Токата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Токата (од италијански - tоccаrе - „допрено", „да се допре") — композиција наменета за инструмент со клавиши (оргули, чембало, пијано) во која е изразена виртуозноста на изведувачот. Се појавила во Италија на почетокот на 16 век. Во почетокот немала одредена форма, а тоа значело инструментална композиција создадена независно од гласните предлози. По својот импровизаторски карактер слична е на прелудиумот и фантазијата, иако уште во најраните примери покажува и многу сопствени карактеристики.

Главно во неа фокусот е врз виртуозноста и максималното користење на сите технички можности на инструментот.

На крајот на 16 век, терминот токата се користел во Италија за пократки воведи за оргуља во богослужбата. Италијанската токата својот врв го доживеела со делата на Џироламо Фрескобалди. Тој ги поврзал хомофонските пасажи на токата со брилијантни пасуси и ја постигнал формалната комплетност со мотивирано единство.

Во тогашната италијанска литература за чембало (А. и Д. Скарлати, Ф. Дуранте) токата е или конечна позиција на суитата или независна композиција. Музичарите надвор од Италија исто така ја презеле повеќеделната форма на токатата[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

Robert Browning used the motif or concept of a toccata by Baldassare Galuppi to evoke thoughts of human transience in his poem "A Toccata of Galuppi's" (although Galuppi did not actually write any piece with the name 'Toccata')

Надворешни врски[уреди | уреди извор]