Галактичка испакнатина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Артистички приказ на централната испакнатост во Млечниот Пат.[1]

Галактичка испакнатост — густа група на ѕвезди во внатрешноста поголем облик. Поимот целосно се однесува на централната група на ѕвезди во повеќето спирални галаксии (Погледајте галактички сфероид). Испакнатостите историски биле сметани за елиптични галаксии кои околу себе имаат дискови на ѕвезди, но сликите со голема разделна моќ добиени од вселенскиот телескоп Хабл дека всушност галактичките испакнатости се особености кои ги поседуваат спиралните галаксии. Денес се смета дека постојат два вида на испакнатости, испакнатости кои се како елипсоиди и испакнатости кои се како спирални галаксии.

Класични испакнатости[уреди | уреди извор]

Слика од Месје 81, е глаксија која има класична испакнатост. Се забележува дека спиралната структура завршува на местото каде што започнува испакнатоста.

Испакнатостите кои имаат својства слични на елиптичните галаксии честопати се наречени класични испакнатости поради нивната сличност со историскиот поим за испакнатостите.[2] Овие испакнатости се поврзани со ѕвездите кои се постари од II генерација на ѕвезди, и поради тоа имаат црвеникава обоеност (Погледајте ѕвезден развој).[3] Овие ѕвезди исто така орбитираат околу орбити кои се всушност случајни во споредба со трамнината на галаксијата, со што испакнатоста има одреден сферичен облик.[3] Поради недостатокот на гас и прашина, испакнатостите имаат мало или скоро никакво ѕвездообразие. Распределбата на светлината е опишана со де Воклулеровиот закон.

Класичните испакнатости се смета дека се резултат на судирите на помалите структури. Со ова се нарушува патеката на ѕвездите, што доведува до создавање на случајни орбити во испакнатоста. Исто така за време на спојувањето, веројатноста е голема облаците од гас да се претворат во ѕвезди, поради ударните бранови настанати од спојувањето (Погледајте создавање на ѕвезди).

Испакнатости налик на диск[уреди | уреди извор]

Астрономите ги нарекуваат различните спиралнни испакнатости на галаксиите како ESO 498-G5 испакнатости кои наликуваат на диск, или псевдоиспакнатости.

Многу од испакнатостите имаат својства кои се повеќе слични со оние на спиралните галаксии отколку елиптичните галаксии.[4][5][6] Честопати се нарекувани и псевдо испакнатости или дисковити испакнатости. Овие испакнатости имаат ѕвезди кои не орбитираат случајно, туку орбитираат на начин сличен на оној во надворешниот диск. Ова е во целосна спротивност со она што се случува кај елиптичните галаксии.

Понатамошните истражувања на испакнатостите на многу галаксии покажале дека испакнатостите не се без прав, туку поседуваат променлива и сложена структура.[3] Оваа структура четопати мналикува на спирална галаксија, но е многу помала. Џиновските спирални галаксии се скори 2-100 пати поголеми од од спиралите кои постојат кај испакнатостите. Кга постојат овие централни спирали преовладуваат светлински во испакнатоста во која се сместени. Типично чекорот со кој нови ѕвезди се создаваат е сличен на чекорот со кој ѕвезди се создаваат во дисковите галаксии. Понелогаш испакнатостите содржат јадрени прстени во кои се создаваат ѕвезди со поголема честота отколку во надворешните дискови, како што може да се забележи во галаксијата NGC 4314 (Погледајте ја сликата).

Слика од вселенскиот телескоп Хабл од централната област на NGC 4314, галаксија во која има јадрен прстен во кој се создаваат ѕвезди.

Овие својства укажуваат дека некои од испакнатостите не се создадени од истиот процес како елиптичните галаксии и класичните испакнатости. Сепак теориите за создавањето на псевдо испакнатостите се со помала точност од класичните испакнотости. Псевдоиспакнатостите можно е да се резултат на спојувањето на богатите со гас испакантости, спојувања кои се случиле неодамна отколку спојувањата кои ги создале класичните испакнувања (во последниве 5 милијарди години). Сепак, мала е можноста дисковите да го преживеат процесот на спојување, со што се фрла сомнеж на ова сценарио.

Многу астрономи велат дека испакнатостите кои се налик на дисковите се создадени во внатрешноста на дискот, и ен се добиени низ процесот на спојувањето. Кога овие дискови би биле препуштени сами на себе истите би ги прередиле ѕвездите и гасот. Производот од овој процес (наречен секуларен развој) честопати е набљудуван кај дисковите галаксии, како што се спиралните дискови и галактичките пречки се резултат на секуларниот развој на галактичките дискови. Од секуларниот развој се очекува достава на гас и ѕвезди во центарот на галаксијата. Ако ова се случи со тоа би се зголемила густината на ѕвездите во центарот на галаксијата, и со тоа би се создала испакнатост која има својства слични на дисковите галаксии.

Ако секуларниот развој, или пак спориот, стабилен развој на галаксијата,[7] е виновен за создавањето на значаен број на испакнатости, кај многу галаксии кои не искусиле спојување од самото создавање на дискот. Ова би значело дека моменталните теории за создавањето и развојот на галаксиите има преголемо превидување на бројот на спојувања во минатите 5 милијарди години.[3]

За повеќето испакнатости се смета дека поседуваат супермасивна црна дупка во нивниот центар. Ваквите црни дупки по дефиниција не би можело да се набљудуваат, но можно е да се добијат непосредни докази за нивното постоење, и двата се во испакнатостите на спиралните галаксии или пак во центрите на елиптичните галаксии. Масата на црните дупки, е во согласност со испакантостите, најблиску за записот M–σ, кој се однесува на масата н црната дупка и брзината на расејување на ѕвездите во испакнатоста.[8] До неодамна се сметало дека не може да постои супермасивна црна дупка без да се има испакнатаост околу истата, но сепак се забележани галаксии кои не поседуваат испакнатости а сепак поседуваат супермасивни црни дупки.[9]

Погледајте[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Peanut at the Heart of our Galaxy“ (посет. 14 септември 2013 г).
  2. Sandage, Allan "The Hubble Atlas of Galaxies" Washington: Carnegie Institution, 1961
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 The Galactic Bulge: A Review
  4. The formation of galactic bulges edited by C.M. Carollo, H.C. Ferguson, R.F.G. Wyse. Cambridge, U.K. ; New York : Cambridge University Press, 1999. (Cambridge contemporary astrophysics)
  5. Kormendy, J. & Kennicutt, R.C. Annual Review of Astronomy and Astrophysics, vol. 42, Issue 1, pp.603-683
  6. Athanassoula, E. (2005) MNRAS 358 p1477
  7. SAO Encyclopedia of Astronomy
  8. Ferrarese, F. and Merritt, D. (2000), A Fundamental Relation between Supermassive Black Holes and Their Host Galaxies
  9. SPACE.com - Even Thin Galaxies Pack Hefty Black Holes