Абелова награда
| Абелова награда | |
|---|---|
| Се доделува за | извонредна научна работа на полето на математиката. |
| Наградува | Норвешка академија на науките |
| Држава | Норвешка |
| Воведена | 2003 |
| Мреж. место | abelprize.no |
Абеловата награда е меѓународна награда која секоја година ја доделува кралот на Норвешка на еден или повеќе истакнати математичари. Наградата го носи името на норвешкиот математичар Нилс Хенрик Абел (1802–1829). Оваа награда се смета за „Нобелова награда по математика“[1][2][3][4][5] [6] и се вбројува меѓу најпрестижните математички награди. Наградата е и парична, со износ од 684.000 евра (2009 г.).[7]
Добитниците секоја година ги прогласува Норвешката академија на науките откако изборот ќе го направи одбор од пет меѓународни математичари. На чело на одборот стои математичарот Кристијан Сејп. Паричниот износ на наградата е сличен на оној на Нобеловата награда. Наградата е воспоставена во 2001 година со почетен фонд од 200.000.000 круни (околу $24.000.000 долари) во 2001 г. Наградата се доделува во обид да се создаде публицитет и јавна свест за математиката, и со цел да се подигне угледот на математиката, особено кај младите.
Наградниот одбор го има основано и Абеловиот симпозиум, со кој раководи Норвешкото математичко друштво.
Содржина |
Историја [уреди]
Наградата за прв пат била предложена како дел од прославата во на 100-годишнината од Абеловото раѓање во 1902 г.[8] Во 1899, накратко по неговата смрт, Софус Ли предложил да се формира Абелова награда откако дознал во 1897 дека Алфред Нобел не планирал да ја вклучи математиката во неговите награди. Шведскиот крал Оскар II се согласил да ја финансира математичката награда во име на Абел, па така матемаричарите Лудвиг Силов and Карл Стермер изработиле нацрт-статути и правила за предложената награда. Меѓутоа влијанието на Ли обледнело по неговата смрт, и распаѓањето на Шведско-Норвешката Унија во 1905 значело неуспех за првиот обид за формирање на Абеловата награда.
Во 2001, откако се родил обновен интерес за наградата, формирана е работна група за предлогот, а самиот предлог бил поднесен на разгледување кај премиерот на Норвешка во мај месец истата година. Во август 2001, владата на Норвешка најавила дека доделувањето на наградата ќе по чне од 2002 г., по повод двесте-годишнината од раѓањето на Абел. По извесни одложувања, првата награда е всушност доделена во 2003 г.
Во текот на првите седум години (2003–2009), три добитници на наградата (Лакс, Варадан и Громов) се математичари вработени или во соработка со Курантовиот институт за математички науки.
Добитници [уреди]
| Година | Добитник/ци | Националност | Причина |
|---|---|---|---|
| 2003 | Жан-Пјер Сер | „за играње на клучна улога во обликувањето на денешната математика, вклучувајќи ја топологијата, алгебарската геометрија и теоријата на броевите“ | |
| 2004 | Мајкл Атија Изадор Зингер |
„за откривање и докажување на теорема за индексите, здружувајќи ја топологијата, геометријата и анализата, како и за нивната инзвонредна улога во градењето на мостови помеѓу математиката и теоретската физика“ | |
| 2005 | Питер Лакс | „за неговите пионерски придонеси кон теоријата и примената на делумните диференцијални равенки и за пресметувањето на нивните решенија“ | |
| 2006 | Ленарт Карлесон | “за неговите темелни и знаменити придонеси кон хармоничната анализа и теоријата на мазните динамички системи” | |
| 2007 | Ш. Р. Шриниваса Варадан | „за неговите темелни придонеси кон теоријата на веројатноста, а особено за создавање на унифицирана теорија на големите отстапувања“ | |
| 2008 | Џон Г. Томпсон Жак Титс |
„за нивните темелни достигнувања во алгебрата, а особено за обликување на современата теорија на групите“ | |
| 2009 | Михаил Громов | „за неговите револуционерни придонеси кон геометријата“ | |
| 2010 | Џон Тејт | „за неговото огромно и трајно влијание врз теоријата на броевите“ | |
| 2010 | Џон Милнор | „за епохални откритија во топологијата, геометријата и алгебрата“ | |
| 2012 | Ендре Семереди | „за неговите суштински придонеси во дискретната математика и теоретската информатика, и како признание за телемното и трајно влијание на овие придонеси врз адитивнатата теорија на броевите и ергодичната теорија”[9] |
Видете исто така [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ Cipra, Barry (2009-03-26). „Руски математичар ја доби Абеловата награда“. Science. http://sciencenow.sciencemag.org/cgi/content/full/2009/326/1. проверено на 2009-03-29.
- ↑ Геометар ја добива „Нобеловата награда“ по математика, nature.com, март 2009.
- ↑ Револуционерниот геометар Громов, „Нобел“ на математиката , Ел Паис, март 2009
- ↑ Руски математичар ја доби математичката верзија на Нобеловата награда, Scientific American (блог), март 2009.
- ↑ Доделена е Абеловата награда: Нобеловата награда за математичари, Keith Devlin, maa.org, April 2004.
- ↑ Громов брои три награди во Њујоршкиот универзитет, Њујорк Тајмс, 1 јуни 2009.
- ↑ „Француско-рускиот математичар Громов ја доби Абеловата награда“ AFP, 26 март 2009
- ↑ Историја на Абеловата награда (англиски)
- ↑ „Лауреат на Абеловата награда за 2012 г.“. Абелова награда - официјална страница. http://www.abelprize.no/c54147/seksjon/vis.html?tid=54148. проверено на 21 март 2012. (англиски)
Надворешни врски [уреди]
- Официјална страница на Абеловата награда (англиски)
- Страница на Абеловиот симпозиум (англиски)
- „Абелова Награда“ од Ерик В. Вајсштајн - MathWorld (англиски)

