Љубовна песна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Слика на Жан Антоан Вато- „Љубовна песна“.

Љубовна песна претставува музичка нумера која се однесува на заљубувањето, на среќата што тоа ја носи љубовта или на тагата предизвикана од неа.

Имињата на девојките[уреди | уреди извор]

Многу од љубовните песни се упатени директно на личноста на која ѝ се восхитуваме. Ова значи дека името на девојката често се наоѓа во насловот на песната. Некои добро познати примери се: „Марија“ (Maria) од „Приказна од западната страна“ (West Side Story), „Michelle“ (од Битлси), „Jeanie with the Light Brown Hair“ (од Стефан Фостер) и „Лејла“ (Layla) од „Дерек анд д Доминос“ (Derek and the Dominoes). Поретки се песните испеани од женски изведувачи со машко име кое се појавува во насловот. Во 1964 година, песната на Сила Блек „Ти си мојот свет“ (You're my world) станала хит, како и песната на The Crystals, „Тогаш, тој ме бакна“ (Then he kissed me). Со мала промена на зборовите, песната на „Бич Бојс“ (Beach Boys) „Тогаш, јас ја бакнав“ (Then I kissed her), исто така, станала голем хит. Други примери на песни со имињата на девојките во насловите се: „Песната на Ени“ (Annie's song) од Џон Денвер, „Пеги Сју“ (Peggy Sue) од Бади Холи, „Аманда“ (Amanda) од „Бостон“, и „Шери“ (Sherry) од „Фор сизонс“ (The Four Seasons).

Некои историски или локални имиња за некоја драга, често се јавуваа во насловите. На пример „My old Dutch“ од Алберт Шевалје содржи лондонски сленг збор кој се римува „Dutch (Холанѓанка)“ со „Duchess of Fife (Војвотка со кавал“ и „Wife (сопруга)“. А песната на Роберт Барнс „John Anderson, My Jo“ го има зборот „Џо“ (збор од XVIII век за саканиот). Љубовните песни во прво лице биле прилично ретки пред средината на XIX век.

Познати љубовни песни пред Втората светска војна[уреди | уреди извор]

Некои љубовни песни останале популарни во текот на неколку децении, како што се: песната на Ел Џолсон „Ме натера да те сакам“ (You Made Me Love You (I Didn't Want to Do It)), филмската верзија на Џуди Герланд „ Остави ме да те викам срценце“ (Let me call you sweetheart) од 1910 година, песната на Кол Портер „Ти ми си под кожата“ (I've got you under my skin), „Ме излудуваш“ (You’re driving me crazy) на Волтер Доналдсон, „Самата помисла на тебе“ (The very thought of you) на Реј Нобл, „Сето мое“ (All of me) на Маркс и Симонс, „Признавам дека те сакам“ ((I'm) Confessin' (That I Love You)) на Доерти, Нејберг и Рејнолдс.

1950-тите[уреди | уреди извор]

1950-тите години биле ерата на софистицираните бавни, мелодични песни. Реј Чарлс ја снимил „Незаборавна“ (Unforgettable), Анита Брајант ја снимила „Додека беше ти“ (Till there was you), а Џони Метис ја снимил „Дванаесеттина од никогаш“ (The twelfth of never). Една од последните песни на Кол Портер која доживеала комерцијален успех била „Вистинска љубов“ (True love) од Бинг Крозби. Во овој период, голем хит била песната „Сè што мора е да сонувам“ (All I have to do is dream) на „Еверли брадерс“ (The Everley Brothers). Песната „Неврзана мелодија“ (Unchained Melody) на Алекс Норт и Хју Зерет била хит со осум различни исполнители, „Посветено на онаа што ја сакам“ (Dedicated to the One I Love) на Ралф Бас била хит двапати, додека песната „Само ти“ (Only You (And You Alone)) на Рем и Ренд била хит повеќе од осумпати.

1960-тите[уреди | уреди извор]

Во овој период, неколку пејачки постигнале голем успех со своите љубовни песни, како Дасти Спрингфилд со „Само сакам да бидам со тебе“ (I Only Want to Be with You) и Арета Френклин со песната „Ме правиш да се чувствувам како природна жена“ ((You Make Me Feel Like) A Natural Woman). Сепак и постарите пејачи сè уште имале хитови: Реј Чарлс со „Не можам да престанам да те сакам“ (I Can’t Stop Loving You) и Френк Синатра со „Нешто глупаво“ (Somethin’ Stupid). Во соул музиката и ар-ен-би хитовите се истакнал Стиви Вондер со „Еднаш во мојот живот“ (For Once in My Life), рок-љубовните песни ги опфаќале групите како „Манкис“ (The Monkees) со песната „Јас сум верник“ (I’m a Believer) и „Битлси“ со „Целата моја љубов“ (All my loving), додека во Кантри музиката се издвоил Петси Клајн со „Луд“ (Crazy).

Други познати љубовни песни и албуми од овој период се:

  • „Љубовта не се купува“ (Can't Buy Me Love) - песна на британската група „Битлси“ (The Beatles) од 1964 година.[1]
  • „А јас ја сакам“ (And I Love Her) - песна на британската група „Битлси“ (The Beatles) од 1964 година.[2]
  • „Треба да сокриеш љубовта“ (You've Got to Hide Your Love Away) - песна на британската група „Битлси“ (The Beatles) од 1965 година.[3]
  • „Тоа е само љубов“ (It's Only Love) - песна на британската група „Битлси“ (The Beatles) од 1965 година.[4]
  • „За твојата љубов“ (For Your Love) - песна на британската рок-група „Јардбрдс“ (Yardbirds).[5]
  • „Љубовта е сè што ти треба“ (All You Need Is Love) - песна на британската група „Битлси“ (The Beatles) од 1967 година.[6]
  • „Некого да сакаш“ (Somebody To Love) - песна на американската рок-група „Џеферсон Ерплејн“ (Jefferson Airplane) од 1967 година.[7]
  • „Љубов или забуна“ (Love or Confusion) - песна на рок-групата „Џими Хендрикс Експириенс“ (The Jimi Hendrix Experience) од 1967 година.[8]
  • „Нека биде ова љубов“ (May This Be Love) - песна на рок-групата „Џими Хендрикс Експириенс“ (The Jimi Hendrix Experience) од 1967 година.[8]
  • „Никогаш не сакав маж така како што те сакав тебе“ (I Never Loved A Man The Way I Loved You) - песна од истоимениот албум на американската соул-пејачка Арета Френклин (Aretha Franklin) од 1967 година.[9]
  • „Светлината на мојата љубов“ (Sunshine Of Your Love) - песна на британската рок-група „Крим“ (Cream) од 1967 година.[10]
  • „Сакај ме двапати“ (англиски: Love me two times) - песна на американската рок-група „Дорс“ од 1967 година.[11]
  • „Здраво, те сакам“ (англиски: Hello, I Love You) - песна на американската рок-група „Дорс“ (The Doors) од 1968 година.[12]
  • „Мојата дива љубов“ (англиски: My Wild Love) - песна на американската рок-група „Дорс“ (The Doors) од 1968 година.[12]
  • „Зимска љубов“ (англиски: Wintertime Love) - песна на американската рок-група „Дорс“ (The Doors) од 1968 година.[12]
  • „Моќта на мојата љубов“ (англиски: Power of My Love) - песна на Берни Баум (Bernie Baum), Бил Џајант (Bill Giant) и Флоренс Кеј (Florence Kaye) од 1969 година, во изведба на американскиот рокенрол-пејач Елвис Пресли.[13]
  • „Потполна љубов“ (Whole Lotta Love) - песна на британската рок-група „Лед Цепелин“ (Led Zeppelin) од 1969 година.[14]
  • „Љубов“ (англиски: Love) - песна на американската рок-група „Морген“ (Morgen) од 1969 година.[15]
  • „Караван на љубовта“ (англиски: Caravan of love) - песна на американската поп-група „Ијсли брадерс“ (Isley Brothers).[16]

1970-тите[уреди | уреди извор]

Во овој период, Бери Вајт го направил свој оркестрален соул-стил со „Ти си ми првата, последната и секоја“ (You’re The First, My Last, My Everything), песната „Никоја не го прави тоа подобро“ (Nobody does it better) на Карли Сајмон се прочула како насловна песна на филмот за Џејмс Бонд, а за песната на Шарл Азнавур „Таа“ е интересно тоа што била голем хит од исполнувач којшто имал над педесет години. Други познати љубовни песни од овој период се: „Ти си таа што ја сакам“ (You’re the one that I want) на Џон Траволта и Оливија Њутн-Џон, „Без тебе“ (Without you) на Хем и Еванс, „Чувствувам љубов“ (I feel love) на Дона Самер, „Љубовта боли“ (Love hurts) на Назарет итн.

Други љубовни песни и албуми од овој период се:

  • „Зошто љубовта мора да биде тажна?“ (Why Does Love Got To Be So Sad?)“ - песна на блуз-рок групата „Дерек енд д Доминос“ (Derek and the Dominos) од 1970 година.[17]
  • „Збогум, љубов“ (Bye Bye Love) - песна на американското дуо Пол Сајмон и Арт Гарфанкел од 1970 година.[18]
  • „Лејла“ (Layla)“ - песна на блуз-рок групата „Дерек енд д Доминос“ (Derek and the Dominos) од 1970 година.[17]
  • „Луда љубов“ (Crazy Love) - песна на ирскиот музичар Ван Морисон ('Van Morrison) од 1970 година.[19]
  • „Сакај ја лудо“ (Love Her Madly) - песна на американската рок-група „Дорс“ од 1971 година.[20]
  • „О, љубов моја“ (Oh My Love) - песна на англискиот поп-рок музичар Џон Ленон од 1971 година.[21]
  • „Жешка љубов“ (Hot Love) - песна на британската група „Т-Рекс“ (T-Rex)[22]
  • „Љубов“ (Love) - песна на John Lennon & The Plastic Ono Band од 1971 година.[23]
  • Песни за љубовта и омразата“ (Songs of love and hate) - албум на канадскиот пејач Леонард Коен од 1971 година.[24]
  • „Раскажувај ми за љубовта“ (Pričaj mi o ljubavi) - песна на југословенската пејачка Оливера Катарина од 1974 година.[25]
  • „Вљубен сум во девојка“ (I'm in love with a girl) - песна на американската поп-рок група „Биг стар“ (Big Star) од 1974 година.[26]
  • „Љубовта е дрога“ (Love is the Drug) - песна на британската рок-група „Рокси Мјузик“ (Roxy Music)“ од 1975 година.[27]
  • „Грешна љубов“ (Sinful Love) - песна на американската рок-група „Блу Ојстер Калт“ (Blue Oyster Cult) од 1976 година.[28]
  • „Колку е длабока твојата љубов“ (How Deep Is Your Love) - песна на американската група „Би Џиз“ (Bee Gees') од 1977 година.[29]
  • „О, да се биде вљубен“ (Oh To Be In Love) - песна на англиската пејачка Кејт Буш (Kate Bush) од 1978 година.[30]
  • „Љубовта е во воздухот“ (Love is in the Air) - песна на Џон Пол Јанг (John Paul Young) од 1978 година.[31]
  • „Твојата љубов“ (Your Love) - песна на американската група „Шик“ (Chic) од 1978 година.[32]
  • „Љубовта ќе нè раскине“ (Love wil tear us apart) - песна на англиската рок-група „Џој Дивижн“ (Joy Division) од 1978 година.[33]
  • „И јас ќе те сакам“ (I'm gonna love you, too) - песна на американската рок-група „Блонди“ од 1978 година.[34]
  • „Љубовна батерија“ (Love battery) - песна на англиската панк-група „Базкокс“ (Buzzcocks) од 1978 година.[35]
  • „Некогаш вљубен“ (Ever fallen in love) - песна на англиската панк-група „Базкокс“ (Buzzcocks) од 1978 година.[36]
  • „Љубовта е лага“ (Love is lies) - песна на англиската панк-група „Базкокс“ (Buzzcocks) од 1978 година.[37]
  • „Љубовта каса“ (Love bites) - албум на англиската панк-група „Базкокс“ (Buzzcocks) од 1978 година.[38]
  • „Љубовта личи како тебе“ (L'Amour Looks Something Like You) - песна на англиската поп-пејачка Кејт Буш (Kate Bush) од 1978 година.[39]
  • „Велиш дека не ме сакаш“ (You Say You Don't Love Me) - албум на британската панк група „Базкокс“ (Buzzcocks) од 1979 година.[40]
  • „Љубов како антракс“ (Love Like Anthrax) - песна на британската рок-група „Генг оф фор“ (Gang Of Four) од 1979 година.[41]
  • „Вљубена“ (In Love) - песна на британската панк-рок група „Реинкоутс“ (The Raincoats) од 1979 година.[42]

1980-тите[уреди | уреди извор]

The Cure

Во 1980-тите имало бројни големи љубовни хитови, како: „Здраво“ (Hello) на Лајонел Ричи, „Го познавам добро“ (I know him so well) на Рајс, Ендерсон и Улвос, „Ништо не се споредува со тебе“ (Nothing Compares 2 U) на Шинејд О’Конор, „Љубовна песна“ (Love song) на британската група „Кјур“ (The Cure), итн. Во 1990-тите се појавиле Брајан Адамс со „Сè што правам“ (Everything I Do), „Ирис“ (Iris) на групата „Гу гу долс“ (The Goo Goo Dolls) и „Вистинско, лудо, длабоко“ (Truly Madly Deeply) на австралиската група „Севиџ гарден“ (Savage Garden) итн.

Други љубовни песни и албуми од овој период се:

  • „Љубовен поглед“ (англиски: The look of love) - песна на британската поп-група „АБЦ“ (ABC) од 1982 година.[43]
  • „Повторно се вљубувам“ (англиски: Falling in love again) - песна на британската панк-рок група „Адиктс“ (The Adicts) од 1985 година.[44]
  • „Град без љубов“ (хрватски: Grad bez ljubavi) - песна на хрватската група „Азра“ од 1981 година.[45]
  • „Јазик на љубовта“ (француски: Langue D'amour) - песна на американската музичарка Лори Андерсон (Laurie Anderson) од 1984 година.[46]
  • „Да ја ставам мојата љубов во тебе“ (англиски: Let me put my love into you) - песна на австралиската рок-група „АЦ/ДЦ“ (AC/DC) од 1980 година.[47]
  • „Тупаници на љубовта“ (англиски: Fists of love) - песна на американската рок-група „Биг Блек“ (Big Black) од 1986.[48]
  • „Модерна љубов“ (англиски: Modern love) - песна на британскиот пејач „Дејвид Боуви“ (David Bowie) од 1983 година.[49]
  • „Загари на љубовта“ (Hounds of Love) - песна и албум на британската поп-пејачка Кејт Буш (Kate Bush) од 1985 година.[50]
  • „Висока љубов“ (Higher Life) - песна на британскиот поп-музичар Стив Винвуд (Steve Winwood) од 1986 година.[51]
  • „Мојата љубов чека“ (англиски: My Love Is Waiting) - песна на американскиот соул-музичар Марвин Геј од 1982 година.[52]
  • „Љубовта продолжува“ (англиски: Love Goes One) - песна на австралиската поп-група The Go-Betweens од 1988 година.[53]
  • „Љубовта е знак“ (англиски: Love is a sign) - песна на австралиската поп-група The Go-Betweens од 1988 година.[54]
  • „Кажи ми дали ја сакаш мојата љубов“ (англиски: Tell Me Do You Want My Love) - песна на британската поп-група „Имаџинејшн“ (Imagination) од 1981 година.[55]
  • „Секогаш ќе те сакам (Но, не гледај назад)“ (англиски: I'll Always Love You (But Don't Look Back)) - песна на британската поп-група „Имаџинејшн“ (Imagination) од 1981 година.[55]
  • „Вљубен и одљубен“ (англиски: In And Out Of Love) - песна на британската поп-група „Имаџинејшн“ (Imagination) од 1981 година.[55]
  • „Те сакам“ (англиски: I Love You) — песна на швајцарската електро-поп група „Јело“ (Yello) од 1983 година.[56]
  • „Љубов“ (англиски: Love) - песна од истоимениот албум на британската рок-група „Калт“ (The Cult) од 1985 година.[57]
  • Љубов“ (англиски: Love) - албум на британската рок-група „Калт“ од 1985 година.[58]
  • „Да љубиш значи да закопаш“ (англиски: To love is to bury) - песна на американската група „Каубој џанкис“ (Cowboy Junkies) од 1988 година.[59]
  • „Тоа го викам љубов“ (англиски: That's what I call love) - песна на австралиската поп-група „Краудед хаус“ (Crowded House) од 1986 година.[60]
  • „Ќе те сакам до денот кога ќе умрам“ (Love you 'til the day I die) - песна на австралиската поп-група „Краудед хаус“ (Crowded House) од 1986 година.[60]
  • „Лекции по љубов“ (Lessons in love) - песна на британска [група „Левел 42“ (Level 42) од 1985 година.[61]
  • „Моќта на љубовта“ (The power of love) - песна на американскиот пејач Хју Луис“ (Huey Lewis) од 1985 година.[62]
  • „Љ. У. Б. О. В. Љубов“ (англиски: L.O.V.E. Love) — песна на шкотската рок-група „Оринџ џус“ (Orange Juice) од 1982 година.[63]
  • „Повторно ќе бидеш сакан“ (англиски: You Will Be Loved Again) - песна на канадската рок-музичарка Мери Маргарет О'Хара (Mary Margaret O'Hara) од 1988 година.[64]
  • „Моќта на љубовта“ (The power of love) - песна на американската поп-пејачка Џенифер Раш (Jennifer Rush) од 1984 година.[65]
  • „Сладок љубовен оган“ (Sweet Fire of Love) - песна на американскиот рок-музичар Роби Робертсон (Robbie Robertson) од 1987 година.[66]
  • „Роб на љубовта“ (англиски: Slave to Love) - песна на британскиот пејач Брајан Фери од 1985 година.[67]
  • „Моќта на љубовта“ (англиски: The power of love) - песна на британската поп-група „Френки гоуз то Холивуд“ (Frankie Goes to Hollywood) од 1984 година.[68]
  • „Караван на љубовта“ (англиски: Caravan of love) - песна на британската група „Хаусмартинс“ (Housemartins) од 1986 година.[69]
  • „Мојата прва љубов“ (хрватски: Moja prva ljubav) - песна на хрватската група „Хаустор“.[70]
  • „Да живее љубовта“ (хрватски: Živjela ljubav) - песна на југословенската пејачка Мери Цетиниќ (Meri Cetinić) од 1983 година.[71]
  • „Твојата љубов е крал“ (англиски: Your Love is King) - песна на британската пејачка Шаде (Sade) од 1984 година.[72]
  • „Љубовна приказна“ (српски: Љубавна прича) - песна на српската рок-група „Шарло Акробата“ (Šarlo Akrobata) од 1981 година.[73]

1990-тите[уреди | уреди извор]

И во текот на 1990-тите биле снимени бројни песни и албуми посветени на љубовта, како:

  • „Една љубов“ (One Love) - песна на британската група „Масив Атак“ (Massive Attack) од 1991 година.[74]
  • „Те сакам“ (I love you) - песна на британската рок-група „Спејсмен 3“ (Spacemen 3) од 1991 година.[75]
  • „Мојата љубов е вистинска“ (My Love's for Real) - песна на американската група „Шик“ (Chic) од 1992 година.[76]
  • „Земи ја мојата љубов“ (Take My Love) - песна на американската група „Шик“ (Chic) од 1992 година.[77]
  • „Храм на љубовта“ (Temple Of Love) - песна на британската рок-група Sisters of Mercy.[78]
  • „Љубовта не му припаѓа никому“ (Love Doesn't Belong) - песна на американската рок-група „Американ мјузик клаб“ (American Music Club) од 1994 година.[79]
  • „Една љубов“ (One Love) - песна на британската група „Продиџи“ (The Prodigy) од 1994 година.[80]
  • „Нема ништо лошо во љубовта“ (There's nothing wrong with love) - албум на американската рок-група „Билт ту спил“ (Built to Spill) од 1995 година.[81]
  • „Остров на љубовта“ (Love Island) - песна на „Фетбој слим“ (Fatboy Slim) од 1998 година.[82]

2000-тите[уреди | уреди извор]

  • „Таа ќе биде сакана“ ("She Will Be Loved") - Песна на американската поп-групата Maroon 5 (Maroon 5) од 2002 година.[83]
  • „Круна на љубовта“ (Crown of love) - песна на групата Arcade Fire од 2004 година.[84]
  • „Тупаница со љубов“ (Fistful of love) - песна на „Ентони енд д Џонсонс“ (Anthony and the Johnsons) од 2005 година.[85]
  • „Лудо вљубен“ (Crazy in love) - песна на „Ентони енд д Џонсонс“ (Anthony and the Johnsons) од 2009 година.[86]
  • „Ти благодарам за љубовта“ (Thank you for your love) - песна на „Ентони енд д Џонсонс“ (Anthony and the Johnsons) од 2010 година.[87]
  • „Војник на љубовта“ (Soldier of Love) - песна и албум на британската пејачка Шаде (Sade) од 2010 година.[88]
  • „Тајна љубов“ (Tajna ljubav) - песна на југословенската рок-група „Фит“ од 2011 година.[89]
  • „Слободната љубов“ - песна на македонската група „Фолтин“ од 2015 година.[90]
  • „Ме љуби девојка“ (Girl loves me) - песна на англискиот пејач Дејвид Боуви (David Bowie) од 2016 година.[91]
  • „Љубов“ - песна на македонската група „ПМГ Колектив“ од 2016 година.[92]

Оперски љубовни песни[уреди | уреди извор]

Некои од најпознатите оперски арии се љубовни песни: „E lucevan le stelle“ и „Recondita armonia“ од операта „Тоска“ (Tosca) на Џакомо Пучини; „Un bel di vedremo“ од „Мадам Батерфлај“ (Madama Butterfly) на Пучини; „Che gelida menina“ од „Боеми“ (La Bohème) на Пучини; „Celeste Aida“ од „Аида“ (Aida) на Џузепе Верди; „La Fleur que tu m'avais jetée“ од „Кармен“ на Жорж Бизе итн.

Народни и староградски љубовни песни[уреди | уреди извор]

  • „Од умот се подизгубив“ - македонска староградска песна.[93]
  • „Три години Кате“ - македонска староградска песна.[94]
  • „Ој, љубов, љубов“ - македонска староградска песна.[95]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. YouTube, The Beatles - Can't Buy Me Love (пристапено на 16.1.2017)
  2. YouTube, The Beatles - And I Love Her (пристапено на 16.1.2017)
  3. YouTube, THE BEATLES You've Got To Hide Your Love Away 1965 HD (пристапено на 16.1.2017)
  4. YouTube, The Beatles - "It's Only Love" (пристапено на 16.1.2017)
  5. YouTube, Yardbirds - For Your Love (Full Album) (пристапено на 7.4.2019)
  6. YouTube, The Beatles - All You Need Is Love (Slideshow) HD (пристапено на 16.1.2017)
  7. YouTube, Jefferson Airplane - Surrealistic Pillow (1967) FULL ALBUM Vinyl Rip (пристапено на 24.12.2017)
  8. 8,0 8,1 The Jimi Hendrix Experience, Are Youe Experienced?, Experience Hendrix, MCD 11608, 1997.
  9. YouTube, Aretha Franklin - I Never Loved A Man The Way I Loved You (пристапено на 2.2.2019)
  10. YouTube, Cream - Sunshine Of Your Love (HD) (пристапено на 16.3.2018)
  11. The Doors, Strange Days, Elektra/Asulum Records, 7559-74014-2, 1975.
  12. 12,0 12,1 12,2 Discogs, The Doors ‎– Waiting For The Sun (пристапено на 20.5.2020)
  13. AllMusic, Elvis Presley, From Elvis in Memphis (пристапено на 25.1.2018)
  14. DISCOGS, Led Zeppelin ‎– Led Zeppelin II (пристапено на 7.1.2021)
  15. YouTube, Morgen - Love (пристапено на 9.2.2017)
  16. YouTube, Caravan of love The Isley Brothers (пристапено на 8.1.2017)
  17. 17,0 17,1 YouTube, Layla Derek and the Dominos (пристапено на 30.10.2017)
  18. YouTube, Bye Bye Love Simon and Garfunkel (пристапено на 4.3.2018)
  19. YouTube, Van Morrison - Moondance Full Album (Vinyl) (пристапено на 24.12.2017)
  20. Discogs, The Doors ‎– L.A. Woman (пристапено на 12.5.2020)
  21. DISCOGS, John Lennon ‎– Imagine (пристапено на 18.4.2020)
  22. YouTube, T. Rex - Hot Love (Live 1972) HD (пристапено на 6.2.2017)
  23. YouTube, Love - John Lennon/Plastic Ono Band (official music video HD) (пристапено на 30.3.2020)
  24. Leonard Cohen - Songs of Love and Hate (пристапено на 12.11.2016)
  25. Olivera Katarina-Pricaj mi o Ljubavi (1974) (пристапено на 15.12.2016)
  26. YouTube, Big Star - I'm in love with a girl (пристапено на 30.8.2017)
  27. Roxy Music ‎– Siren (пристапено на 27.12.2017)
  28. YouTube, Blue Oyster Cult: Sinful Love (пристапено на 4.4.2018)
  29. DISCOGS, Various ‎– Saturday Night Fever (The Original Movie Sound Track) (посетена на 31.3.2019)
  30. YouTube, Kate Bush - Kate Bush - Oh To Be In Love (пристапено на 30.8.2017)
  31. Fatboy Slim - Love Island (посетено на 16.12.2016)
  32. Chic - Your Love (12" Remix) - YouTube (посетена на 15.11.2016)
  33. YouTube, JOY DIVISION Love Will Tear Us Apart (пристапено на 6.3.2017)
  34. YouTube, Blondie - I'm gonna love you too (пристапено на 19.3.2017)
  35. YouTube, Buzzcocks Another Music in a Different Kitchen (1978) (пристапено на 8.2.2017)
  36. YouTube, The Buzzcocks - Ever Fallen In Love (With Someone You Shouldn't've) (пристапено на 8.2.2017)
  37. YouTube, Buzzcocks-Love Is Lies (пристапено на 8.2.2017)
  38. YouTube, Buzzcocks- "Love Bites" (1978) Full Album (пристапено на 8.2.2017)
  39. Discogs, Kate Bush ‎– The Kick Inside (пристапено на 29.6.2020)
  40. YouTube, Buzzcocks - You Say You Don't Love Me (пристапено на 9.2.2017)
  41. DISCOGS, Gang Of Four ‎– Entertainment! (пристапено на 9.7.2020)
  42. YouTube, The Raincoats - The Raincoats (full album) (посетено на 31.5.2017)
  43. Discogs, ABC ‎– The Lexicon Of Love (пристапено на 11.3.2021)
  44. YouTube, adicts falling in love again (пристапено на 29.12.2016)
  45. YouTube, AZRA "Grad bez ljubavi" LIVE SINJ 1987. (пристапено на 12.1.2017)
  46. YouTube, Laurie Anderson - Langue D'amour (посетена на 27.11.2019)
  47. YouTube, Let me put my love into you - AC/DC (Lyrics) (посетено на 15.6.2017)
  48. YouTube, Big Black - Atomizer (Full Album) (пристапено на 14.5.2017)
  49. YouTube, David Bowie - Modern Love (пристапено на 8.5.2017)
  50. Kate Bush - Hounds of Love Full Album (пристапено на 9.5.2017)
  51. Steve Winwood, Back in the High Life, Cai 9199, Jugoton.
  52. YouTube, My Love Is Waiting ✧ Marvin Gaye (пристапено на 30.6.2017)
  53. Discogs, The Go-Betweens – 16 Lovers Lane (пристапено на 15.3.2021)
  54. Discogs, The Go-Betweens – 16 Lovers Lane (пристапено на 15.3.2021)
  55. 55,0 55,1 55,2 Discogs, Imagination ‎– Body Talk (пристапено на 22.6.2020)
  56. Discogs, Yello ‎– You Gotta Say Yes To Another Excess (пристапено на 4.6.2021)
  57. Discogs, The Cult ‎– Love (пристапено на 13.5.2020)
  58. All Music, Love - The Cult (пристапено на 16.1.2016)
  59. YouTube, To Love is to Bury Cowboy Junkies Trinity Session (пристапено на 3.5.2017)
  60. 60,0 60,1 YouTube, Crowded House (Full Album) - Crowded House 1986 (пристапено на 21.6.2017)
  61. YouTube, Level 42 - Lessons In Love (пристапено на 31.12.2016)
  62. YouTube, Huey Lewis and the News - Power of Love (Official Video) (пристапено на 8.1.2017)
  63. Discogs, Orange Juice (3) ‎– You Can't Hide Your Love Forever (пристапено на 22 март 2021)
  64. Discogs, Mary Margaret O'Hara ‎– Miss America (пристапено на 18.3.2021)
  65. YouTube, Jennifer Rush - The Power Of Love (Official Video) (пристапено на 8.1.2017)
  66. YouTube, U2 & Robbie Robertson- Sweet Fire of Love (Official-Unofficial) Music Video (пристапено на 23.10.2017)
  67. YouTube, Bryan Ferry - Slave To Love (Official) (пристапено на 18.6.2017)
  68. YouTube, Frankie Goes To Hollywood - The Power Of Love (пристапено на 8.1.2017)
  69. YouTube, THE HOUSEMARTINS - CARAVAN OF LOVE (пристапено на 8.1.2017)
  70. [Haustor 1981. 1984. 1985. 1988. City Records, 2006.
  71. YouTube, Meri Cetinić - Živjela ljubav (пристапено на 22.5.2017)
  72. YouTube, Sade - Your Love Is King (пристапено на 19.1.2017)
  73. Discogs, Šarlo Akrobata ‎– Bistriji Ili Tuplji Čovek Biva Kad ... (пристапено на 25.2.2021)
  74. Discogs, Massive Attack ‎– Blue Lines (пристапено на 11.1.2021)
  75. YouTube, Spacemen 3 - I love you (пристапено на 5.2.2017)
  76. genius.com, My Love's For Real, Chic (посетена на 15.11.2016)
  77. Take My Love - Chic - YouTube (посетена на 15.11.2016)
  78. DISCOGS, The Sisters Of Mercy ‎– Greatest Hits Volume One (A Slight Case Of Overbombing) (пристапено на 2.12.2019)
  79. DISCOGS American Music Club ‎– San Francisco (пристапено на 10.6.2018)
  80. Discogs, The Prodigy ‎– Music For The Jilted Generation (пристапено на 7 март 2021)
  81. BUILT TO SPILL there's nothing wrong with love (FULL ALBUM) (пристапено на 5.12.2016)
  82. YouTube, Fatboy Slim - Love Island (пристапено на 8.4.2016)
  83. Digster, Love Songs Playlist (пристапено на 21.2.2017)
  84. YouTube, The Arcade Fire - Crown of Love (пристапено на 21.12.2016)
  85. YouTube, Antony and the Johnsons - fistful of love (пристапено на 22.12.2016)
  86. YouTube, Antony and The Johnsons - Crazy In Love (official video) (пристапено на 22.12.2016)
  87. YouTube, Antony and The Johnsons - Thank You For Your Love (Official Video) (пристапено на 22.12.2016)
  88. YouTube, Sade - Soldier of Love (пристапено на 19.1.2017)
  89. YouTube, Rock'N'Roll Je Kriv Za Sve FIT (пристапено на 8.4.2017)
  90. Фолтин, Пијан славеј, НУ Центар за култура, Битола, 2015.
  91. YouTube, David Bowie- Blackstar (Full album) (пристапено на 29.5.2017)
  92. www.pmgrecordings.com (пристапено на 3.12.2017)
  93. YouTube, Ansambl Biljana - Od umot se podizgubiv (пристапено на 2.12.2019)
  94. YouTube, Ansambl Biljana - Tri godini Kate (пристапено на 2.12.2019)
  95. YouTube, Ansambl Biljana - Oj ljubov ljubov (пристапено на 2.12.2019)