Зана Алиу

Од Википедија — слободната енциклопедија

Зана Алиу (родена на 21 април 1993) — млада пејачка од Македонија која ја претставувала Македонија на Детска Евровизија 2006 во Букурешт во 2006 година. Тогаш таа имала 13 години и ја извела песната „Вљубена“ на македонски јазик.[1][2]

Зана почнала да пее од својата 6-та година. Од тогаш Зана постојано пее, редовен член е на Хорот во училиштето со кој има освоено повеќе награди во Македонија. Има настапувано на неколку манифестации во Универзалната сала во Скопје, веќе една година зема часови по пијано. За Детската евровизија напиша две песни, но сепак се решава за "Вљубена" затоа што е "пожива" песна, со повеќе енергија и ритам за разлика од другата која е потивка и поспора. Основно училиште завршила во ОУ Петар Здравковски Пенко. Таа зборува англиски, италијански и шпански. Сака да игра тенис, а тренирала и кошарка во КК Шкупи.

Настапот на Зана добил 14 поени (од нив по 12 биле дадени на секој учесник на почетокот и уште 2 добила од Романија при ТВ-гласањето).

Семејство[уреди | уреди извор]

Зана има помал брат Блерон и постара сестра Егзона. Младата пејачка била горда на својата сестра, бидејќи 16-годишната Егзона студирала во Сакраменто, САД.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Macedonia JESC“. esckaz.com. Посетено на 2022-05-11.
  2. „..:: MRT.com.mk ::.. - Детски Евросонг 2006“. web.archive.org. 2009-05-30. Архивирано од изворникот на 2009-05-30. Посетено на 2022-05-12.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)