Мина Блажев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мина Блажев
Роден(а)12 јуни 2003 (2003-06-12) (19 г.)
Македонија Скопје, Република Македонија
Жанровипоп
Занимањапејачка
Инструментивокал

Мина Блажев (родена на 12 јуни 2003 во Скопје) — македонска пејачка. Таа ја претставуваше Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија 2017 во Тбилиси, Грузија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Мина ја освоила Бисерната награда на Меѓународниот музички фестивал „Езерски Бисери“ во 2017 година. Таа исто така била дел од талент шоуто Пинкови ѕвездички. Има освоено 7 први награди, 3 втори награди и 1 трета награда на државни и меѓународни натпревари. Посетува часови по пеење на Музичката академија Ѕвездички.

Освен настапување на сцена, Мила е љубител и на танцување. Нејзините најголеми идоли се Аријана Гранде и Џастин Бибер.

Во септември 2017, таа го освои националното финале за Детска Евровизија 2017, освојувајќи најмногу бодови од жирито.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Mina Blažev - North Macedonia - Tbilisi 2017“. junioreurovision.tv (англиски). Посетено на 2021-01-29.