Прејди на содржината

Автономна Република Крим

Од Википедија — слободната енциклопедија
Автономна Република Крим
  • Автономная Республика Крым
  • Автономна Республіка Крим
  • Qırım Muhtar Cumhuriyeti
Знаме Грб
Гесло
руски: 'Процветание в единстве'  
„Процут во единството“
Химна
руски: 'Нивы и горы твои волшебны, Родина'  
„Твоите полиња и гори се волшебни, Татковино“

Местоположба на Крим (црвена боја) во однос на Украина (бела боја).
Местоположба на Крим (црвена боја) во однос на Украина (бела боја).
Местоположба на Крим (црвена боја) во однос на Украина (бела боја).
Главен градСимферопол
44°56′N 34°6′E / 44.933° СГШ; 34.100° ИГД / 44.933; 34.100
Најголем град главниот град
Службен јазик украински
Признаени регионални јазици
Народности (2001)
Уредување Автономна република
 •  Претседателски претставник Сергеј Куницин
 •  Премиер Сергеј Аксјонов
 •  Претседател на парламентот Владимир Константинов[1]
Законодавство Врховна Рада
Автономија од Руската Империја / Советскиот Сојуз
 •  Прогласена 18 октомври 1921 
 •  Укината 30 јуни 1945 
 •  Повторно воспоставенаb 12 февруари 1992 
 •  Устав 21 октомври 1998 
Површина
 •  Вкупна 26,100 км2 (148.)
Население
 •  проценка за 2007 г. 1.973.185 (148.)
 •  Попис 2001 2.033.700 
 •  Густина 75,6 жит/км2 (116.)
Валута украинска гривна (UAH)
Часовен појас EET (UTC+2)
 •  (ЛСВ) EEST (UTC+3)
НДД crimea.uac
Повик. бр. +380d
а. Бидејќи украинскиот јазик е единствен службен јазик во Украина, ниеден друг јазик не може да биде службен, иако според Уставот на Крим, рускиот јазик е јазик за меѓуетничко општење. Меѓутоа, владините работи главно се извршувани на руски јазик, со што тој де факто е службен јазик. Застапен е и кримскотатарскиот јазик.
б. Автономијата на Кримската област била повторно воспоставена, кога Автономната Република Крим станала независна во рамките на сега независната Украина.
в. Не е официјално доделен.
г. +380-65 за Автономната Република Крим, 380–692 за административно одвоениот Град Севастопол.

Автономна Република Крим (украински: Автономна Республіка Крим, руски: Автономная Республика Крым, кримскотатарски: Qırım Muhtar Cumhuriyeti, Къырым Мухтар Джумхуриети) — поранешна автономна република во состав на Украина, сместена во поголемиот дел од полуостровот Крим.[2][3][4]

Во 2014 г. Крим се соочил со безбедносна опасност поради украинската криза и распишал референдум, каде народот во огромно мнозинство изгласал отцепување од Украина и припојување кон Руската Федерација. Во март истата година полуостровот преминал во руската Република Крим.

Републиката зафаќала површина од 26.200 км2 и во 2007 г. имала 1.973.185 жители. Главен град бил Симферопол, кој се во средишниот дел на полуостровот.

Историја

[уреди | уреди извор]

Територијата на Крим била освојувана и контролирана многупати во текот на неговата историја. Кимеријците, Старите Грци, Скитите, Готите, Хуните, Прабугарите, Хазарите, државата Киевска Русија, Византија, Кипчаците, Отоманското Царство, Златната Орда и Монголите го контролирале Крим некое време во текот на историјата. Во XIII век, делумно бил контролиран од Венецијанците и од Република Џенова; по што следеле Кримското ханство и Отоманското Царство во периодот XV-XVIII век, Руската Империја од XVIII до XX век, Германија во Втората светска војна и Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република, а подоцна и Украинската Советска Федеративна Социјалистичка Република, во рамките на Советскиот Сојуз во текот на XX век.

Припојување кон Украина

[уреди | уреди извор]

Во 1954 г. Крим е одземен од тогашната Руска СФСР и доделен на Украинската ССР по одлука на тогашниот државник Никита Хрушчов и без никакво консултирање на јавното мислење.[5] Како таков, Крим останува во Украина сè до неговото отцепување на референдум во 2014 г.

Криза и отцепување

[уреди | уреди извор]

По немирите во Украина, во 2014 г. во Крим се јавува т.н. „Кримска криза“ поттикната од стравувања кај мнозинското руско население од загрозеност. Како последица од тоа Русија, извесни неофицијални единици и месното население издејствуваат смена на управата на републиката. Подоцна, парламентот на Крим носи одлука за припојување на Крим кон Русија под услов предлогот да помине на референдум во самиот Крим и Севастопол. Управата на Крим потоа распишува референдум за оцепување од Украина за 16 март истата година.[6] На референдумот, преку 96,77% од граѓаните искажале поддршка за присоединување кон Русија, при излезност од 83%.[7] Дел од Кримските Татари не излегле на гласање.

Западните сили и нивните заеднички сојузи и организации се искажале дека го сметаат референдумот за незаконит и неважечки, бидејќи во него не учествувале сите граѓани на Украина во целина. Меѓутоа, уште во самиот проглас за независност се образложува правната полноважност на референдумот, повикувајќи се на примерот со Косово, кое исто така еднострано прогласило независност без да се праша целата тогашна Србија.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Над 60% од населението на Крим биле етнички Руси (2001).[8]

Кримските Татари биле малцинска народност со околу 12% од целокупното население,[9] а се доселени во Крим во доцниот среден век, кога постоело Кримското ханство. Биле присилно раселени во Средна Азија во текот на владеењето на Сталин. По падот на Советскиот Сојуз, Кримските Татари се повикани да се вратат и тоа го сториле во значајно поголеми броеви отколку што зминале.[10]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Vasyl Dzharty of Regions Party heads Crimean government, Kyiv Post (17 март 2010).
  2. Региони и територии: Република Крим, BBC News
  3. Автономна Република Крим
  4. Владин портал за Автономната Република Крим
  5. "Подарунок Хрущова". Як Україна відбудувала Крим | Історична правда
  6. „Парламентот на Крим донесе одлука за припојување кон Русија - Нова Македонија“. Нова Македонија. 6 март 2014. Посетено на 6 март 2014.[мртва врска]
  7. „Повеќе од 90 отсто од жителите на Крим се изјасниле за присоединување кон Русија - Нова Македонија“. Нова Македонија. 16 март 2014. Посетено на 17 март 2014.[мртва врска]
  8. Околу бројот и составот на населението во Автономната Република Крим по податоците од украинскиот попис, 2001
  9. http://2001.ukrcensus.gov.ua/eng/results/general/nationality/Crimea/ англиски: {{{1}}}
  10. Пол Ј. Ото. Сталинистичкиот казнен систем: Статистичка историја на советските репресии и теророт. Mc Farland & Company, Inc, Publishers. 1997. 23.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]