Викторија Лоба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Victoria Loba.jpg
Родена 17 октомври 1988
Таганрог,  Русија
Занимање пејачка


Викторија Лоба (руски: Виктория Лоба, р. 17 октомври 1988) — македонска пејачка.

Биографија[уреди | уреди извор]

Викторија Лоба е родена во Таганрог, Ростовска област, Русија на 17 октомври 1988 година. Подоцна, на свои 8 години, со семејството се преселува во Скопје. Таа е присутна на музичка сцена и ТВ станиците во Македонија уште од најмалата возраст. Во музичките води влегува во 2003 година кога ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија во дует со Марија Арсова и песната „Ти не ме познаваш“ каде се пласираа на 12то место.

Во 2004 година, таа освои 1 награда, и беше наградена со Златна диплома за естраден пејач во сениорската група на Меѓународниот фестивал "Роза на ветрови" (Роза Ветров), кој се одржа во Москва-Русија.

Од 2008 до 2010 Викторија беше фронтмен и пејач на македонската група "Тумбао салса бенд", која свири бразилска, португалска и кубанската музика, и во исто време таа беше постојано присутна на телевизиските екрани со музичкото шоу "Котон клуб" на Алфа телевизија како член на "Тумбао салса бенд".

Во 2010 година Викторија го завршува Државно музичко училиште (ДМБУЦ) „Илја Николовски Луј“ во Скопје, Македонија, насока - соло пеење.

Во 2010 година, најпозната манифестацијата "Златна бубамара на популарноста", ја наградува Викторија Лоба со "Откритие на годината". Две години по ред, во 2011 и 2012 година, таа настапуваше на летниот фестивал "Љубовта и среќата" во Охрид, Македонија, како специјален гостин заедно со Tom Boxer & Morena.

Во 2011 година, на Меѓународниот фестивал во Македонија "Охрид Фест" ја освои 2-та награда во поп вечерта, и 3-та награда во интернационалната вечер, со песната "Девет работи" ("Devet raboti").

Викторија Лоба со официјалната песна „Почувствувај го ритамот“ отвори еден од најпрестижните македонски музички фестивали на модерната поп - рок музика Макфест 2012 . Оваа песна беше официјална химна на фестивалот таа година. Во 2013 година, со својот хит " Summer Love" таа се искачи на првото место на холандската топ листа за млади таленти од Европа, Spinnin' Records, и остана на таа позиција долго време.

Во 2014 година, на меѓународниот фестивал во Македонија "Макфест", Викторија ја освои наградата за најдобар настап со песната "Само мој".

Викторија има искуство и како актерка. Во 2007 година таа ја играше главната улога во драмата Лолита од Набоков, во македонскиот драмски театар.

Исто така, таа често се појавува во телевизиски реклами, како што се ТВ реклама за компанијата "ОНЕ телекомуникации" и за компанијата за минерална вода "Пелистерка". Осто така, таа учествуваше во кампања организирана од страна на Владата за превенција од злоупотреба на дрога.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Интервјуа
Видеа

Музичко Портфолио