Шпанска граѓанска војна: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Нема опис на уредувањето |
|||
Ред 65: | Ред 65: | ||
<center> |
<center> |
||
<gallery> |
<gallery> |
||
File:Makedonski ucesnici vo Spanskata vojna.jpg|thumb|Македонски учесници во Шпанската граѓанска војна |
|||
File:Alekso Demnievski - Bauman.jpg|thumb|Биста на Алексо Демниевски - Бауман во Велес |
File:Alekso Demnievski - Bauman.jpg|thumb|Биста на Алексо Демниевски - Бауман во Велес |
||
Податотека:Boro Pockov - SR statue.JPG|мини|200п|Биста на Боро Поцков во Струмица |
Податотека:Boro Pockov - SR statue.JPG|мини|200п|Биста на Боро Поцков во Струмица |
Преработка од 17:43, 16 јули 2018
Шпанска граѓанска војна | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од меѓувоениот период | |||||||
Инернационални бригадисти на тенк |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Републиканци
Поддржани од | Националисти
Поддржани од |
||||||
Сила | |||||||
сила во 1938:[1]
| сила во 1938:[2]
|
||||||
Жртви и загуби | |||||||
|
Шпанска граѓанска војна (17 јули 1936 – 1 април 1939), позната и како Шпанска револуција — војна помеѓу шпанската републиканска влада и нејзините левичарски поддржувачи, од една страна, и бунтовниците, војската и десно-ориентираните формациии, на чело со Франциско Франко од друга.
Во војната се вмешуваат и странски сили. Иако во принцип е усвоена политика на немешање, СССР ја поддржува владата (иако помошта на СССР е во голема мера двосмислена), а Франко е поддржан од Италија на Мусолини и од Хитлерова Германија. На страната на владата се борeле и доброволци од многу земји, кои главно биле дел од Интернационалните бригади. Меѓу попознатите личности кои се бореле на страната на Републиката биле: Џорџ Орвел, Ернест Хемингвеј, Андре Малро и други.
По тригодишна војна во која загинале од 500.000 до 1.000.000, победа извојувале бунтовниците на Франко, воспоставувајќи десничарска диктатура и монархија.
Истовремено со одбраната на Републиката од Франко и десницата, одредени левичарски струи, особено анархистите, се стремат да извршат социјална револуција. Нивните стремежи се сузбиени, во прв ред поради дволичната улога што во текот на Шпанската граѓанска војна ја играат комунистите.
Македонци во Шпанската граѓанска војна
На страната на Републиката се бореле и 137 Македонци,[4][5] од трите делови на Македонија и од дијаспората. Тие во Шпанија доаѓале од Македонија, но и од Франција, Канада, САД, Советскиот Сојуз, Аргентина, Белгија, Албанија, Панама и други земји. Помеѓу попознатите се:[6] Алексо Демниевски - Бауман, Цветко Узуновски, Ганчо Хаџипанзов, Елисие Поповски и Кирил Ќамилов. Останати македонски шпански борци се: Спас Банџов, Трајко Мишковски, Иван Дојчинов, Боро Поцков, Урфи Аголи, Трифун Бузев, Тане Наумов, Димитар Тодоров, Борис Атков, Владимир Арсовски, Ангел Димов, Петар Калев, Илија Јотов, Панајот Јотов, Андреј Колешинов, Григор Атанасовски и други. Македонци - шпански борци имало и од иселеништвото. Помеѓу македонските иселеници кои се бореле на страната на Шпанската Република биле и: Вангел Темелковски, Панајот Хаџиев, Димитар Тотев, Ламбро Марковски, Џорџ Пол, Димитар Бузев, Мајк Белов, Џан Томсон и други.
Македонските доброволци учествувале речиси на сите главни фронтови и герилата во Валенсија, Арагон, Мадрид, Каталонија, Харама, Кордоба, Брунете, и на други места. На воените боишта животите ги положиле 65 Македонци, околу половина од вкупниот број борци.[7][8]
Шпанската граѓанска војна како тема во ументоста
- „Во чест на Каталонија“ - книга на британскиот писател Џорџ Орвел од 1938 година.[9]
Галерија
-
Македонски учесници во Шпанската граѓанска војна
-
Биста на Алексо Демниевски - Бауман во Велес
-
Биста на Боро Поцков во Струмица
-
Биста на Спас Банџов во Охрид
-
Биста на Цветко Узуновски во Ресен
-
Биста на Елисие Поповски во Маврово
Наводи
- ↑ Thomas (1961). p. 491.
- ↑ Thomas (1961). p. 488.
- ↑ Beevor (2006). pp. 410–11. Beevor notes that around 150,000 had returned by 1939.
- ↑ „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 898 стр.
- ↑ Орде Иваноски „Во Шпанија светот ја бранеше демократијата“, „Утрински весник“, 31 јули 2006.
- ↑ Македонци учесници во Шпанската граѓанска војна
- ↑ Владимир Картов „КПЈ во Македонија и Шпанската граѓанска војна“ во „Историја“, 1986, бр. 1, 113 стр.
- ↑ Орде Иваноски „Во Шпанија светот ја бранеше демократијата“
- ↑ Džordž Orvel, Životinjska farma. Beograd; BIGZ, 1985, стр. 101.
Литература
- Елисие Поповски, Перо Коробар, Борис Вишински (ур.) „На шпанската земја“, „Култура“, Скопје, 1961.
- „Во срцето на Шпанија: сеќавања на интербригадистите од Македонија“, „Наша книга“, Скопје, 1975.
- Перо Коробар, Божо Стефановски „Во меѓународните бригади на Шпанија“ (ур.) „Студентски збор“, Скопје, 1989.
Надворешни врски
- Македонска архива за Шпанската граѓанска војна и револуција
- Здравко Савески, Здравко Стојкоски „Но пасаран: учеството на борците од Македонија во Шпанската граѓанска војна“, Левица, 2016
- Еди Конлон „Шпанската граѓанска војна: анархизам на дело“
- Текстови на „Окно“ за Шпанската граѓанска војна
- Ајлин О’Карол, „Mujeres libres: Женското анархистичко движење во текот на Шпанската граѓанска војна“, Движење за социјална правда „Ленка“
- Дес Мекарон, „Колективите за време на Шпанската револуција (1936-1939)“, Црн блок
- Август Лешник, „Југословенските интербригадисти во Шпанија“ во „Војно-историјски гласник“, бр. 1-2/2007, 21-49 стр. (српски)
Предлошка:Никулец од областа на историјата
|