Рур (река)
Рур | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Рајна 51°27′3″N 6°43′22″E / 51.45083° СГШ; 6.72278° ИГД |
Должина | 217 km |
Особености на сливот | |
Рур — средно голема река во западна Германија (Северна Рајна-Вестфалија), десна притока (источна страна) на Рајна.
Опис
[уреди | уреди извор]Изворот на Рур е во близина на градот Винтерберг во планинската област Зауерланд, на надморска височина од околу 670 метри. Се влева во реката Долна Рајна на надморска височина од 17 метри во градската средина на Дисбург. Нејзината вкупна должина е 218 километри, нејзиниот просечен истек е 79 м3/s (кубни метри во секунда) кај Милхајм во близина на нејзиното устие. Така, нејзиниот истек е, на пример, споредлив со реката Емс во Северна Германија или реката Темза во Обединетото Кралство.
Градови
[уреди | уреди извор]Најпрвин, Рур поминува низ градовите Мешеде, Арнсберг, Викеде, Френденберг, Холцвикеде, Изерлон и Шверте.
Потоа, реката ја обележува јужната граница на областа Рур, минувајќи ги Хаген, Дортмунд, Хердеке, Ветер, Витен, Бохум, Хатинген, Есен, Милхајм и Дисбург.
Областа Рур била главната индустриска област во текот на раните 1900-ти. Поголемиот број фабрики биле сместени тука. Окупацијата на Рур во 1920-тите од француските сили предизвикал ненасилен отпор; производството на фабриката престанало. Како резултат на тоа, хиперинфлационата криза станала уште полоша.
Езера
[уреди | уреди извор]Постојат пет вештачки езера на реката, често користени за рекреативни цели:
- Хенгстојзе помеѓу Дортмунд и Хаген; површина од 1,36 км2, висина на браната од 4,5 м
- Харкортзе помеѓу Хаген Хердеке и Вертер; површина од 1,37 км2, висина на браната од 7,8 м
- Езеро Кемнадер помеѓу Витен и Бохум; површина од 1,25 км2, висина на браната од 2 м
- Балденојзе во Есен-Верден; површина од 2,64 км2, висина на браната од 8,5 м
- Езеро Кетвигер во Есен-Кетвиг; површина од 0,55 км2, висина на браната од 6 м
Соседниот индустриски регион ја прифатил неговото име од оваа река.
Рур се користи за подготовка на водата за пиење и е од добар квалитет, факт кој содржи определена лингвистичка иронија, бидејќи зборот „Ruhr“ означува дизентерија на германски. Нејзините речни брегови се одликуваат со големи отворени простори и паркови, кои се користат за рекреација.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Рур (област)
- Окупација на Рур (1923–1924)
- Соседни реки: Рајна, Липе, Емшер.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Податотеки поврзани со Ruhr на Ризницата
- Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press.
|
|