Урна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Урна со пепел.

Урна[1][2] — сад што се користи за чување на пепел на кремирано починато лице.

Историја[уреди | уреди извор]

Најстарите познати урни што се користеле за чување на пепелот на кремиран покојник датираат од околу 7000 г. пр. н. е. на територијата на археолошкото наоѓалиште Џјиаху во Народна Република Кина, каде се пронајдени 32 примероци.[3] Римјаните ставале урни со посмртните останки на покојникот во групни гробници, колумбариуми. Во Стара Грција постоеле т.н. дипилонски вазни, во Етрурија мали глинени саркофази со ликови на покојникот на капакот, а во околината на Бихаќ, камени јаподски урни со фигурални претстави. Со заживувањето на обичајот на спалување на мртвите, урните повторно стапиле во употреба од 19 век.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „урна“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „урна“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Hu, Yaowu. "Elemental Analysis of Ancient Human Bones from the Jiahu Site," in Acta Anthropologica Sinica, 2005, Vol. 24, No. 2:158–165. ISSN 1000-3193, p. 159.
  4. Urna, Hrvatska enciklopedija, пристапено на 03.02.2024

Надворешни врски[уреди | уреди извор]