непристрасно и независно. Првата фаза на онлајн гласањето започнала на 23 ноември 2018 кога резиме од сите пробни настапи ќе биде прикажано на junioreurovision.tv пред гледачите да може да гласаат. После ова, гласачите ќе имаат можност да гледаат и подолги едно-минутни видеа од пробата на секој натпреварувач. Првата рунда завршила во недела, 25 ноември, во 15:59 CET. Втората фаза од онлајн гласањето се случила за време на преносот во живо, и започната веднаш по последниот настап и била отворена 15 минути. Меѓународните гледачи можеле да гласаат за минимум 3 земји, а максимум 5. Тие исто така можеле да гласаат и за песната на својата земја. Овие гласови после биле претворени во бодови кои што ќе бидат одредени од процентот на добиени гласови. На пример, ако песна добие 20% од гласовите, ќе добие 20% од достапните бодови. Јавното гласање го одредувало 50% од финалниот резултат, додека другите 50% доаѓале од професионалните жирија.