Кирил Ќамилов
Кирил Ќамилов (Велес, 28 јануари 1898 - Скопје, 8 септември 1976)[1] ― македонски универзитетски професор и фолклорист. Бил учесник во Шпанската граѓанска војна и во НОВ.
Животопис
[уреди | уреди извор]Студирал на универзитетот Сорбона во Париз (1924). Завршил Филозофски факултет во Прага, а докторирал на Универзитетот во Нанси во 1936 година на тема „Прилог кон проучувањето на едукацијата на деца-методи и современи теории“, со што се стекнал со звањето доктор по педагошки науки.[2]
Во Шпанија, тој дошол од Белгија во јануари 1937 година. Бил во баталјонот „Георги Димитров“ и баталјонот „Дуран“. Бил офицер за врски и имал чин капетан.[3] По победата на франкистите, тој бил принуден да се исели со републикански пасош под името Хуан Лопез Гарсија (Juan Lopez Garcia) и бил интерниран во Винковци, од каде како член на отпорот, тој илегално бил префрлен во вардарскиот дел на Македонија, и од 1944 година учествувал во НОБ, во бригадата „Гоце Делчев“.
По Ослободувањето, тој како делегат и активист делувал во Националниот комитет на македонската емиграција во Софија од каде подоцна, со декрет на Министерството за просвета бил упатен во Скопје, каде во 1947 година бил еден од преосновачите на Филозофскиот факултет и Катедрата по педагогија. Во периодот 1947-1952 година, тој бил еден од првите повоени професори на Филозофскиот факултет, по предметот Историја на педагогијата. Подоцна бил научен соработник во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје, а од ноември 1964 до октомври 1966 година и негов директор. На овој институт работел сè до своето пензионирање во 1968 година.[4][5]
Од 2 октомври 1952 до 25 декември 1954 година бил затворен на Голи Оток.[6]
Во 1962 година, заедно со Мето Јовановски, ја приредил книгата „Темни кажувања“, која е составена од тринаесет приказни-сведоштва искажани од страна на девет усмени раскажувачи (старци и старици) во кои главно повикуваат на настаните и состојбите во тоа што е денес Југозападна Македонија, непосредно пред Илинденското востание.[7]
Литература
[уреди | уреди извор]- Љубиша Стојановиќ, „Животниот пат и интелектуалните доблести на Кирил Ќамилов“ во Вера Весковиќ-Вангели, „Литературата во Велес и Велешко меѓу двете светски војни“, Културно-просветна заедница на Македонија, Скопје, Културно-просветна заедница Титов Велес, 1995, 54-58 стр.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Нова Македонија“, 9 септември 1976, 3 стр.
- ↑ „д-р Кирил Ќамилов“, Институт за педагогија.
- ↑ Македонци учесници во Шпанската граѓанска војна, во Перо Коробар, Божо Стефановски (ур.) „Во интернационалните бригади на Шпанија“, „Студентски збор“, Скопје, 1989, 215-220 стр.
- ↑ Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, 1521 стр.
- ↑ Поранешни вработени на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“
- ↑ "16.101 golootočana, po spisku!" Архивирано на 31 декември 2013 г., "Novi plamen", 25.12.2013.
- ↑ Д-р Трајче Стамески, „Орална историја и колективна меморија (Темни кажувања на Кирил Ќамилов и Невестата на змејот на Влада Урошевиќ)“
| Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Никулци за Македонци
- Затвореници на Голи Оток
- Луѓе од Велес
- Македонски педагози
- Македонски фолклористи
- Македонски универзитетски професори
- Југословенски педагози
- Југословенски фолклористи
- Југословенски универзитетски професори
- Професори на Филозофскиот факултет - Скопје
- Учесници во Шпанската граѓанска војна
- Учесници во НОБ
- Починати во Скопје
- Велешани репресирани од југословенскиот режим
- Македонски затвореници и притвореници
- Југословенски затвореници и притвореници