Као какао (музички албум)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Као Какао“
Студиски албум од Леб и Сол
Издаден1987
Снимен1986–1987
ЖанрЏез, рок
Траење38:46
Издавачка куќаЈуготон
ПродуцентВлатко Стефановски
Бодан Арсовски
Леб и Сол — Хронологија
Звучни Зид
(1986)
Као Какао
(1987)
Путујемо
(1989)

Као какао (српски: Како какао) е деветтиот студиски албум на македонската рок група Леб и сол. Албумот бил издаден во 1987 година од издаваката куќа „Југотон“ од Загреб.

Список на песни[уреди | уреди извор]

Албумот содржи девет песни:[1]

Бр. Наслов Траење
1. „Мамутни луѓе (Мамурни људи)“   4:20
2. „Како какао (Као какао)“   4:13
3. „Femme Fatale“   4:05
4. „Ја чувам ноќта од будните (Чувам ноћ од будних)“   5:38
5. „Криза на триесеттите (Криза тридесетих)“   3:39
6. „Автопат (Аутопут)“   4:15
7. „Играј“   4:28
8. „Скопје“   2:31
9. „Го чекам дождот (Чекам кишу)“   5:37
Вк. траење:
38:46

Постава[уреди | уреди извор]

Технички информации[уреди | уреди извор]

„Како какао“ е првиот албум на Леб и Сол во кој нема ниту една инструментална композиција. Автор на текстовите на нумерите: 1, 2, 4, 5, 7 и 8 е Влатко Стефановски, а Горан Стефановски е автор на текстовите за 6 и 8 песна. Автор на текстот на песната „Femme Fatale“ е Арсен Дедиќ, а во таа песна настапува Драгана Шариќ, позната со своето сценско име Беби Дол. На оваа песна гостува и перкусионистот Мишко Михајловски, а на последната песна гостува Рони Вотен (Ronnie Wathen) кој свири на ирска гајда. На неколку песни гостува Ана Костовска во улога на помошен вокал. Влатко Стефановски ги пее сите песни, освен песната „Автопат“ која ја пее Бодан Арсовски. Автори на аранжманите на песните се членовите на групата, а албумот го продуцирале Влатко Стенавоски, Бодан Арсовски и Брацо Зафировски, кој бил снимател и миксер на албумот. Албумот е снимен и миксиран во текот на зимата 1986/1987 година, во студиото „М2“ на Радио-телевизија Скопје. На предната страна на албумот е ставена сликата „Ta Matete“ на Пол Гоген од 1892 година (која ја фотографирал Федор Џамоња), а албумот го дизајнирал Иван Пико Станчиќ.[2] [3]

Наводи[уреди | уреди извор]