Дебриште

Координати: 41°27′33″N 21°52′54″E / 41.45917° СГШ; 21.88167° ИГД / 41.45917; 21.88167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дебриште
Дебриште во рамките на Македонија
Дебриште
Местоположба на Дебриште во Македонија
Дебриште на карта

Карта

Координати 41°27′33″N 21°52′54″E / 41.45917° СГШ; 21.88167° ИГД / 41.45917; 21.88167
Регион Предлошка:Грбови
Општина Росоман
Население 43 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 11013
Надм. вис. 321 м
Дебриште на општинската карта

Атарот на Дебриште во рамките на општината
Дебриште на Ризницата

Дебриште — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во западниот дел на областа Тиквеш, оддалечено 14 километри северозападно од Кавадарци и 11 километри јужно од општинскиот центар Росоман.

Историја

Дебриште е населено уште од римско време како место за вадење на мермер. За тоа сведочат рударската населба и двата мермерни копа во околината на селото.

Стопанство

Демографија

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дебриште живееле 270 жители, сите Македонци.[2]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дебриште имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според пописот од 2002 година селото имало 92 жители, од кои 91 Македонец и 1 Србин.[4]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Дебриште има 43 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 37
Албанци 0
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 6

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 270[2] 160[3] 273 261 256 203 173 116 117 92 43

Родови

Дебриште е македонско село.

Родови во селото се:

  • Староседелци: Бубевци (7 к.), Колевци (3 к.), Шоклевци (3 к.), Нединци (1 к.) и Галевци (4 к.)
  • Доселеници: Трендевци (1 к.) доселени се во 1874 година од некое село Бизевиќ; Маслинковци (2 к.) доселени се во 1876 година од селото Росоман; Јованчевци (1 к.) доселени се од селото Трстеник во 1882 година; Лазовци (1 к.) доселени се од селото Ресава во 1884 година; Дафчевци (1 к.) доселени се од селото Бизевиќ во 1900 година.[6]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 719 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 65 гласачи.[8]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[9]
  • Извор — рудник за мермер од римско и доцноантичко време
  • Курилово — рудник за мермер од римско време
  • Под Селото — рударска населба од римско време

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.154
  3. 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104 - 105.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  6. Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.
  7. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  8. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 147-148. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски