Магдалена Алексовска
| Магдалена Алексовска | ||
| Родена | 24 јануари 2002 Скопје, Македонија | |
|---|---|---|
| Националност | Македонка | |
| Народност | Македонка | |
| Занимање | пејачка | |
Магдалена Алексовска (родена на 24 јануари 2002 во Скопје) — македонска поп пејачка. Заедно со Ивана Петковска, Магдалена ја претставувала Македонија на Детската Евровизија 2015 во Софија, Бугарија, со песната „Плетенка“ и се пласирала на седумнаесеттото место во конкуренција со 26 поени.[1]
Таа била ученик во СУ „Илија Николовски Луј“ во Скопје. Магдалена била член на хорот на детскиот фестивал Златно славејче од 2009 до 2014 година. Таа свири на флејта и ја снимила нејзината прва песна „Ученик“ во 2010 година. Таа настапила на неколку меѓународни детски фестивали (вклучувајќи ги Истанбул и Белград), како и домашни и меѓународни натпревари (вклучувајќи ги Струга и Прилеп). Најзначаен настап на Магдалена бил на Меѓународниот детски фестивал „Славјански базар 2013“ во Витебск, Белорусија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ivana and Magdalena to sing for FYR Macedonia“. junioreurovision.tv. 9 Ekim 2015. Архивирано од изворникот на 28 Eylül 2015. Посетено на 9 Ekim 2015. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=(help); Проверете ги датумските вредности во:|accessdate=, |date=, |archive-date=(help)