Доменико Скарлати

Од Википедија — слободната енциклопедија
За други композитори со тоа презиме, видете Скарлати
Доменико Скарлати
Domenico Scarlatti
Портрет на Доменико Скарлати, од Доминиго Антонио Веласко, 1738
Животописни податоци
Родено имеДоменико Скарлати
Роден(а)26 октомври 1685
Знаме на Кралството Неапол
Знаме на Кралството Неапол
Неапол, Италија
Починал(а)23 јули 1757
Знаме на Шпанија
Знаме на Шпанија
Мадрид, Шпанија
Жанровибарок
Занимањакомпозитор
чембалист
наставник

Доменико Скарлати (италијански: Domenico Scarlatti; 26 октомври 1685 - 23 јули 1757) — италијански композитор од барокниот период. Скарлати извршил огромно влијание врз развојот на клавијатурната музика, особено во Шпанија, Португалија и Англија со својот поединечен и идиосинкратичен стил.

Живот и кариера[уреди | уреди извор]

Доменико Скарлати е роден во Неапол, Италија како шесто од десет деца и помлад брат на Пјетро Филипо Скарлати кој исто така бил музичар. Најверојатно е дека одпрвин бил учен од татко му, познатиот наставник и композитор Алесандро Скарлати, но се смета дека поцна учел и кај композиторите Гаетано Греко, Фраческо Гаспарини и Бернардо Пасквини и истите извршиле големо влијание врз неговиот музички стил.

Тој почнал со композиција и органистика во кралската капела во Неапол во 1701 г., а во 1704, направил ревизија на операта Ирена од Карло Франческо Полароло за изведба во Неапол. Малку подоцна татко му го праќа во Венеција, но за тие четири години не се знае ништо. Во 1709 г. Скарлати отишол во Рим во служба на полската кралица во прогонство Марија Казимиера; таму го сретнал Томас Розеjнгрејв кој подоцна се погрижил за неговата афирмацијата на неговите сонатни дела во Лондон. Во тоа време Скарлати веќе бил еминентен чембалист. Постои една анегдота во која тој и Георг Фридрих Хендл си ги испробувале вештините во палатата на кардиналот Отобони во Рим и било оценето дека тој бил подобар чембалист дури и од Хендл иако не подобар од него на органа. Подоцна во својот живот Скарлати секогаш зборувал со голема почит за техниката на Хендл.

Во Рим Скарлати исто така искомпонирал и неколку опери за приватниот театар на кралицата Казимиера. Тој дури бил и maestro di cappella во базиликата Св. Петар од 1715 до 1719, а подоцна доаѓа во Лондон за да ја води неговата опера Нарцисо во Кралевиот театар.

Во 1720 или 1721 г. Скарлати оди во Лисабон, каде што работи како наставник по музика на принцезата Марија Магдалена Барбара. Потоа се вратил во Неапол во 1725 и за време на една посета на Рим во 1728 се оженил со Марија Катерина Џентили. Во 1729 г. тој оди во Мадрид да работи како наставник по музика на прицезата која се омажила за член на шпанското кралско семејство. Марија Барбара станала Кралица на Шпанија и така Скарлати останува во Шпанија през следните дваесет и пет години, за кое време имал пет деца. По смртта на жена му во 1742 тој се омажува со шпанка, Анастасија Максарти Ксименес. През неговиот престој во Мадрид, Скарлати искомпонирал преку 500 сонати за клавијатура. Ова се токму тие дела по кои е познат денес.

Доменико Скарлати починал во Мадрид на старост од 71 година. Неговата резиденција на Кале Леганитос е обележана како историски споменик, а неговите потомци сѐ уште живеат во Мадрид.

Дела[уреди | уреди извор]

За време на својот животот Скарлати издал многу малку од своите дела; тој лично го надгледувал издавањето на најпознатата колекција во 1738 која е кинига со 30 Essercizi (вежби) која зачудувачки, ги доминира современите концертни репертоари. Овие дела биле примени со восхит од страна на европската јавност и биле високо оценувани од страна на високоценетиот англиски музиколог Д-р Чарлс Бурни. Постои можноста истите да извршиле влијание врз делото „Голдбергови варијации“ на Јохан Себастијан Бах, но за жал постојат многу малку докази за оваа теза. Иако влијанието на Скарлати врз стилот на доцниот 17 век било значителено, тој секогаш бил сметан за "аутсајдер" во музичката историја. Причината за овој феномен може да бидат генерализациите на музичките периоди (Барок/Класицизам) или веројатно заради националистички тензии: Шпанија е скоро непозната во полето на музичката историја, додека Италија е позната како земјата на операта.

Но,,Essercizi"-те не го прикажале целокупниот 'дофат' на стилот на Скарлати: тие се извонредно конзервативни споредени со сите дела на Скарлати како целина. Мноштвото од сонати кои останале неиздадени за времето на животниот век на авторот излегувале во печат нередовно през следните два и пол века и репертоарот не е најдобро проучен ни денес. Но скарлати го привлекол вниманието на многу познати музичари како Фредерик Шопен, Јоханес Брамс, Хајнрих Шенкер и Владимир Хоровиц. Исто така, руската пијанистичка школа отсекогаш ги милувала Скарлатиевите сонати.

Скарлати искомпонирал преку 500 сонати, сите во основа со по еден став во бинарна форма, но сепак во нив успевал да смести еден неверојатен спектар на музичка експресивност. Некои музичари сметаат дека сонатите се само дела за искажување на виртуозност заради нивната техничка тежина, но современата техника за фортепијано е всушност голем должник токму на овие дела. Тие искажуваат хармониски смелост и аванстуристичка употреба на модулација (промена на скали за време на изедба), свежина и разновидност на иновации и енергична интелектуалност во тематска и структурна смисла кои инаку изгледаат така наивно на хартија. Скарлати ги напишал сите свои сонати за неговата славна ученичка, Кралицата на Шпанија, која ги изведувала истите през целиот свој живот.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Неколку разни чембалисти и пијанисти ги имаат снимено своите изведби на сонатите на Скарлати. Скот Рос ги има снимено сите во сет од 34 ЦД-а. Други изведувачи кои снимале дела на Скарлати се Густав Леонхарт и Ралф Керкпатрик кој бил исто така познат експерт на таа тема и има издадено свое издание на сонатите. Меѓу познатите пијанисти кои ги снимале овие сонати се Владимир Хоровиц, Михаил Плетњов, Клара Хаскил, Андраш Шиф, Кристијан Захарие, Константинос Пападакис и Иво Погорелиќ. Исто така доста придонел и Антони ди Бонавентура кој (по Швелов) нуди едно ново „необично“, „модерно“, но сепак „неодоливо“ и „неверојатно убедливо“ искуство. Холандскиот чембалист Питер-Јан Белдер (1966) исто така работи на снимање на сите 555 сонати за клавијатура по секвенцијален ред за куќата Brilliant Classics.

Медија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]