Земјено тениско игралиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Теренот Филип Шатрие на Стадионот Ролан Гарос во Париз за време на Отвореното првенство на Франција во 2006 година.

Земјено тениско игралиште или земјен терен — еден од видовите тениски терени на кои се игра тенисот. Земјените терени се изградени на основа од кршен камен, тула, шкрилци и друг материјал, со тенок слој од ситни глинени честички на површината. Земјените терени се почести во Континентална Европа и Латинска Америка отколку во Северна Америка, Азија-Пацифик или Британија. Единствениот гренд слем турнир што користи земјени терени е Отвореното првенство на Франција.

Земјените терени почесто се изработени со црвена глина, која всушност е дробена тула, и малку потврдата зелена глина, позната и како „рубико“, која всушност е кршен метабазалт. Иако изградбата на ваков терен е малку поевтина од другите видови тениски игралишта, трошоците за одржување на глината се високи бидејќи површината мора редовно да се навлажнува и вала за да се зачува текстурата и плошноста и внимателно да се влачи пред секој натпревар.[1]

Варијанти[уреди | уреди извор]

Црвена глина[уреди | уреди извор]

Речиси сите терени од црвена глина не се направени од природна глина, туку од здробена тула која се пакува за да се направи теренот, при што најгорните слоеви се состојат од ситно смачкани лабави честички. Ваквите терени се најчести во Европа и Латинска Америка. Точната боја на површината се менува во зависност од составот на употребените тули и може да се појави од светложолта до темноцрвена, а најчеста е среднопортокаловата боја.

Природните глинени терени се ретки бидејќи овој вид на површина не ја впива лесно водата и после мокрење потребни се два до три дена за да се исуши. Добар пример за природна црвена глина може да се види на терените Фрик парк клеј во Питсбург, јавен објект со шест терени од црвена глина што е во постојана употреба од 1930 година.[2]

За да се подобри дренажата некои обезбедувачи на спортски површини нудат површини од црвена глина со погруб горен слој.[3][1]

Отвореното првенство Копа Севиља се игра на жолти земјени терени поради видот на дробена тула што се користи во нивниот состав. Иако составот е ист како кај терените со црвена глина, ваквиот терен е со забележливо светложолта боја и визуелно се разликува од другите терени со црвена глина.

Зелена глина[уреди | уреди извор]

Марија Шарапова за време на Купот на семеен круг во 2008 година играла на зелена глина

Зелената глина, позната и по марки како хар-тру и рубико, е направена од кршен метабазалт наместо од тула,[4] што ја прави површината малку поцврста и побрза од црвената глина. Овие терени се наоѓаат првенствено во средноатлантскиот и јужниот дел на Соединетите Американски Држави. Ги има и во Средна и Источна Канада. Се игра еден ВТА турнир на зелените хар-тру земјени терени, Отвореното првенство Чарлстон во Чарлстон, Јужна Каролина. Од 1975 до 1977 година, Отвореното првенство на САД се играло на хар-тру земјените терени.

Првенството на земјени терени за мажи на САД се игра на земјена подлога со темносина боја. Не само што ова е потемна боја од другите глинени терени што се користат во професионалната игра, туку е и хар-тру вид на терен, што значи дека всушност е составен од истата супстанција (базалт) како терените од зелена глина, а не од видот од црвена глина.

Игра[уреди | уреди извор]

Земјените терени се сметаат за „бавни“ затоа што топчињата отскокнуваат релативно високо и губат голем дел од нивната почетна брзина при допир со површината, што го отежнува играчот да изведе удар што е тежок за враќање. Бодовите обично се подолги бидејќи има помалку винери. Земјените терени им одат во прилог на играчите кои имаат силна одбранбена игра, што доведува до тоа играчите како Рафаел Надал, Бјорн Борг, Крис Еверт и Жистин Енен да постигнат успех на Отвореното првенство на Франција. Играчите кои се одлични на земјени терени, но се борат да ја одржат истата форма на брзи терени, се познати како специјалисти за земјени терени. Играчите на земјени терени обично играат во полукруг околу 1,5 до 3 м зад основната линија. Земјените терени повеќе му одат во прилог на „целосниот западен стисок“ за повеќе топспин. Играчите на земјена подлога користат топспинови за да ги исфрлат своите противници.

Движењето на земејената површина е многу различно од движењето на која било друга површина, често вклучува лизгање кон дојдовното топче додека се подготвува повратен удар.

Земјените терени се единствени по тоа што кај нив отскокнувањето на топката остава отпечаток на земјата, што може да помогне да се утврди дали ударот бил внатре или надвор. Исто така предност на земјените терени е што сè уште можат да се играат на слаб дожд бидејќи терените се наменети да бидат малку влажни кога се играат, а површината подобро ја впива водата од тврдите терени и тревните терени. Ова е спротивно на тврдите терени и тревните терени каде што играта обично се прекинува речиси веднаш дури и при слаб дожд.[5]

Играчи[уреди | уреди извор]

Во предотворената ера, Ентони Вајлдинг бил особено познат по неговите достигнувања на земјените терени. Почнувајќи од мај 1910 година на првенството на Јужна Африка и завршувајќи во јуни 1914 година на Светското првенство на тврд терен, тој забележал 120 последователни победи на земјени терени.[6]

Рафаел Надал, освојувач на рекордни 14 титули на Отвореното првенство на Франција за мажи во сингл, е забележан по неговиот успех на земјена подлога. Од неговото деби во 2005 година, тој загубил само три пати на турнирот – во 2009, 2015 и 2021 година. Надал го држи рекордот за најдолга победничка серија кај мажите на една подлога од почетокот на Отворената ера во 1968 година: 81 победа на земјена подлога помеѓу април 2005 и мај 2007 година. Тој исто така го држи рекордот за најмногу титули на земјена подлога во Отворената ера, со 63.[7] Гиљермо Вилас освоил 49 од неговите 62 титули во сингл на земјена подлога. Тој освоил само една титула на Отвореното првенство на Франција, иако го освои и УС Опен во 1977 година додека се одржувал на земјена подлога. Томас Мустер исто така се смета за успешен играч на земјена подлога, иако тој, исто така, само еднаш го освоил Отвореното првенство на Франција, 40 од неговите 44 титули во кариерата во сингл биле освоени на земја. [8]

Од женска страна, Жастин Енен и Моника Селеш го држат рекордот на отворената ера по бројот на последователни титули на Отвореното првенство на Франција освоени од три (1990–1992 за Селеш и 2005–2007 за Енен). Во предотворената ера овој подвиг за првпат бил постигнат од Хелен Вилс Муди (1928-1930), а потоа од Хилде Кравинкел Сперлинг (1935-1937).

Крис Еверт го држи рекордот за најдолга победничка низа на земјена подлога и за двата пола во отворената ера: од август 1973 до мај 1979 година, таа победила на 125 последователни натпревари на земјена подлога. Во тоа време, Еверт не учествувала на три изданија на Отвореното првенство на Франција (1976–78), за да учествува на Светскиот тимски тенис. Таа, исто така, има највисок процент на победи во кариерата на земјени терени (94,55%) за време на отворената ера.[9]

Најуспешната денес активна играчка на земјена подлога е Ига Швјонтек, која го освои Отвореното првенство на Франција во 2020, 2022 и 2023 година. Во 2022 година, Швјонтек освоила три титули и загубила само еден натпревар на земја.[10]

Специјалист за земјени терени[уреди | уреди извор]

Рафаел Надал е познат како „Кралот на земјени терени“.

Специјалист за земјени терени е тенисер кој се истакнува на земјените терени, повеќе од која било друга подлога.

Делумно поради напредокот во технологијата на рекетите, сегашните специјалисти за земјени терени се познати по тоа што користат долги удари на земја што предизвикуваат тешки топспинови. Таквите потези се помалку ефикасни на побрзи површини на кои топките не отскокнуваат толку високо. Специјалистите за земјени терени имаат тенденција да се лизгаат поефикасно на земја од другите играчи. Многу од нив се исто така многу вешти во пласирање скратени удари, што може да биде ефективно бидејќи играта на земјени терени често ги остава играчите многу подалеку од основната линија. Дополнително, бавните, долги удари бараат голем степен на ментална фокусираност и физичка издржливост.

Професионални турнири што се играат на земјена подлога[уреди | уреди извор]

Професионалната сезона на земјени терени опфаќа многу повеќе турнири отколку кратката сезона на трева, но сепак е пократка од сезоните на тврда подлога. Во текот на годината има три различни сезони на земјени терени.

Првата е сезоната на земја во Јужна Америка за мажи. Се игра главно во февруари помеѓу Отвореното првенство на Австралија и Мастерсот во Индијан Велс, АТП има четири турнири во овој дел, иако другите АТП турнири што се играат на тврда подлога се случуваат истите недели. ВТА го прекинала учеството во Рио де Жанеиро по 2016 година, па во овој период нема женски турнири на земјена подлога.

Втората е долгата пролетна сезона на земјени терени која започнува во Америка и Мароко пред да се пресели во Континентална Европа и да заврши со Отвореното првенство на Франција. Обично се игра два месеци помеѓу април и јуни, по Мајами опен. За разлика од другите две земјени сезони, овој дел не го дели поголемиот дел од своето време со симултани турнири на тврда подлога.

Третата е кратката летна земјена сезона која се одржува по Вимблдон. Целосно е во Европа, а обично се одржува во јули. При крајот на овој дел, таа се преклопува со почетокот на серијата УС Опен.

АТП ВТА
Гренд слем турнири
АТП турнир мастерс 1000 ВТА 1000
АТП турнир 500 ВТА 500
АТП турнир 250 ВТА 250

Јужноамериканска сезона на земја[уреди | уреди извор]

Недела АТП
1. недела Кордоба опен (Кордоба, Аргентина)
2. недела АТП Буенос Аирес (Буенос Аирес, Аргентина)
3. недела Рио опен (Рио де Жанеиро, Бразил)
4. недела Чиле опен (Сантијаго, Чиле)

Пролетна сезона на земја[уреди | уреди извор]

Недела АТП ВТА
1. недела Гран при Хасан II (Маракеш, Мароко)
Првенство на земјени терени за мажи во САД (Хјустон,Соединети Држави)
Чарлстон опен (Чарлстон, Јужна Каролина, Соединети Држави)
2. недела Мастерс во Монте Карло (Рокбрин-Кап-Мартен, Франција) Копа Колсанитас (Богота, Колумбија)
Жени опен Лугано (Лугано, Швајцарија)
3. недела Барселона опен (БарселонаШпанија) Женски Штутгарт опен (ШтутгартГерманија)
Србија опен (БелградСрбија) Куп на Истанбул (ИстанбулТурција)
4. недела Баварско меѓународно тениско првенство (Минхен,  Германија)
Есторил опен (Каскаис, Португалија)
Мароко опен (Рабат, Мароко)
J&T Banka Prague Open (ПрагаЧешка Република)
5. ндела Мадрид опен (Мадрид,  Шпанија)
6. недела Италија опен (РимИталија)
7. ндела Женева опен (Женева, Швајцарија)
Лион опен (Лион,  Франција)
Internationaux de Strasbourg (Стразбур, Франција)
8. недела Француски опен (Париз,  Франција)
9. недела

Летна сезона на земја[уреди | уреди извор]

Недела АТП ВТА
1. недела Шведски опен (Бастад, Шведска)
Хрватска опен (УмагХрватска)
Букурешт опен (Букурешт, Романија)
Свис опен (Лозана, Швајцарија)
2. недела Германско отворено тениско првенство (Хамбург, Германија) Балтик опен (ЈурмалаЛатвија) Меѓународен женски турнир во Палермо (Палермо, Италија)
Швајцарски опен (Гштад,  Швајцарија)
3. недела Австриски опен Кицбил (КицбилАвстрија) ВТА Опен на Полска (Варшава, Полска)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Lavallee, Andrew R. „Clay Courts: What Are They Anyway?“. Архивирано од изворникот на 24 April 2016. Посетено на 14 April 2016.
  2. „Frick Park Clay Court Tennis Club“. Архивирано од изворникот на 8 August 2014. Посетено на 18 January 2011.
  3. „Home“. En-Tout-Cas Sports Surfaces. Архивирано од изворникот на 15 July 2022. Посетено на 19 July 2022.
  4. „Har-Tru Classic Green Clay“. Har-Tru. Har-Tru LLC. Архивирано од изворникот на 25 April 2017. Посетено на 25 April 2017.
  5. „Playing Tennis In The Rain – The Ultimate Guide“. Tenniscreative.com. 19 October 2020. Архивирано од изворникот на 28 March 2023. Посетено на 28 March 2023.
  6. Ilic, Jovica (10 May 2017). „May 9, 1915 - Tennis ace Anthony Wilding loses his life in the World War I“. Tennis World USA (англиски). Coppini Trading (Pty) LTD. Архивирано од изворникот на 17 August 2022. Посетено на 6 September 2022.
  7. „Rafa Romps To 11th Barcelona Title“ (англиски). ATP World Tour. Архивирано од изворникот на 30 April 2018. Посетено на 29 April 2018.
  8. Gatto, Luigi (2016-12-04). „Thomas Muster: 'There is only one king of Clay, and that is...'. Tennis World USA (англиски). Архивирано од изворникот на 25 September 2022. Посетено на 2023-09-11.
  9. Tignor, Steve (2017-05-25). „Who's the greatest clay-courter of them all—Chris Evert or Rafa Nadal?“. Tennis.com (англиски). Архивирано од изворникот на 4 September 2023. Посетено на 2023-09-09.
  10. Oddo, Chris (2022-11-08). „A look inside the insane statistics that characterized Iga Swiatek's 2022 season“. Tennis Majors (англиски). Архивирано од изворникот на 29 August 2023. Посетено на 2023-09-09.