Лајонел Ричи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лајонел Ричи
Лајонел Ричи во 2017 ја прима наградата од Кенеди центар
Роден(а)Лајонел Брокман Ричи Помладиот
јуни 20 1949 (1949-06-20) (73 г.)
Таскеги, Алабама , САД
Занимање
  • Пејач
  • текстописец
  • музички продуцент
  • телевизиска личност
Активен период1968–денес
Сопружник
  • Бренда Харви (в. 1975; раз. 1993)
  • Дајен Александер (в. 1995; раз. 2004)
Деца3
Страница
lionelrichie.com

Лајонел Брокман Ричи Помладиот (англиски: Lionel Brockman Richie Jr.;роден на 20 јуни 1949 година во Лос Анџелес) е американски пејач, текстописец, музички продуцент и телевизиска личност. Во 1970-тите стекнал популарност како текстописец и пејач на фанк бендот Commodores, а во 1982 ја започнал својата соло кариера.

За време на неговата соло кариера, Лајонел Ричи станал еден од најуспешните пејачи на балади во 1980-тите и има продадено преку 100 милиони плочи ширум светот, што го прави еден од музичарите со најмногу продадени албуми на сите времиња.[1] Негови најпопуларни песни се „Endless Love“ испеана во дует со Дајана Рос, „Hello“ и „Say You, Say Me“. Исто така заедно со Мајкл Џексон ја напишал песната „We Are the World“ (1985), која била продадена во преку 20 милиони примероци.[2]

Добитник е на четири Греми награди, меѓу кои и песна на годината за „We Are the World“ и Албум на годината за „Can't Slow Down“. [3]Endless Love“ била номинирана за Оскар ; а „Say You, Say Me“ освоила Оскар и Златен глобус за најдобра оригинална песна.[4] Во 2016 година, Ричи го добил највисокото признание Куќата на славните текстописци, наградата Џони Мерсер.[5] Во 2022 година, ја добил Гершвиновата награда за популарна песна од Конгресната библиотека;[6] како и наградата „Икона“ на Американските музички награди.[7] Тој, исто така, беше поставен на Булеварот на славните од црнечката музика и забава, и во Куќата на славните од рокенролот во 2022 година. [8]

Кариера[уреди | уреди извор]

Commodores[уреди | уреди извор]

Како студент во Таскеги, Ричи кон средината на 1960-тите основал низа R&B групи. Во 1968 година, станал пејач и саксофонист во Commodores кои потоа се етаблирале како популарна соул група. Нивните први неколку албуми имале денс и фанки звук, но со текот на времето, Ричи пишувал и пеел поромантични балади како: „Easy", „Three Times a Lady", „Still", и „Sail On".

Кон крајот на 1970-тите, Лајонел Ричи почнал да прифаќа нарачки за пишување песни од други пејачи. Тој го напишал и продуцирал синглот „Lady“ за Кени Роџерс, кој се искачил на прво место на Billboard Hot 100 во 1980 година. Исто така во 1981 година, Ричи ја напишал и ја компонирал насловната песна за филмот Бескрајна љубов, кој го отпеал во дует со Дајана Рос; оваа песна е меѓу 20-те најпродавани синглови на сите времиња и најголем хит во кариерата за двата изведувачи.[9] По успехот со песната, во 1982 година Ричи одлучил да започне соло кариера.

Соло кариера[уреди | уреди извор]

Ричи на настап во 2006 година

Во 1982 година, тој официјално ја започнал својата соло кариера со издавање на албумот „Lionel Richie“, кој се продал во преку четири милиони примероци, а на овој албум се хитовите: „You Are" and „My Love" и "Truly" која се искачила на прво место во САД.

Неговиот следен албум Can't Slow Down (1983) се продал во над 20 милиони примероци ширум светот и станал еден од најпродаваните албуми на сите времиња. Албумот му донел две Греми награди, меѓу кои и Албум на годината, и го издигнал Лајонел Ричи на ниво на меѓународна суперѕвезда. Албумот ги содржел хитовите „ All Night Long (All Night) “ и „Hello“. Во 1984 на церемонијата на затворање на XXIII Олимписки игри во Лос Анџелес ја извел „All Night Long“.

Следувале уште неколку Топ 10 хитови: „Stuck on You“ (3-то место), „Running with the Night “ (7-мо место) и „Penny Lover“ (8-мо место) Во 1985 година, тој ја напишал и отпеал „Say You, Say Me“ за филмот Бели ноќи. Песната освоила Оскар и се искачила на прво место на американските топ листи, а на крајот од 1986 г. според табелата на Билборд била второпласирана на Hot 100. Тој, исто така, заедно со Мајкл Џексон ја напишал хуманитарната песна „We Are the World “ (1985) која била продадена во над 20 милиони примероци.[2]

На неговиот трет албум Dancing on the Ceiling (1986) се нашол хитот „Say You, Say Me“ (САД бр. 1), и уште 4 Топ 10 песни. Ова е неговиот последен албум кој се здобил со широка популарност.

Од 1986 до 1996 година, Ричи направил пауза од снимање песни; оттогаш издал седум студиски албуми:

  • Louder Than Words (1996)
  • Time (1998)
  • Renaissance (2000)
  • Just for You (2004)
  • Coming Home (2006)
  • Just Go (2009)
  • Tuskegee (2012)

Тој, од неговата шеснаесетта сезона е во жирито на пејачкиот натпревар Американски идол. [10]

Награди и почести[уреди | уреди извор]

Лајонел Ричи има освоено четири Греми награди, вклучително и песна на годината во 1985 година за „We Are the World“, која ја напишал заедно со Мајкл Џексон, Албум на годината во 1984 година за Can't Slow Down, продуцент на годината (не-класичен) во 1984 година и најдобра машка поп вокална изведба за Truly во 1982 година.[11]

Ричи бил првата личност која добила наградата за дијамантски албум од RIAA.[12]

Ричи бил номиниран за две награди Златен глобус и освоил една. Во 1982 година, бил номиниран за најдобра оригинална песна за филмот Бескрајна љубов. Во 1986 година, бил номиниран и ја освоил наградата за најдобра оригинална песна за песната „Say You, Say Me“, прикажана во филмот Бели ноќи. [4] Оваа песна освоила и Оскар за најдобра оригинална песна.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Студиски албуми
  • Lionel Richie (1982)
  • Can't Slow Down (1983)
  • Dancing on the Ceiling (1986)
  • Louder Than Words (1996)
  • Time (1998)
  • Renaissance (2000)
  • Just for You (2004)
  • Coming Home (2006)
  • Just Go (2009)
  • Tuskegee (2012)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Betts, Stephen L. (May 8, 2012). „Lionel Richie, 'Tuskegee' Album Certified Platinum“. The Boot (англиски). Посетено на June 3, 2021.
  2. 2,0 2,1 Leopold, Todd (January 28, 2015). 'We Are the World' at 30: Where are they now?“. CNN. Посетено на January 8, 2017.
  3. „Lionel Richie“. GRAMMY.com (англиски). 2020-11-23. Посетено на 2021-12-20.
  4. 4,0 4,1 „Lionel Richie : Golden Globe Awards“. Golden Globes. Архивирано од изворникот на October 6, 2014. Посетено на July 24, 2014.
  5. Rothman, Michael (June 10, 2016). „Lionel Richie, Chic's Nile Rodgers and More Enter Songwriters Hall of Fame“. ABC News. Посетено на January 8, 2017.
  6. Ulaby, Neda (2022-01-13). „The Gershwin Prize for Popular Song is going to pop star Lionel Richie“. NPR (англиски). Посетено на 2022-02-02.
  7. „Lionel Richie Says It's 'Surreal' to Receive Icon Award at the 2022 AMAs: 'I'm Immensely Grateful'. Peoplemag (англиски). Посетено на 2022-11-07.
  8. Празен навод (help)
  9. Празен навод (help)
  10. Goldberg, Lesley (August 5, 2019). 'American Idol' Judges Close Deals to Return for Season 3 on ABC“. The Hollywood Reporter. Посетено на August 5, 2019.
  11. „Lionel Richie : Grammy Awards“. Grammy Awards. Посетено на July 24, 2014.
  12. „Gold & Platinum“. RIAA.com. Посетено на December 6, 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]