Канадски долар
| Канадски долар Dollar canadien (француски) |
|||||
|
|||||
| ISO 4217 код | CAD | ||||
|---|---|---|---|---|---|
| Официјален корисник | |||||
| Неофицијален корисник | |||||
| Инфлација | 2.1% (2010) | ||||
| Извор | The World Factbook, 2009 est. | ||||
| Подвалута | |||||
| 1/100 | цент (англиски) и су (колоквијално) (француски) | ||||
| Симбол | $ или C$ | ||||
| цент (англиски) и су (колоквијално) (француски) | ¢ | ||||
| Прекар | луни, бак (англиски) Huard, piastre (обично се изговара пиасè) (француски) |
||||
| Монети | |||||
| Најчесто користени | 1¢, 5¢, 10¢, 25¢, $1, $2 | ||||
| Поретко користени | 50¢ | ||||
| Банкноти | |||||
| Најчесто користени | $5, $10, $20, $50 | ||||
| Поретко користени | $100 | ||||
| Централна банка | Банка на Канада | ||||
| Мреж. место | www.bankofcanada.ca | ||||
| Печати | Canadian Bank Note Company, BA International Inc. | ||||
| Ковница | Royal Canadian Mint | ||||
| Мреж. место | www.mint.ca | ||||
Канадски долар (ISO 4217:CAD, нумерички код: 124) е официјална валута на Канада уште од 1858 година. Обично се означува со симболот за долар - $, или алтернативно - C$ за да се разликува од останатите доларски валути. Канадскиот долар се дели на 100 центи.
Во употреба се банкноти од 5, 10, 20, 50 и 100 долари и монети во апоени од 2$, 1$, 25 центи, 10 центи, 5 центи и 1 цент. Монетата од 50 центи е ретка. Банкнотите од 2 и 1000 долари од 1986 г. до денес се повлечени од употреба.
Популарен назив за монетата од еден долар е “бак“ (назив за мажјак на дабар)[1] (анг. buck) или „луни“ (loonie), затоа што на него е прикажана канадска гуска (анг. loon). По аналогија името за монетата од два долари е „туни“ (toonie). Монетата од 25 центи се нарекува „квотер“ (анг. quarter), а 1 цент уште се нарекува и „пени“ (анг. penny).
Франкофонските Канаѓани монетата од еден долар ја викаат „уар“ (франц. Huard).