Прејди на содржината

Сара Маркоска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сара Маркоска
Родено имеСара Маркоска
Роден(а)27 јуни 1995
ПотеклоМакедонија
Жанр(ови)Поп-музика
Занимање/њапејачка, текстописец
Години на активност2006–се уште

Сара Маркоска (родена на 27 јуни 1995 во Скопје) – македонска пејачка. Таа ја претставуваше Македонија на Детскиот натпревар за песна на Евровизија 2009 со песната „За љубовта“, која се најде на 12-тото место со 31 бод.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Маркоска живее во Скопје. Првите настапи ги имала во основното училиште “Јан Амос Коменски” кога ја отпеала училишната химна. Го посетувала нижото музичко училиште “Илија Николовски Луј” и одела на приватни часови по пеење кај професорот Владо Србиновски.[2] Средно училиште завршила во гимназијата "НОВА".

2006: Почетоци на кариерата - Ѕвезди

[уреди | уреди извор]

Маркоска во 2006 настапила на меѓународниот фестивал Ѕвездички и го освоила третото место за интерпретација на песната "Сама низ Сахара".

2007: Учество на избор за Детска Евровизија и неколку фестивали

[уреди | уреди извор]

Сара настапила на македонскиот избор за Детска Евровизија 2007 и го освоила второто место со песната "Мислиш на мене" од Кире Костов. Потоа, таа била поканета да се придружи на тимот што ќе настапи во Ротердам како позадински вокал и танчер. Таа настапила на фестивалот "Музичко чадорче" во Виница, Украина во 2007 каде влегла во финалето.

Во 2008 година настапила на фестивалот „Мале Скале“ во Херцег Нови, Црна Гора со песната „Љубов и музика” каде го освоила третото место за интерпретација, а истата година на фестивал во Мариупол, Украина освоила второ место за интерпретација.

Таа пак настапила на „Ѕвездички“ во Прилеп, со песната “Тие очи сини две” го освоила третото место, а во МОБ во Скопје на првиот тинејџерски фестивал „Супер Звезда – Тинс” со песната “Сигнали на љубовта” од Александар Митевски ја освоила наградата за најдобар сценски настап.

2009: Детска Евровизија 2009

[уреди | уреди извор]

Таа настапила во Несебар, Бугарија, каде што учествувала на фестивалот „Сонце радост и убавина” и го освоила третото место меѓу 78 учесници со песната "Времето ќе ни каже" од Лазар Цветкоски. Победила на изборот за песна на Детска Евровизија со песната “За Љубовта” од Александар Масевски и ја претставувала Македонија во Киев, Украина.

Во 2010-та година настапила во Палма де Мајорка, Шпанија на фестивал од ревијален карактер, каде што ја претставила музиката и културата од Македонија. На Охрид Фест 2010 во Вечерта на нови ѕвезди настапила како најмлад учесник, и освоила прво место од публика и прво место од жири комисијата со песната “За љубов има време” од Григор Копров.

Во 2011-та година Сара била дел од музичкото шоу „М2-Потрага по ѕвезда“ и со песната “Без срам” на Дарко Димитров го освоила првото место од публика и трето од жири комисијата. Истата година настапила и на фестивалот „Baltic song festival“ во Шведска и со песната “Без срам” влегла во финалето на фестивалот.

2012: Макфест

[уреди | уреди извор]

Во 2012 учествувала на Макфест, каде во конкуренција од многу македонски и странски музички ѕвезди за изведбата на „После него“ од Лазар Цветкоски ја добила Гран При наградата, односно прво место од публиката, како и наградата за Најдобар дебитант.

Во 2013, таа го снимила дуетот "Зелено светло" заедно со Панчо од ДНК.

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • Сама низ Сахара (2006)
  • Мислиш на мене (2007)
  • Љубов и музика (2008)
  • Тие очи сини две (2008)
  • Сигнали на љубовта (2008)
  • Времето ќе ни каже (2009)
  • За љубовта (2009)
  • За љубов има време (2010)
  • Без срам (2011)
  • После него (2012)
  • Зелено светло (2013)
  • Private Show (2014)
  1. „Sara Markoska - North Macedonia — Kyiv 2009“. Junior Eurovision (англиски). Посетено на 2020-10-05.
  2. „Sara Markoska - Official Website“. web.archive.org. 2014-05-21. Архивирано од изворникот на 2014-05-21. Посетено на 2020-10-05.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. „Профил на Сара Маркоска“. www.muzichkiregistar.com. Архивирано од изворникот на 2022-05-15. Посетено на 2020-10-05.