Ерик Придз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ерик Придз
Eric Prydz
Биографски податоци
Родено имеЕрик Шеридан Придз
Eric Sheridan Prydz
Роден(а)19 јули 1976
Шведска Стокхолм, Шведска
ПотеклоТабу, Стокхолм, Шведска
ЖанровиЕлектро
ЗанимањаПродуцент, диџеј
ИнструментиКлавијатури, гитара, тапани
Период на активност1995 - сѐ уште
ИздавачиMouseville Records, Pryda Recordings, Pryda Friends
СоработнициSwedish House Mafia, Dukes of Sluca (со Andreas Postl), AxEr (со Аксвел), A&P Project (со Стив Анџело)
Мреж. местоericprydz.tv

Ерик Придз (анг: Eric Prydz) (роден на 19 јули, 1976 во Стокхолм) е познат шведски диџеј и продуцент кој моментално живее и работи во ЛА. Претходно, во Лондон 2003та, ја создава својата прва музичка издавачка куќа Mouseville Records, на која издава своја продукција под псевдонимот Cirez D со техно стил. Сопственик е и на Pryda Recordings (издава под Pryda), и Pryda Friends (создадена за неговите пријатели и идни диџеи).

Изговорањето на неговото презиме (анг. Prydz) отсекогаш било дискутабилно.

Во октомври, 2011та год. списанието DJ Magazine ги објавува резултатите од Top 100 DJ Poll, каде Ерик се најде на 46тото место.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Во радио-шоуто A State of Trance, предводено од Армин ван Бурен, во февруари 2011, беше најавено дека Ерик од неодамна станал татко. Има ќерка Леја (анг. Leja), за која подоцна создава и истоимена трака која ќе се најде како 9та по ред на негов компилациски албум.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дискографија на Ерик Придз.

Со музика се занимава уште од млади години. Музичката кариера му започнува 1999, но 2004 е годината кога го издава својот прв, светски познат, сингл Call on Me, кој ќе се најде на врвот на топ листите во многуте европски земји (спотот за песната, во Австралија, до ден денес го држи првото место на нај даунлоадиран видео запис на сите времиња). Во 2006та, по барање на своите пријатели и обожаватели, го издава и вториот класичен хит, Proper Education (ремикс на песна од Пинк Флојд), за кој добива и номинација на Греми наградите во 2007. На публиката исто така им е познат и по хитот од 2008та, Pjanoo и The Reason (2011). Има настапувано на EXIT во 2006, 2007, 2009 и 2013, а како редовен гостин врти музика и во клубот Tonight во Amnesia, Ибица.

Албуми[уреди | уреди извор]

Во март 2012та година, на својот Фејсбук и Твитер профил, Ерик објавува дека долгоочекуваниот "Eric Prydz Presents Pryda" албум ќе биде, конечно, издаден на 21 мај и ќе се состои од нови и, до сега, неиздадени Pryda продукции (вклучувајќи ги и Shadows, Agag, Mighty Love, Allein и својот интро едит од Pjanoo).

Веднаш по издавањето на албумот (колекција од негови неиздадени и нови продукции, како и двочасовен микс од најпознатите издадени песни), Ерик започнува и со своето прво месечно онлајн-радио (музички подкаст кој е слободен за симнување преку iTunes), со цел фановите и обожавателите на електронска денс музика да бидат во тек со неговите најнови изработки и секако песни од други артисти, поддржани од Ерик. Поради неговото често патување и презафатеност, до сега се издадени само 13 епизоди.

2014та беше 10-годишнината од функционирањето на Pryda и за таа цел на 4ти мај на Фејсбук профилот ја објави долгоочекуваната вест, всушност се работи за PR(10)DA, исто така колекционен албум од неиздадена продукција под Прајда во периодот од јануари 2004 до декември 2014, а сето тоа ќе води до издавање на првиот артистички музички албум, за кој вели дека бил во изработка во неговата глава многу долго време.

Apple's Music Beats One е новиот подкаст кој започна летото 2015та и редовно се издава на секои две недели. Исто така со негова помош го презентира најновиот музички материјал, како и постари демо снимки од позната, веќе издадена, негова музика.

Официјалниот деби-албум кој е завршен со изработка и требаше да се најде во продавниците во октомври минатата година, се издаде дигитално на 5ти февруари и досега се стекна со позитивни критики од обожавателите.

Компилации[уреди | уреди извор]

  • 2007: DJMagcom Vol.4
  • 2012: Eric Prydz Presents PRYDA
  • 2015: PR(10)DA Vol I, II и III

Синглови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]