Австралиски долар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Австралиски долар
$100
$100
ISO 4217 код AUD
Корисник  Австралија
Инфлација 3.3% (само Австралија)
Извор Reserve Bank of Australia, март 2011.
Сврзан со долар на Тувалу и долар на Кирибати
Подвалута
1/100 цент
Симбол $, A$ или AUD
цент c
Монети 5c, 10c, 20c, 50c, $1, $2
Банкноти $5, $10, $20, $50, $100
Централна банка Reserve Bank of Australia
Мреж. место www.rba.gov.au
Печати Note Printing Australia
Мреж. место www.noteprinting.com
Ковница Royal Australian Mint
Мреж. место www.ramint.gov.au

Долар или австралиски долар (ISO 4217: AUD, нумерички код: 036) е официјална валута и средство за плаќање во Австралија воведена во 1966 година.[1] Оваа валута исто така се користи и на Божиќниот Остров, Кокосовите Острови, Норфолшкиот Остров, како во независните држави во Пацификот - Кирибати, Науру и Тувалу. Се обележува со симболот за долар $, но често се додада АU или А за да се разликува од другите долари. Се дели на 100 центи. Меѓународниот код на валутата е AUD.

Австралискиот долар во моментов е шеста валута според обемот на тргување во светот, после американскиот долар, еврото, јапонскиот јен, британската фунта и швајцарскиот франк.

Доларите ги издава Банката за парични резерви на Австралија (Reserve Bank of Australia). Инфлацијата во 2006 година изнесувала 3.3%.

Банкнотите се издаваат во апоени од 5, 10, 20, 50 и 100 долари, а монетите во апоени од 1 и 2 долари, како и 5, 10, 20 и 50 центи.

Една од специфичностите на австралискиот долар е што не се печати на хартија, туку се произведува од посебна пластика. Така банкнотите се поиздржливи и подолго можат да се употребуваат, а значително е намалена опасноста од фалсификување.

Наводи[уреди]

  1. Museum of Australian Currency Notes