Лахендорф
| Лахендорф | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Долна Саксонија |
| Округ | Целе |
| Општ. заед. | Лахендорф |
| Месни единици | 4 |
| Градоначалник | Хартмут Остерман (ДХС) |
| Основни податоци | |
| Површина | 38,23 км2 |
| Надм. височина | 49 м |
| Население | 6.577 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 172 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | CE |
| Пошт. бр. | 29331 |
| Повик. бр. | 05145 |
| Портал | www.lachendorf.de |
| Местоположба на Лахендорф во рамките на округот Целе | |
| Координати | 52°37′0″N 10°15′0″E / 52.61667°N 10.25000°E |
Лахендорф (германски: Lachendorf) — општина во округот Целе, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 10 километри источно од окружниот град Целе.
Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Општината се наоѓа на јужниот крај од Линебуршкото Поле (југоисточно од Целе).
Низ подрачјето на општината тече реката Лахте
Општински единици
[уреди | уреди извор]Општината Лахендорф се состои од следниве четири места:
- Бункенбург
- Гокенхолц
- Јарнзен
- Лахендорф
Историја
[уреди | уреди извор]Во првите спомнување, Лахендорф е спомнат под името Лахтендорп (Lachtendorp), што означува село на реката Лахте. Во 1538 година, Ернст I, војвода на Брауншвајг-Линебург го избрал за воденица за хартија, што го означува почетокот на населбата и трговскиот развој. Во 1845 година, воденицата за хартија прераснала во фабрика, обезбедувајќи работа за многумина во оваа земјоделска област.[2]
Познати луѓе
[уреди | уреди извор]- Хајнрих Зеферло (1923–2006) — војник
- Константин Рауш (р. 1990) — фудбалер
Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Лахендорф е збратимен со следниве општини:
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Mußmann, Olaf: Papier, Pulver und sanfte Energie – Alltag und Technik im vorindustriellen Mühlengewerbe, Münster 1993, pp. 25 ff.
- ↑ „National Commission for Decentralised cooperation“. Délégation pour l’Action Extérieure des Collectivités Territoriales (Ministère des Affaires étrangères) (француски). Архивирано од изворникот на 2013-11-27. Посетено на 2013-12-26.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Лахендорф“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
|
| ||||||||


