Отворено тениско првенство на Австралија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Австралијан Опен
Australian Open
Моментално натпреварување Австралијан Опен 2012
Australian Open.jpg
Гренд Слем
Локација Мелбурн, Викторија
Австралија Австралија
Место Мелбурн Парк
Подлога тврда / отворено
Учесници (мажи) 128 п / 128 кв. / 64 дв.
Учесници (жени) 128 п / 96 кв. / 64 дв.
Награда 26.000.000 A$ (2012)[1]
Официјална веб-страна
Гренд Слем Турнири

Отвореното тениско првенство на Австралија (Австралијан Опен) се одржува секој јануари во Мелбурн. Тој е првиот од четирите Гренд Слем тениски турнири во годината. За прв пат се одржува во 1905 година. Како и другите три Гренд Слеми, на него учествувале најдобро рангираните аматерски тениски играчи, а самиот турнир го носел името Шампионат на Австралија се до појавата на отворените првенства во 1968 година. Најпрво натпреварите се играле на трева, но поради опасноста од тоа турнирот да падне во заборав, тој е преместен во Мелбурн парк на нови терени и оттогаш се игра на тврда подлога. Матс Виландер е единствениот тениски играч што го има освоено Австралијан Опен и на трева и на земја.

Од 1977 до 1985 година Австралијан Опен се одржува во декември, пред преместувањето во јануари во 1987. Во 1986, токму поради промената на календарскиот распоред, турнирот не се одржува.

Теренот Маргарет Корт. Род Лејвер Арена, централниот терен, се гледа во позадината.

Двата главни терени, Род Лејвер и Водафон Арената, се необични поради тоа што поседуваат движечки покриви со кои тие можат да се покријат во случај на преголема жештина или дожд. Засега, тој е единствениот Гренд Слем кој може да се игра на затворено. Сепак, моментално се гради покрив од овој тип и на централниот терен на Вимблдон и истиот треба да биде завршен најдоцна до 2009 година.

Бидејќи се одвива во летниот период, Отвореното Тениско Првенство на Австралија е познато по своите озлогласени жешки денови - многу често влагата и температурите достигнуваат екстремни вредности поради што организаторите често се приморани да применат своја политика во однос на распоредот и начинот на одигрувањето на мечевите.

Надворешни врски[уреди]

Претходник
Никој
Гренд Слем турнир
јануари
Наследник
Ролан Гарос

Наводи[уреди]

  1. „Награди“. australianopen.com. http://www.australianopen.com/en_AU/event_guide/prize_money.html. конс. 10 јануари 2012.