Филдсов медал
| Филдсов медал Fields Medal |
|
|---|---|
| Лице на Филдсовиот медал | |
| Се доделува за | Извонредни придонеси во математиката |
| Наградува | Меѓународна математичка унија (IMU) |
| Држава | секои 4 години на разни места |
| Воведена | 1936 |
| Укината | 2010 |
| Мреж. место | Официјална страница |
Филдсовиот медал (англ. Fields Medal) е награда што се доделува на двајца, тројца или четворица математичари не постари од 40 години на Меѓународниот конгрес на Меѓународната математичка унија (IMU) на секои четири години. Наградата го носи името на канадскиот математичар Џон Чарлс Филдс кој го дал својот имот за финансирање на наградата[1]. Филдсовиот медал се смета за највисоката награда што може да ја добие еден математичар.[2][3] Паричната награда изнесува 15.000 канадски долари.[4][5] Првиот медал е доделен во 1936 г. на финскиот математичар Ларс Алфорс и американскиот математичар Џеси Даглас, а од 1950 почнала да се доделува на секои четири години. Целта на наградата е да се оддаде признание и пружи поддршка помладите математички истражувачи кои имаат важни придонеси во математиката.
Содржина |
Услови [уреди]
Филдсовиот медал се смета за „Нобелова награда за математика" заради нејзиниот престиж,[6] иако во секој друг поглед ова важи за поновата Абелова награда. За разлика од Нобеловата награда, Филсовиот медал се доделува на секои четири години наместо секоја година. Медалот има и старосна граница: кандидатите не смеат да имаат 40 години на 1 јануари од годината на доделување на медалот. Поради ова, многу големи математичари ја немаат добиено наградата, бидејќи најважните трудови ги правеле (или биле признаени предоцна во текот на животот. Оваа старосна граница се должи на Филдсовата желба
... иако е признание за нешто веќе сработено, наменета е да ги поттикне добитниците на понатамошни успеси и да им даде уште повеќе елан на останатите.
Паричната награда е многу пониска од онаа на Нобеловата награда (околу 1,5 милиони американски долари). Филдсовиот медал обично се доделува за една целина од трудови, а не за конкретен резултат. Наместо со цитирање, добитниот се заблагодарува со говор пред публиката.
Друга поважна математичка награда е Абеловата награда, која се доделува за животно дело, а паричната награда е многу поголема. Филдсовиот медал пак, е престижен бидејќи изборот на добитници го прави Меѓународната математичка унија, која ја претставува светската математичка заедницаy.
Лауреати [уреди]
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ http://www.fields.utoronto.ca/aboutus/jcfields/fields_medal.html
- ↑ „Наградени со Филдсов медал за 2006 г.“ (PDF). „Известувања на американското математичко друштво“ (Американско математичко друштво) 53 (9): 1037–1044. октомври 2006. http://www.ams.org/notices/200609/comm-prize-fields.pdf. (англиски)
- ↑ „Самотен руски математичар ја одби највисоката математичка почест“, CBC, 22 август 2006 (проверено на 26 август 2006). (англиски)
- ↑ „Математички гениј ја одби највисоката награда“, BBC, 22 август 2006 (проверено на 22 август 2006). (англиски)
- ↑ Израелец доби „Нобелова“ награда за математика, JPost.com (англиски)
- ↑ Кенет Чанг. „Патешествија во далечните „полиња“ на простите броеви“, The New York Times, 12 март 2007. (англиски)
- ↑ „Список на добитници на Филдсовиот медал“. Меѓународна математичка унија (IMU). 8 мај 2008. http://www.mathunion.org/general/prizes/fields/prizewinners. проверено на 25 март 2009. (англиски)
- ↑ „Шинг-Тунг Јау“. http://en.wikipedia.org/wiki/Shing-Tung_Yau. (англиски)
- ↑ „Израелец ја освои најпрестижната математичка награда во светот“, 19 август 2010 (проверено на 19 август 2010). (англиски)
- ↑ „Нго Бао Чау“. http://en.wikipedia.org/wiki/Ng%C3%B4_B%E1%BA%A3o_Ch%C3%A2u. (англиски)
- ↑ „Меѓународен конгрес на математичарите“. Математичко друштво на Франција. http://smai.emath.fr/IMG/pdf_ICM-L1v3l.pdf. проверено на 7 јули 2010. (француски)
- ↑ „Нго Бао Чау ја доби математичката награда Филдсов медал“, 19 август 2010 (проверено на 19 август 2010). (виетнамски)
- ↑ Кипра, Бари. „Доделени Филдсови медали и други врвни математички награди“, 19 август 2010 (проверено на 19 август 2010). (англиски)
Литература [уреди]
- пренасочување Шаблон:Наведена книга
- Tropp, Henry S. (1976). „The Origins and History of the Fields Medal“. „Historia Mathematica“ 3 (2): 167–181. doi:.
Надворешни врски [уреди]
- Официјална страница (англиски)

