Јажинце
Јажинце | |
Панорама на Јажинце | |
Координати 42°09′51″N 21°10′33″E / 42.16417° СГШ; 21.17583° ИГД | |
Општина | Јегуновце |
Население | 913 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1206 |
Шифра на КО | 28031 |
Надм. вис. | 781 м |
Јажинце на општинската карта Атарот на Јажинце во рамките на општината | |
Јажинце — село во Општина Јегуновце, во околината на градот Тетово.
Географија и местоположба
Историја
Стопанство
Демографија
Според пописот од 2002 селото брои 1098 жители, сите Албанци.
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Јажинце има 913 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 0 |
Албанци | 884 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
Други | 29 |
Родови
Јажинце е албанско село, а до крајот на 20 век имало и Македонци во селото.
Според истражувањата во 1940-тите родови во селото се:
- Македонци: Јовчевци (2 к.) они се староседелци.
- Албанци: Незеле (24 к.), Коље (15 к.), Миаје (17 к.), Имиште (11 к.) и Пуљак (3 к.). Сите родови доселени се од разни места во северна Албанија, сите се доселени до средината на XIX век.[2]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 2132 и 2132/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[3]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.118 гласачи.[4]
Културни и природни знаменитости
Црквиште, средновековна црква и некропола. Според историските извори, на горната страна на селото постоела црква посветена на Св.Спас. На површината се гледаат големи камени плочи од гробни конструкции и фрагменти од керамички садови.[5][6]
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Од селото се иселени повеќе Македонци. Се памтат многу иселени македонски родови како: Блажевци, Шиндаровци[7], Јаќимовци, Димовци, Јанковци, Ристовци, Јошевци и др. Многу од нив се иселени во Тетово, некои и на други места.
Во околните села познати се следните родови иселени од Јажинце: Јажинковци (3 к.) се иселени во селото Јанчиште.Кичиновци (6 к.) иселени се во селото Кучково, Скопско. Војиновци (4 к.) иселени се во селото Волково, Скопско. Они од Волково имаат иселеници и на други места.
Од лозата на Шиндаровци, преселени се во населени места околу Скопје: Драчево, Црешево, Лисиче.
Од муслиманските родови иселеници има во: Пржалар иселени се во селото Прошовце. Јажинци (11 к.) иселени се во селото Долно Свиларе, Скопско. И на двата рода подалечно потекло им е од северна Албанија.[2]
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Селишчев А.М., 1929
- ↑ Новаковиќ С.Т.,1906
- ↑ „Шиндаровци | | Македонска Енциклопедија“. Посетено на 2019-05-24.[мртва врска]
Надворешни врски
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|