Јевер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јевер
Фризиската пивара, каде се произведува пивото Јевер
Фризиската пивара, каде се произведува пивото Јевер
Грб на Јевер
Јевер се наоѓа во Германија
Јевер
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Фризланд
Градоначалник Едо Алберс (Независен)
Основни податоци
Површина 42,13 км2
Надм. височина 9 м
Население 14.020 (31 декември 2015)[1]
 - Густина 333 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. FRI
Пошт. бр. 26441
Повик. бр. 04461
Портал www.stadt-jever.de
Местоположбата на град Јевер во рамките на округот Фризланд
Карта
Координати 53°34′28″ СГШ 7°54′03″ ИГД / 

Јевер е главен град на округот Фризланд во Долна Саксонија, Германија.

Името Јевер обично се поврзува со познатиот бренд на пиво кое се произведува тука. Градот исто така е популарно одморалиште. Јевер добил статус на град во 1536 година. Неофицијално Јевер понекогаш се споменува како Мариенштад (град на Марија) што се однесува на Марија од Јевер, последната независна владетелка во градот.

Историја[уреди | уреди извор]

Археолошките наоди во близина на Јевер покажуваат дека областа била населена уште од неолитскиот период. Во близина на градот бил лоциран долмен во околу 1880 година но бил отстранет кон крајот на 19. век поради земјоделски проширувања. Покрај тоа, алати како бодежи и српови биле пронајдени на истата област. Од подоцнежните периоди од околу 6. век п.н.е таму биле откриени голем број на урни како и бронзени врвови од копја и секири.

За време на римско време хаучите имале населба во областа на Јевер. Околу 826 година, дел од Фризија бил даден од Лудвиг Побожниот на данксиот крал Харалд Клак поради неговото преобраќање во христијанството; Харалд побарал засолниште од Лудвиг откако бил протеран од својата татковина. Во епот Кудрун кој датира од 9. век се спомнува данската доминација на Фризија и содржи спомнување на “Гиверс” во областа Занде кој најверојатно е првиот запис за Јевер. Уште еден запис од 1158 година бележи град со името "Геверае", латинизација на долно германскиот Геверен или Гаверен („пасиште“, или алтернативно "место на тингот").

Монети со печатот на Јевер биле пронајдени подалеку во Финскиот Залив и во реката Варта во Полска кои служат како доказ за важноста на Јевер како трговски град. За време на 10. и 11 век Јевер бил пристаниште и имал пристап до Северното Море преку реката Јаде и Харлебухт. Сепак со текот на движењето на земјата пристапот до морето исчезнал а подоцнежните изградби на брани го оставиле Јевер оддалечен од брегот. Сепак, Јевер ја задржал важноста на трговски центар. Во 1546 година Хоксиел станал надворешно пристаниште за Јевер и со продолжувањето на поплочените патишта од Јевер до Хоксиел повеќе немало потреба од мали бродови да пловат до Јевер. Денес во центарот на Јевер, детско игралиште со рамка во форма на брод служи како потсетник за важното поморско минато на градот.

Саксонски војводи а потоа и Династијата Велф владееле со Јевер, а кон крајот на 12. век, Јевер потпаднал под власт на Олденбург. На Јевер му биле доделени права за град во 1347 година. Пред крајот на 15. век градот продолжил да биде успешен трговски центар, ова привлекувало не само трговци туку и пирати.

Последен барон на Јевер бил Едо Вимкен кој, во 1505 година, за завршил изградбата на замокот и е закопан во градската црква. По смртта на Едо, градот бил под власт на грофот Едвард I. Сепак Марија од Јевер, ќерката на Едо ја повратила независноста на градот, и во 1536 година додека бил под незјина власт, Јевер добил официјален статус на град што довело до неофицијалното име "Мариенштад".

Марија починала во 1575 година, но нејзината смрт била чувана во тајност поради стравот од враќањето на источните фризијци. Наместо тоа, Јевер станал еден од териториите на Олденбург како последна желба на Марија. Во 1667 година Јевер бил даден под контрола на Анхалт-Цербст. Откако принцот Фредерик Август починал во 1793 година, машката-линија на Анхалт-Цербст исчезнала и нејзините територии биле поделени. Jевер тогаш бил даден на Катерина II, родена како принцеза Софија од Анхалт-Цербст, и единствена жива роднина на Фредерик Август. Градот останала под нејзина власт се додека не бил окупиран од војските на Наполеон во 1807 година. Помеѓу 1808 и 1810 година, градот бил дел од Кралството Холандија, кое било вазалска држава на Наполеон. Кога французите биле приморани да се повлечат во 1813 година, Русија го повратила Јевер и го дала на големите војводи од Олденбург во 1818 година.

Јевер бил поврзан во железничката мрежа во 1871 година со линија од Занде. Од 1881 година, градот се поврзал кон западните делови со Витмунд, Есенс и Дорнум, а од 1888 година и северно со Каролиненсил. Железничката станица во Јевер до ден денес сеуште има соба за чекање за исклучива употреба на војводата на Олденбург.

Поради то што Анхалт-Цербст гараннтирал безбедност и слобода за евреите, Јевер станал центар на еврејскиот живот во Фризија, достигнувајќи го својот врв во 19. век. Подоцна многу млади луѓе заминале во поголемите градови со надеж за подобри екоонмски можности. Ова предизивикало населението да се намали на половина од поранешниот број: во 1933 година, во градот биле останати само 98 евреи. Синагогата (отворена во 1802 г.) била целосно уништена во кристалната ноќ, и околу 63 евреи од Јевер биле убиени во холокаустот.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Пиво Јевер
  • Замокот Јевер: Првиот замок во Јевер бил изграден од Едо Вимкен постариот во 1416 година, кој бил уништен од источните фризи во 1420 година. Наследникот на Едо, Хајо Харлдас повторно го изградил замокот во 1428 година, а бил целосно завршен во 1505 година од Едо помладиот. Во внатрешноста таванот во големата сала бил изграден од 28 касети резбано дабово дрво во ренесансен стил (16. век). Во 1736 година била изградена кулата во барок стил. Резултат на повеќе конверзии била мала палата на кнезовите од Анхалт-Цербст и Олденбург.
  • Историската сала на градскиот совет, 1620.
  • Во Јевер има пет цркви; протестанската црква, во минатото гарнизон црква, била уништена од пожар во 1959 година и повторно изградена во модерен изглед во 1964 година. Како додаток на источната страна на гробот на Едо Вимкен помладиот, има уметничко дело во ренесансен стил кое не било уништено од пожарот.
  • Фризиската пивара: Основана во 1848 година како незначајна мала пиварница, се претворила во добро познат бренд во 1900 години и го посвоила името на градот во 1934 година. Денес, пиварата е најголем објект во Јевер. Компанијата произведува главно пилзнер видови на пива.

Познати личности[уреди | уреди извор]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]