Вејце

Координати: 42°4′58″N 20°55′30″E / 42.08278° СГШ; 20.92500° ИГД / 42.08278; 20.92500
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 14:10, 15 февруари 2021; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (→‎Историја: Исправка на помешани латинични букви меѓу кириличните, replaced: Историja → Историја)
Вејце
Вејце во рамките на Македонија
Вејце
Местоположба на Вејце во Македонија
Вејце на карта

Карта

Координати 42°4′58″N 20°55′30″E / 42.08278° СГШ; 20.92500° ИГД / 42.08278; 20.92500
Општина Тетово
Население 1127 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28009
Надм. вис. 1443 м
Вејце на општинската карта

Атарот на Вејце во рамките на општината
Вејце на Ризницата

Вејце — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) под името Вич со 70 семејства, 2 неженети и 5 вдовици, сите христијани.[2]*Масакрот кај Вејце - На 28 април 2001 година, комбинираната патрола, составена од 16 припадници на безбедносните сили, и тоа 8 од Единицата за специјални намени „Волци“ при АРМ и 8 од Посебната единица на СВР Битола, во 17 часот тргнала на задача од касарната во Тетово и требало да се врати околу 20 часот. Биле распоредени по четворица во две лади ниви и два хамера. Пред селото Селце, кај чешмата, направиле мала пауза каде се сретнале со претходната патрола, која се враќала од селото Бродец. Во разговорот им сугерирале да се вратат зашто немало потреба да одат во Вејце, но тоа не било прифатено. Околу 17:45 часот патролата навлегла во тесна, непрегледна кривина. Кога првите три возила влегле во кривината, во вид на потковица, од три страни биле нападнати од терористи. Се пукало од золји, снајпери, бомби, рачни минофрлачи, пиштоли и друго автоматско оружје. По вооружениот напад, кој траел дваесеттина минути, врз мртвите тела бил извршен грозоморен масакр, а тројца сè уште со знаци на живот живи биле запалени.[3]

Стопанство

Демографија

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.127 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]

Националност Вкупно
Македонци 1
Турци 0
Роми 0
Албанци 1 114
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
останати 12

Родови

Вејце е албанско село.

Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:

  • Албанизирани родови: Укалар (3 к.), Адилалар (3 к.), Мусас (2 к.), Бучки (3 к.), Џаке (1 к.), Ушка (9 к.), Демиролар (3 к.) и Торбе (10 к.) порано зборувале македонски. но мешајќи се со Албанците се албанизирале. Доселени се од Љубиње, кај Средска и други блиски места во Косово.
  • Албански родови: Јерли или Османолар (16 к.), Ќаче (6 к.), Меица (6 к.), Поте или Поталар (19 к.), Топојан (2 к.), Велија или Оџа (2 к.) и Пече (1 к.) сите се доселени од разни места во северна Албанија.[5]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Изборно место

Во селото постои изборното место бр. 1995 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 848 гласачи.[7]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

  • Мурат Бафтијари (1918 - 19 септември 1944) - македонски партизан;
  • Хисен Џемаили (р. 9 февруари 1976) - македонски политичар, пратеник во Македонското собрание и поранешен командант на ОНА, обвинуван за учество во терористички акции;[8][9]

Култура и спорт

Иселеништво

Пред да биде албанско селото, тоа било македонско православно. Сега се знае за православни иселеници во Призрен, Косово. Од муслиманите иселеници има во Тетово, Турција.[5]

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје, 1971, стр.373
  3. „МАСАКРИТЕ ОД 2001 ГОДИНА НЕ СМЕАТ ДА СЕ ЗАБОРАВАТ И ДА ИМ СЕ ПРОСТАТ НА "КРТОВИТЕ-ПРОКЛЕТНИЦИ". Македонско Сонце. 17 ноември 2006. Посетено на 2012-01-01.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
  6. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  7. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  8. „ХИСЕН ЏЕМАИЛИ“. Собрание на Македонија. Посетено на 2012-01-01.
  9. „Хисен Џемаили нуди куќа за слобода“. Дневник. 8 јануари 2009. Посетено на 2012-01-01.

Надворешни врски