Голдбергови варијации
„Голдбергови варијации“ (наречени и „Голдберг-варијации“; германски: Goldberg-Variationen; BWV 988) — збирка од 30 варијации за чембало од Јохан Себастијан Бах. За првпат е издадена во 1741 како четврта во низата наречена „Вежби за клавијатура“ (Clavier Ubung). Делото се смета за еден од најважните примери за формата варијација. Именувана е по Јохан Готлиб Голдберг, кој бил првиот нејзин изведувач.
Компонирање | Издавање | Форма |
Варијации |
Арија |
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 |
Главна арија |
BWV1087 | Изданија |
Поврзано | Белешки и наводи | Надворешни врски |
Компонирање
[уреди | уреди извор]Приказната за компонирањето на варијациите доаѓа од биографија на Бах напишана од Јохан Николаус Форкел:
[За ова дело] дело заслужна е истрагата на некогашниот руски амбасадор на електорскиот двор на Саксонија, гроф Кајзерлинг, кој често застанувал во Лајпциг и со него го доведувал гореспоменатиот Голдберг, за да биде подучуван од Бах. Грофот често бил болен, и страдал од непроспани ноќи. Во таквите ноќи, Голдберг, кој живеел со него, му свирел на грофот во претсобјето додека тој имал несоница. ... Еднаш грофот споменал во присуство на Бах дека би сакал некои дела за клавијатура за Голдберг, кои би биле глатки и со жив карактер, како би го разонодиле во несоните ноќи. Бах сметал дека ова можел најдобро да го постигне со варијации, чие компонирање дотогаш сметал дека е неблагодарна задача заради повторливата сличност на нивната хармониската основа. Но како што дотогаш неговите дела веќе биле пример за уметност, такви станале и овие варијации. Сепак, тој искомпонирал само едно дело од овој тип. Оттогаш, па натаму грофот секогаш ги нарекувал моите варијации. Никогаш не му додевале, и долго време при несоница, грофот велел: 'Драги Голдберг, дај засвири ми од моите варијации.' Бах веројатно никогаш не добил таква награда за другите негови дела. Грофот му подарил златен пехар со 100 златни луја. Дури и подарокот да бил илјадапати поголем, уметничката вредност на варијациите не би можела да се исплати.
(превод од изданието на Ралф Керкпатрик наведено подолу)
Форкел ја напишал биографијата во 1802, повеќе од 60 години по наведените случки, па така нејзината точност е доведена во прашање. Фактот што насловната страна на „Арија со разновидни варијации“ нема посвета исто така укажува на малата веројатност за тврдењето дека делото е порачано. За време на издавањето Голдберг имал само 14 години, па и ова се смета за фактор против вистинитоста на приказната. Во скорешна студија[1] клавијатуристот и Бахов истражувач Питер Вилијамс тврди дека Форкеловата приказна е сосема невистинита.
Издавање
[уреди | уреди извор]Необично за Баховите дела, Голдберговите варијации биле издадени за време на неговиот живот, во 1741. Издавачот бил неговиот пријател Балтазар Шмид од Нирнберг. Шмид го печател делото со бакрорези (наместо со типографија); така белешките на првото издание се со ракописот на Шмид. Ова издание содржи разни печатарски грешки.
Гореприкажаната насловна страна е испишана на германски: Clavier Ubung / bestehend / in einer ARIA / mit verschiedenen Veraenderungen / vors Clavicimbal / mit 2 Manualen. / Denen Liebhabern zur Gemüths- / Ergetzung verfertiget von / Johann Sebastian Bach / Königl. Pohl. u. Curfl. Saechs. Hoff- / Compositeur, Capellmeister, u. Directore / Chori Musici in Leipzig. / Nürnberg in Verlegung / Balthasar Schmids, which means: „Вежби за клавијатура, се состојат од АРИЈА со развноврсни варијавции за чембало со два мануела. Компонирано за познавачи, за освежување на нивниот дух, од Јохан Себастијан Бах, композитор на кралскиот двор на Полска и електронскиот двор на Саксонија, капелмајстор и директор на хорска музика во Лајпциг. Нирнберг, Балтазар Шмид, издавач.“
Во овие „Вежби за клавијатура“, според некои, Бах ги ставил варијациите како четврти (и последни) во серијата на клавијатурни (органа и чембало) дела кои ги издал (дел 1 - Партити, дел 2 - Италијански концерт и Француска увертира и дел 3 - серија на хоралски прелудиуми за органа врамени од прелудиум и фуга во Ес-дур). Бидејќи конкретно Бах не наведува дека тие е четврт дел, за разлика од другите три, сѐ уште с ерапсрава за тоа дали тој ги сметал за четврт дел од серијата. Има логика во тоа дека другите три сочинуваат кохерентна целина: првиот е јасно предвиден само за еден мануел, вториот за два, а третиот за три.
Денес се останати деветнаесет примероци од првото издание. Од овие највредна е онаа која се чува во Националната библиотека на Франција, париз, која има поправки и додавки од раката на композиторот, вклучувајќи и додаток со четиринаесет канони засновани на првите осум бас ноти од аријата, BWV 1087.
Оие копии ја претставуват севкупноста на информации за денешните стручњаци кои се обидуваат да ги реконструираат намерите на Бах; ракописната (првична) партитура не е зачувана. Само аријата е зачувана во ракопис, и се содржи во „Тетратка за Ана Магдалена Бах“ (1725). На основа на ракописот, Кристоф Волф, вели дека Ана Магдалена ја препишала аријата од ракописната партитура во 1740; се јавува на две страни кои пред тоа биле оставени празни.
Форма
[уреди | уреди извор]По изложувањето на аријата на почетокот на делото, доаѓаат триесет варијации. Варијациите не ја следат мелодијата на аријата, туку ја користат нејзината басова линија и созвучна прогресија. Бидејќи за делото често се вели дека е шакона — разликата е во тоа што темата за шакона е обично долга само четири такта, додека оваа арија е во два дела два дела од по шеснаесет такта, од кои секој се повторува.
Оваа басова линија е нотирана од Ралф Керкпатрик во неговата изведбена верзија на следниов начин. Басовата линија можеме да ја чуеме како звучен податотека (Ogg формат, 391 Кб).
Цифрите над нотите го означуваат наведеното созвучје во системот на генералбас; каде што цифрите се одделени со запирка, означуваат разни можности земени од разни варијации.
Секоја трета варијација во низата од 30 е канон, следејќи нагорна шема. Така, варијација 3 е канон на едногласие, варијација 6 е канон на втората (вториот запис започнува интервал на секунда над првиот), варијација 9 е канон на третата, и така натаму, сѐ до варијација 27, која е канон на деветтата. Последната варијација, наместо канон на десеттата, е кводлибет, за кој се зборува подолу.
Ралф Керкпатрик посочува и дека варијациите меѓу каноните се исто така наредени по шема. Ако го изоставиме првичниот и последниот и крајниот материјал од делото (аријата, првите две варијации, кводлибетот, и главната арија), останатиот материјал е респореден вака: варијациите веднаш по секој канон се битови дела од разни видови, меѓу кои се три барокни танци (4, 7, 19); фугета (10); француска увертира (16); и две китести арии за десна рака (13, 25). Варијациите сместени две места по секој канон (5, 8, 11, 14, 17, 20, 23, 26 и 29) се т.н. „арабески“; овие се варијации во жив такт со многу вркстување на рацете. Оваа тројна шема - канон, битово дело, арабеска — се повторува вкупно девет пати, сѐ додека кводлбетот не го прекине циклусот.
на крајот на тиресетте варијации стои главна арија, што значи дека исполнителот треба да се врати на првата арија пред да го заврши делото.
Варијации
[уреди | уреди извор]It should be noted that the piece has been played in a wide variety of ways, and there are a range of views on the work, not all of them represented here.
Делото е компонирано за двомануелно чембало (видете клавијатура). Варијациите 8, 11, 13, 14, 17, 20, 23, 25, 26, 27 и 28 се назначени за два мануела, додека варијациите 5, 7 и 29 се или за еден или за два. Меѓутоа, со поголеми потешкотии, делото може да се свири на едномануелно чембало или пијано. Сите варијации се во Г-дур, освен варијациите 15, 21 и 25, кои се во Г-мол. Многу од варијациите се бинарни по форма, т.е., дел А е проследен од дел Б.
Арија
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Аријата е сарабанда во 3/4 такт, со мошне орнаментирана мелодија:
Францускиот стил на орнаментација значи дека орнаментите се дел од мелодијата, но некои изведувачи (како Вилхелм Кемпф на пијано) ги испуштат некои или сите орнаменти и ја свират аријата без нив.
Питер Вилијамс, во делото Bach: The Goldberg Variations (во наводите подолу), вели дека ова воопшто не е тема, туку всушност првата варијација (став кој потенцира дека делото е шакона а не вистинска варијациона форма).
Варијација 1
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Оваа весела варијација е во особен контраст со бавната замисленост на темата. Интересно е тоа што ритамот во левата рака дава нагласок на вториот удар, создавајќи синкопа од такт 1 до 7. Рацете се вкрстуваат на такт 13 од горниот регистар на долниот, повторно синкопирајќи други два такта. На првите два такта на делот Б, ритамот го имитира оној од почетокот на делот А, но по ова се јавува друга идеја.
Вилијамс ја гледа оваа композиција како полонеза. Карактеристичниот ритам во левата рака го среѓаваме и кај Баховата Партита Бр. 3 за соло виолина и прелудиумот во Ас-дур од првата книга на Добро темпериран клавир.
Варијација 2
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Ова е просто триделно констрапунктно дело во 2/4 такт, фва гласа се во постојана мотивска игра преку непрестајна басова линија. Делото е речиси чист канон. Секој негов дел има наизменичен крај за свирење, како и второ повторување.
Варијација 3
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Ова е првиот од правилните канони, и е едногласен: следбеникот почнува со иста нота како и водачот, такт подоцна. Како и кај сите канони на Голдберговите варијации (освен Варијација 27, канон на деветтата), овој има придржна басова линија. Тактот е 12/8 и многу збирови триоли потсетуваат на вид симплистички танц.
Варијација 4
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Како паспето, барокнен танцов став, оваа варијација е во 3/8 такт со претежност на трилерски ритми. Бах користи блиска, но не точна имитација: музичката шема во еден дел повторно се јавува по еден такт во друг (понекогаш инверзно).
Секој повторен дел има наизменични краеви по прв и вторпат.
Варијација 5
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Оваа е прва од дводелните варијации со вкрстување на раце. Тактот е 3/4. Брза мелодиска линија главно компонирана во шеснаесеттини ноти, придружувана од друга мелодија со подолги ноти, во која има многу широки скокови:
Тука се користи италијанскиот тип на вкрстување на раце, со тоа што една рака постојано оди напред-назад помеѓу високи и ниски регистри, додека другата рака останува во средината на клавијатурата, свирејќи ги брзите премини.
Варијација 6
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Шестата варијација е канон на втората (): следбеникот започнува голема секунда повисоко од водачот. Делото се заснова на надолна скала и е во 3/8 такт. Чембалистот Ралф Керкпатрик вели дека делото се одликува со „речисти носталгична нежност“. Секој дел има неизменичен крај за свирење на првото и второто повторување.
Варијација 7
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Во неговиот сопствен примерок на Голдберговите варијации, Бах наведува дека овој танц во 6/8 такт треба да се свири во темпо на гига, кој е жив, енергичен танц.
Ритмичката шема со точки на оваа варијација (нас сликата) е многу слична со онаа на гигата од Баховата втора Француска свита и со гигата француската увертира. Басовата линија и мелодијата се одликуваат со доста орнаментација.
Варијација 8
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Ова е уште една дводелна варијација со вкрстување на рацете, во 3/4 такт. Тука се користи францускиот тип на вкрстување, каде обете раце свират на истиот дел од клавијатурата, една над друга. Ова е релативно лесно за изведување на двомануелно чембало, но прилично тешко на пијано.
Највеќето тактови се одликуваат или со карактеристична шема од единаесет шеснаесеттини и шеснаесеттински остаток, или десет шеснаесеттини и една осмина нота. Можат да се забележат големи скокови во мелодијата, како на пример, во тактовите 9-11: од Б под средно Ц во такт 9, од А над средно Ц до А октава повисоко во такт 10, и од Г над средно Ц со Г октава повисоко во такт 11. Двата дела завршуваат со надолни премини во триесет и вторини.
Варијација 9
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Ова канон на третата (), во 4/4 такт. Поддржната басова линија е малку поактивна отколку во претходните канони. Оваа кратка варијација (16 такта) обично се свири со бавно темпо.
Варијација 10
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Варијацијата 10 е четиригласна фугета, со четирилиниски предмет кој е богато орнаментиран и донекаде потсетува на мелодијата на отворната арија.
Излагањето го зазема целиот прв дел од оваа варијација (на сликата). Најпрвин предметот се наведува во басот, почнувајќи на Г под средно Ц. Одговорот (во тенор) влегува во такт 5, но ова е тонален одговор, па така некои од интервалите се променети. Сопранот влегува во такт 9, но не ги допира само првите двата такта од предметот, а го менува остатокот. Последното влегување е она на алтот во такт 13. Во оваа фуга нема регуларен контрапредмет.
Вториот дел се развива користејќи го истиот тематски материјал со мали измени. Налик е на контраизлагање: гласовите влегуваат еден по еден, сите започнуваат наведувајќи го предметот (понекогаш малку променет, како во првиот дел). Делот започнува со повторно излагање на предметот, во споран, придружуван од активна басова линија, па така басовиот дел е единствениот исклучок бидејќи не го изговара преметот сѐ до такт 25.
Варијација 11
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Ова е виртуозна дводелна токата во 12/16 такт. Назначена е за два мануела, и главно е сочинета од разни премини на скалата, арпеџи и трилови, и се одликува со многу вкрстување од разен тип.
Варијација 12
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Ова е канон на четвртата во 3/4 такт, од обратен вид: следбеникот влегува во вториот такт во спротивно движење на водачот. Следбеникот е инверезен во вториот такт.
Во првиот дел, левата рака придружува со басова линија испишана со четвртини ноти кои се повторуваат, во тактовите 1, 2, 3, 5, 6 и 7. Овој повторен нотен мотив исто така се јавува и во првиот такт од вториот дел (такт 17, две Д и едно Ц), и, малку променет, во тактовите 22 и 23. Во вториот дел Бах малку го менува карактерот со додавање на неколку апогијатури (тактови 19 и 20) и трилови (тактови 29-30).
Варијација 13
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Оваа варијација е бавна, нежна и богато украсена сарабанда во 3/4 такт. Речиси сета мелодија е испишана со триесет и вторини ноти, и орнаменирана сонеколку апогијатури (почести во вториот дел) и неколку морденти. Низ делото мелодијата е во еден глас, а во тактовите 16 и 24 има интересен ефект на додатен глас. Еве ги тактовите 15 и 16, крајот на првиот дел (такт 24 е сличен по шема):
Варијација 14
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Ова е брза дводелна токата со прекрстувања во 3/4 такт, со многу трилови и друга орнаментација. Назначена е за два мануела и се одликува со големи скокови помеѓу регистри. Овете одлики (орнаменти и скокови во мелодијата) се гледаат во првиот такт: делото започнува со преод од Г две октави под средно Ц, со понизок мордент, од Г две октави над него со трил со првичен пресврт.
Варијација 15
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Ова е канон на петтата во 2/4 такт. Како и Варијација 12, оваа е во спротивно движење со водачот игледајќи инверзно во вториот такт. Ова е прва од трите варијации во Г-мол, и нејзиниот меланхоличен карактер е во силен контраст со игривоста на претходната варијација.
Варијација 16
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Збирот а варијации можеме да речеме дека е поделен на два дела, јасно обележано со оваа величествена француска увертира, започнувајќи со особено нагласени отворачки и затворачки созвучја. Се содржи од бавен прелудиум со ритми со точки, проследен од фуголик контрапунктен дел.
Варијација 17
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Оваа варијација е уште една дводелна виртуозна кантата. Питер Вилијамс тука гледа ехо од Антонио Вивалди и Доменико Скарлати. Назначена е за два мануела, и има многу прекстувања. Тактот е 3/4 и обично се свири во умерено брзо темпо.
Варијација 18
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Ова е канон на шестата во 2/2 такт. Канонската игра помеѓу горните гласови има многу задршки. Во неговиот коментар за структурата на каноните во Голдберговите варијации, Глен Гулд ја посочува оваа варијација како екстремен пример за „намерната двојност на мотивскиот нагласок [...] канонските гласови се јавуваат за да ја поддржат улогата на пасакалја која каприциозно изобилува во басот.“
Варијација 19
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Оваа е танцова троделна варијација во 3/8 такт. Помеѓу трите гласа се користи и разменува истата шеснаесеттинска фигурација.
Варијација 20
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Оваа варијација е виртуозна дводелна токата во 3/4 такт. Назначена е за два мануела, и се каратеризира со голем број на брзи вкрстувања. Делото главно се состои од варијации на темата дадена во првите осум такта, каде една рака свири низа од осмини ноти а другата придружува со удирање на шеснаесеттини по секоја осмина нота. Како приказ на ова еве ги првите два такта од првиот дел:
Варијација 21
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Ова е втората од молските варијации, и е канон на седмата во 4/4 такт; Кенет Гилберт смета дека е алеманда.[2] Басовата линија го започнува делото со ниска нота, полека прави хроматски супст од повисока нота и се придружува на ритамот на канонските гласови дури во такт 3:
Слична шема, само малку пожива, се јавува во басовата линија на почетокот од вториот дел, која започнува со отворниот мотив во инверзија.
Варијација 22
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Ова варијација е четириделна со многу имитативни премини и нејзиниоот развој во сите гласови освен во басот е многу сличен на оној на фугата. Единствениот назначен орнамент е трилот кој се изведува на цела нота и трае два такта (11 и 12).
Основниот бас, на основа на кој целиот збир варијации е изграден е највочлив во оваа варијација (како и во Кводлибетот) заради едноставноста на басовиот глас.
Варијација 23
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Ова е уште една жива виртуозна дводелна варијација за два мануела во 3/4 такт. Започнува со дејство налик на меѓусебна брканица на рацете: мелодиската линија, започната од левата рака со остар удар на Г над срецно Ц, и потоа лизгање надолу од Д до А, па с еизедначува со десната рака, која на иста висина ја имитира левата, но за осмина подоцна, за првите три такта, завршувајќи во мало размафтување на четвртата:
Оваа шема се повторува во тактовите 5-8, само што левата рака ја имитира десната, а скалите се накачуваат, а не снижуваат. Потоа се свири наизменично со рацете во кратки избуви од куси ноти сѐ до последните три такта од овој дел. Вториот дел започнува со слична наизменична активност во кратки избуви, па потоа следи драматичен дел на наизменични третини со една и друга рака. Питер Вилијамс, восхитувајќи се на емоционалниот дијапазон на делото прашува: „Може ли ова да е варијацијата на истата тема која стои зад адаџото бр. 25?“
Варијација 24
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Оива варијација е канон на октавата, во 9/8 такт. На водачот му се осговара и на октава подолу и на октава погоре; ова е единствениот канон на варијациите каде водичот наизменично оди меѓу гласовите во средината на делот.
Варијација 25
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Варијацијата 25 е третата и последна варијација во Г-мол; ова е триделно дело, обележано како адаџо и е во 3/4 такт. Мелодијата е испишана главно со 16-тини и 32-рини ноти, со многу хроматизми. Подолга е од сите други дела во групата варијации.
Ванда Ландовска го нарекла делото „црн бисер“, додека Питер Вилијамс вели: „убавината и темната страст на оваа варијација значи дека таа е несомнено емотивниот врв на делото“, а Глен Гулд рекол: „изгледот на оваа тажна и уморна кантилена е психолошко ремек-дело“.
Варијација 26
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Во остар контраст со интроспективниот и страстен карактер на претходната варијација, ова дело е уште една виртуозна дводелна соната, по дух весела и брза. Под брзите арабески, оваа варијација во основа е сарабанда.[2] Се користат два такта, 18/16 за непрекинатата мелодија во 16-тини ноти и 3/4 за придружбата во четвртини и осмини ноти; низ последните 5 такта двете раце свират 18/16.
Варијација 27
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Варијацијата 27 е последниот канон во делото, на деветтата и 6/8 такт. Ова е единствениот канон каде се назначени два мануела (не заради потешкотиите со вкрстување на рацете), како и единствениот чист канон во делото, заради тоа што нема басова линија.
Варијација 28
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Оваа варијација е дводелна токата во 3/4 такт со многу вкрстување на рацете. Триловите се испишани со 32-ини ноти и се присутни во речиси сите тактови. Делото почнува со шема во која секоја рака последователно ја извлекува мелодиската линија додека исто така свири трилови. По ова доаѓа дел каде двете раце свират во спротивно движење во мелодиска контура карактеризирана со 16-тини ноти (тактови 9-12). На крајот на првиод дел повторно среќаваме трилови, сега во двете раце, одразувајќи се меѓусебно:
Вториот дел започнува и завршува со идејата на спротивно движење која ја наоѓаме во тактовите 9-12. Речиси сите крајни тактови имаат трилови во една или обете раце.
Варијација 29
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Оваа варијација главно се состои од тешки созвучја низ кои алтернираатделови од брилијантни арпеџа поделени на двете раце. Тактот е 3/4. Ова е прилично величествена варијација, и дава дух на решителност по возвишената брилијантност на претходната варијација. Глен Гулд вели дека варијациите 28 и 29 се единствениот случај на „мотивска соработка или прдолжение помеѓу последователни варијации.“
Варијација 30
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Овој кводлибет се заснова на неколку германски народни песни,[3] од кои две се Ich bin solang nicht bei dir g'west, ruck her, ruck her („Толку долго не сум со тебе, дојди ваму, дојди ваму“) и Kraut und Rüben haben mich vertrieben, hätt mein' Mutter Fleisch gekocht, wär ich länger blieben („Зелка и репа ме истераа, да зготвеше мајка ми месо, ќе останев“). Другите се заборавени.[4] Баховиот биограф Форкел го објаснува Кводлибетот со тоа што се присетува на обичај при собирањата на Баховото семејство (речиси сите роднини му биле музичари):
Само што се собраа прво започнуваа со хорал. По овој побожен почеток следуваа шеги кои често беа во силен контраст. Значи, пееја популарни песни делумно со комична, а делумно со непристојна содржина, сите измешани во пламот на моментот. ... Оваа импровизирана хармонизација ја нарекуваа Кводлибет, и не само што самите срдечно си се смееја на неа, туку предизвикуваа исто толку срдечна и несопирлива смеа кај сите кои ги слушаа.
Форкеловата анегдота (која е веројатно вистинита бидејќи тој ги има интервјуирано Баховите синови), прилично јасно ни укажува на тоа дека Бах го сметалл овој Кводлибет за шега.
Главна арија
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Ова е повторување на почетната арија, нота за нота. Вилијамс вели дека "необјаснивата убавина [на делото] [...] се поткрепува со ова враќање на Аријата. [...] ваков повраток не може да има неутрален афект. Оваа мелодија е осмислена да стрчи од она што се одвива во последните пет варијации, и веројатно изгледа замислено и носталгично или потиснато, помирено или тажно, при нејзиното повторување како крај на нешто, истите ноти, но сега последни."
Канони на Голдберговска основа, BWV 1087
[уреди | уреди извор]Ова доцно контрапунктно дело се состои од четиринаесет канони кои се темелат на првите осум басови ноти од аријата на Голдберговите варијации. Пронајдено е во 1974 во Стразбур (Алзас, Франција), како додаток на Баховото лично печатено издание на варијациите. Меѓу овие канони, единаесеттиот и тринаесеттиот се еден вид прва верзија на BWV 1077 и BWV 1076, кои стојат на славниот портрет на Бах од хаусман (1746).[5]
Изданија на партитурата
[уреди | уреди извор]- Ralph Kirkpatrick. New York/London: G. Schirmer, 1938. Содржи опширен предговор од уредникот и факсимил од оригиалната насловна страна.
- Hans Bischoff. New York: Edwin F. Kalmus, 1947 (уредување од XIX век). Содржи толковни белешки од уредникот кои не се назначени како такви.
- Christoph Wolff. Виена: Wiener Urtext издание, 1996. Уртекст издание, исползува нови наоди (1975) кои произлегуваат од најден примерок, своерачно поправан од композиторот. Содржи предложена апликатура и белешки за интерпретација од чембалистката Игет Дрејфус.
- Reinhard Böß. München: текст од уредникот + критика, 1996. Verschiedene Canones ... von J.S. Bach (BWV 1087). ISBN 3-88377-523-1 Издание само на каноните од BWV 1087. Уредникот предлага целосно комплетирање на сите четири канони.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Белешки и наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Bach: The Goldberg Variations; Cambridge University Press, 2005
- ↑ 2,0 2,1 Белешки кон Кенет Гилбертовите снимки на варијациите.
- ↑ Кводлибетот во Баховата последна Голбергова варијација BWV 988/30. Од Томас Брац (јануари 2005)
- ↑ БиБиСи Радио 3 — Откривање на музиката.
- ↑ Четиринаесет канони на првите осум ноти на Голдберговска основа (BWV 1087)
- Johann Nikolaus Forkel: Über Johann Sebastian Bachs Leben, Kunst, und Kunstwerke („За животот, уметноста и уметничките дела на Јохан Себастијан Бах“). Скоро препечатено од Henschel Verlag, Berlin, 2000; ISBN 3-89487-352-3.
- Peter Williams: Bach: The Goldberg Variations (2001, Cambridge University Press, ISBN 0-521-00193-5).
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Општи
[уреди | уреди извор]- a30a.com (англиски)
- thegoldbergvariations.com Архивирано на 20 април 2017 г. (англиски)
- ДОЗГУЛПМУС за Голдберговите варијации Архивирано на 29 септември 2007 г. (македонски)
- Голдбергови варијации BWV 988 Архивирано на 16 јуни 2012 г. Oregon Bach Festival (Flash)
Партитури
[уреди | уреди извор]- Голдбергови варијации: Слободни извори на проектот „Меѓународна музичка библиотека на партитури“ (англиски)
- Вежби за клавијатура, со „Голдбергови варијации“ Архивирано на 3 февруари 2021 г. - Том 3 од збирката дела од Бах (јавна сопственост) (англиски)
Есеи
[уреди | уреди извор]- Музика на интелектот: Голдбергови варијации (англиски)
- Есеј за „Голдбергови варијации“ од Јо Томита Архивирано на 3 април 2005 г. (англиски)
|