Прејди на содржината

Ноќни вештерки

Од Википедија — слободната енциклопедија
588. Ноќен бомбашки полк (1942–1943)
46. Гардиски Ноќен бомбашки воздухопловен полк (1943–1945)
Поликарпов По-2 — авионот користен од полкот
Активна1942–1945
ЗемјаСоветски Сојуз
РодСоветски воздухопловни сили
УлогаБомбашки оган и Тактичко бомбардирање
ПрекариНоќни вештерки
БиткиИсточниот фронт на Втората светска војна
ОдликувањаГардиска единица
Орден на Црвеното знаме
Суворовов Орден
Команданти
Командант на полкотЕвдокија Бершанскаја
Заменик командант на полкотСерафима Амосова
КомесарЕвдокија Рачкевич
Летала
БомбардерПоликарпов По-2

Ноќни вештерки (германски: die Nachthexen; руски: Ночные ведьмы, англиски: Night Witches) — прекар даден од страна на Германците во Втората светска војна за жените воздухопловци кои се дел од 588. Ноќен бомбашки полк, подоцна преименуван во 46. Тамански Гардиски ноќен бомбашки воздухопловен полк на Советските воздухопловни сили. Иако првично на жените им е забрането учеството во борба, советскиот водач, Јосиф Сталин, издава наредба на 8 октомври 1941 година да се формираат три женски воздухопловни единици, вклучувајќи го и 588. полк. Полкот, формиран од мајорот Марина Раскова и предводен од мајорот Евдокија Бершанскаја, е составен главно од жени волонтери во нивните доцни тинејџерски и рани дваесетти години.[1]

Историја и тактика

[уреди | уреди извор]

Полкот лета на бомбашки мисии против Германската војска од 1942 година до крајот на војната.[2] Полкот најмногу броел 40 тимови од двајца луѓе. Имаат прелетано над 23 000 мисии, исфрлајќи над 3000 тони бомби и 26 000 чаури.[3][4] Полкот претставува најодликуваната женска единица од Советските воздухопловни сили, со многу пилоти кои прелетале над 800 мисии кон крајот на војната и дваесет и три членови кои се именувани за Херои на Советскиот Сојуз. Дваесет и два члена од полкот загинуваат за време на војната.[5]

Полкот лета со авионите двокрилци Поликарпов У-2 направени од платно и дрво, дизајн од 1928 година кој првично е наменет да се употребува во воздухопловниот тренинг како летало за обука, па затоа и неговото оригинално име содржи "У-" (учебный); наменето е и за наводнување на земјоделските култури, за што исто така постои специјализирана верзија У-2ЛНБ за вид на ноќни бомбашки мисии од 588от Полк и до денес останува најпроизведуваниот дрвен двокрилен авион во историјата на воздухопловството. Авионите можат да носат само две бомби истовремено, па често е потребно да се извршуваат осум или повеќе мисии во една ноќ.[6] Иако леталата се застарени и бавни, пилотите прават храбри потези и исклучителни маневри: ја имаат предноста максималната брзина на авионот да е помала од брзината на подигнувањето на авионите Месершмит Бф 109 и Фоке-Вулф Фв 190, како резултат на што германските пилоти ги сметаат авионите Поликарпов тешки за соборување, со исклучок на германскиот ас, Јозеф Коциок, кој го запира дејствувањето на полкот една цела вечер, откако соборува четири нивни авиони на 31 јули 1943 година.[7]

Напаѓачката техника на ноќните бомбери пилоти од Ноќните вештерки е да го деактивираат моторот на леталото кога се во близина на метата и да се движат така до моментот кога треба да ја исфрлат бомбата, па така единствено звукот на ветрот ја оддава нивната локација. Германските војници го поврзуваат овој звук со звукот што го прават метлите, па така пилотките од овој полк го добиваат прекарот "Ноќни вештерки".[1][8] Due to the weight of the bombs and the low altitude of flight, the pilots carried no parachutes until 1944.[9]

Кога полкот е распореден на воениот фронт во јуни 1942 година, 588от Ноќен бомбашки полк е дел од Четвртата Воздухопловна Армија на Јужниот фронт. Во февруари 1943 година, полкот е прогласен за гардиска единица и е преименуван во 46ти Гардиски ноќен бомбашки воздухопловен полк од 325тата Ноќна бомбашка воздухопловна дивизија, Четвртата Воздухопловна Армија, Вториот Белоруски фронт; во октомври 1943 година станува 46ти "Тамански" Гардиски ноќен бомбашки воздухопловен полк.[10] Придавката "Тамански" се однесува на вклученоста на единицата во операциите Новоросијск-Таман на Таманскиот Полуостров во текот на 1943 година.

Времеплов и операции

[уреди | уреди извор]

Членовите на полкот се обучувани на училиштето за воено воздухопловство Енгелс, од каде се распоредени на Јужниот фронт како дел од 21та Дивизија на Четвртата Воздухпловна Армија на 23 мај 1942 година. На фронтот пристигнуваат на 27 мај.[11][12]

За време на текот на војната, полкот се здобива со приближно 23 672 мисии во борба, вклучувајќи ги и оние во следниве битки:[3]

  • Битка на Кавказ – 2920 мисии
  • Кубањ, Таман, Новоросијск – 4623 мисии
  • Кримска офанзива - 6140 мисии
  • Белоруска офанзива - 400 мисии
  • Полска офанзива - 5421 мисии
  • Германска офанзива - 2000 мисии

Вкупно полкот заедно прелетува околу 28 676 часа летање, исфрла над 3000 тони експлозиви и над 26000 запалливи чаури, оштетувајќи или потполно уништувајќи 17 мостови, девет железници, две железнички станици, дваесет и шест магацини, дванаесет депоа за гориво, 176 оклопни автомобили, 86 позиции за оган и 11 рефлектори. Покрај бомбардирањето, единицата изведува и 155 мисии за снабдување храна и муниција на советските сили.[3]

Службеници

[уреди | уреди извор]
Податотека:Nosal pre war (cropped).jpg
Евдокија Носал, првиот член на полкот која е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз и првата жена пилот на која посмртно ѝ е доделена оваа титула.
Ирина Себрова прелетува 1008 мисии во војната, повеќе од кој било друг член на полкот.

Во полкот служат вкупно 261 човек, од кои 32 умираат од различни причини, вклучувајќи авионски несреќи, смрт во борба и туберкулоза, покрај 28 летала кои се испишани.[13][14]

водачко тело

[уреди | уреди извор]

Уапсено членство

[уреди | уреди извор]

Постариот инженер Софија Озеркова е осудена на смртна казна од воен трибунал во 1942 година, но подоцна е ослободена откако нејзината казна е суспендирана, па таа се враќа на својата позиција.[15] Механичарите Раиса Харитонова и Тамара Фролова се осудени на десет години затвор поради расклопување на осветлувач (користен од страна на навигаторите за да се видат метите на бомбашките напади) и поради користење на малиот свилен падобран за да сошијат долна облека. Двете се реобучени како навигатори, но Фролова загинува откако е соборена при нападот на Таманската сина линија.[16][17]

Херои на Советскиот Сојуз, Русија и Казахстан

[уреди | уреди извор]

Дваесет и три членови на полкот се прогласени за Херој на Советскиот Сојуз, две за Херои на Руската Федерација и една е прогласена за Херој на Казахстан.[18]

Херои на Советскиот Сојуз

[уреди | уреди извор]

Херои на Руската Федерација

[уреди | уреди извор]

Херој на Казахстан

[уреди | уреди извор]

Други женски полкови

[уреди | уреди извор]

На 8 октомври 1941 година, наредбата број 0099 дава дозвола и спецификации за формирање на три женски полкови - целото членство од техничари до пилоти да биде составено од жени. Другите два полка се 586от Борбен воздухопловен полк, кој го користи авионот Јак-1, и 587от Бомбашки воздухопловен полк, којшто ги користи двомоторните Пе-2 нуркачки бомбери авиони. Подоцна единицата е назначена за гарда и го добива името 125ти Гардиски нуркачки бомбашки полк.[19] Иако сите три полка се планирани да бидат составени само од жени, сепак нема да останат целосно женски полкови.[20] 586от и 588от полк вработуваат машки механичари.[21][22] 586от полк го прави тоа бидејќи ниту една жена пред војната не е обучувана да работи на борбените авиони Јаковлев. Командантот на 586от полк, мајорот Тамара Александровна Казаринова, е заменета со маж, мајорот Александар Василевич Гриднев, во октомври 1942 година. 587от полк првично е под команда на Марина Раскова, но по нејзината смрт во 1942 година, нејзиното место го зазема мајорот Валентин Василевич Марков. Зашто е потребен висок човек да работи на задниот митралез на нуркачките бомбери - авионите на 587от полк, Петљаков Пе-2, но малку жени се доволно високи за тоа, во полкот се мобилизирани неколку мажи како радио оператори и опашни стрелци.[5][23] Возачот и оперативците на рефлекторот во 588от полк се исто така мажи.[24][25]

Во медиумите

[уреди | уреди извор]
Советски омот на плико од 1982 година во чест на четириесет-годишнината од формирањето на полкот.

Филмски и телевизиски претставувања

[уреди | уреди извор]
  • Во 1974, Советскиот филм Само стари мажи одат во битка прикажува две Ноќни вештерки како љубовни интереси на главните ликови.[26]
  • Во 1981, Советски долгометражен филм наречен Во небото на Ноќните вештерки [ru] (В небе ночные ведьмы) е режиран од страна на Евгенија Жигуленко, Херој на Советскиот Сојуз и член на полкот.[27]
  • Во 2001 година, во британско-руска ко-продукција, требаше да биде направен филм со Малколм МекДовел, Софи Марсо и Ана Фриел, но истиот не добива поддршка од американско студио.[28]
  • Во 2013 година се издадени две различни продукции. Првата во форма на кратка анимација наречена Ноќната вештерка во чест на Надежда Попова (која умира порано истата година), направен во соработка со Њујорк Тајмс Магазин и изданието Животите што тие ги живееја и режиран од Алисон Клајман.[29] Втората, руска ТВ серија насловена Ноќта проголтува, многу лабаво заснована врз 588от полк е продуцирана и дистрибуирана.[30] Исто така постои известување истата година дека ќе се пишува филм од страна на Грегори Ален Хауард и финансиран од внукот на Борис Јелцин, но нема дополнителни известувања од првичното објавување на веста.[31]
  • Во 2015 е објавено дека Еклектрик Пикчрс купува сценарио од напишано од Стивен Проус наречено Ноќните вештерки, кое освојува над дваесет и пет натпревари за сценарија, повеќе од било кое друго достапно сценарио.[32]

Наводи во медија

[уреди | уреди извор]
  • Ноќните вештерки се појавуваат во британскиот стрип Џони Ред, создаден од Том Тули и Џо Колун за Battle Picture Weekly.[33][34]
  • Друг стрип каде се појавуваат Ноќните вештерки е "Големиот војвода" од Јан и Ромаин Хугаулт (Арчаија Ентертеинмент, 2012.)[35]
  • 'Операцион Нахтхексен', приказна во изданието 4599 на Комадо (мај 2013), првиот случај кога жена е главен лик во приказна во оваа публикација. Додавањето на две понатамошни приказни, 'Лов на Вештерки' (4616, јули 2013) и 'Враќањето на воинот' (4635, септември 2013), ја создава трилогијата 'Нахтхексен Сага'. Сите три приказни се напишани од Мак МекДоналд и илустрирани од Карлос Пино. Протагонистот се вика Јана Белинки.
  • Џејсон Морнингстар создава игра Ноќни вештерки (Були Пулпит Гејмс, 2015).[36]
  • Црвени сестри, црни неба е ЛАРП за 18 играчи, изведена на Конвенцијата на феномен на играње улоги во Канбера во 2017 година и е заснована на играта на Џејсон Морнингстар. Играта е одржана во две сесии и вклучува социјална интеракција помеѓу ноќните напади во распон од три дена.
  • Полкот е инспирација за првата песна, „Ноќни вештерки“ (анг. Night Witches), од студио албумот од 2014 година, Херои од шведскиот пауер метал бенд Сабатон.[37]
  • Во 2017, компанија за аудио драма која ги продуцира официјалните Доктор Ху претстави, Биг Финиш Продакшнс, ја издава Ноќните вештерки, историска авантура напишана од Роланд Мур, прикажувајќи го и Вториот Доктор.[38]
  • Варвара Сидоровна, лик во романите и стриповите од серијалот Реки на Лондон од Бен Аронович, е вистинска вештерка (или "практикувач на магии"), која некогаш била член на Ноќните вештерки. Иако таа има околу 90 години во времето кога се одвиваат настаните од овој серијал (ран 21 век), нејзиното стареење е вратено некаде околу 1966 година и таа изгледа како млада жена.
  • Поручникот Људмила Горбунова, од Светска војна од Хари Тртлдов, е член на Ноќните вештерки.
  • Романот насловен Ноќни вештерки од Катрин Ласки.[39]
  • Романот Ќерќи на ноќното небо од Ејми К. Ранјан.
  • Романот Ловџика од Кејт Квин.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „Nadezhda Popova, WWII 'Night Witch' dies at 91“. The New York Times. July 14, 2013.
  2. "Rakobolskaya, Irina V.; Kravtsova, Natalya F. (2005). Нас называли ночными ведьмами [We were called the Night Witches] (руски). Moscow: Moscow State University. ISBN 5-211-05008-8.
  3. 3,0 3,1 3,2 Mikhail, Maslov. Прославленный ПО-2 : "небесный тихоход", "кофемолка", "чокнутый будильник". Moskva. ISBN 9785699902668. OCLC 981761317.
  4. „Nadezhda Vasilyevna Popova“. Encyclopædia Britannica Online. Encyclopædia Britannica Inc. April 28, 2016.
  5. 5,0 5,1 Noggle, Anne; White, Christine (2001). A Dance with Death: Soviet Airwomen in World War II. College Station, Texas: Texas A&M University Press. стр. 20–21. ISBN 1-58544-177-5.
  6. Garber, Megan (July 15, 2013). „Night Witches: The Female Fighter Pilots of World War II“. The Atlantic. Посетено на June 29, 2016.
  7. Rakobolskaya, Irina; Kravtsova, Natalya (2005). Нас называли ночными ведьмами : так воевал женский 46-й гвардейский полк ночных бомбардировщиков. Moscow: University of Moscow Press. стр. 336. ISBN 5211050088. OCLC 68044852.
  8. Noggle, Anne (1994). A Dance With Death: Soviet Airwomen in World War II (англиски). Texas A&M University Press. стр. 18–21. ISBN 9781585441778.
  9. Axell, Albert (2002). Russia's Heroes 1941–45. New York: Carroll & Graf Publishers. стр. 60–62. ISBN 0-7867-1011-X.
  10. Erokhin, Evgeny (2008). „65-летие 4-ой Армии ВВС и ПВО − Ростов-на-Дону, 25–26 мая 2007“ [The 65th anniversary of the 4th Red Army Air Force and Air Defence Forces − Rostov-on-Don, 25–26 May 2007]. missiles.ru (руски). Архивирано од изворникот на 2007-06-10. Посетено на June 29, 2016.
  11. „588 нбап/46 гнбап“. allaces.ru. Посетено на 2018-03-23.
  12. „Боевой путь полка“. tamanskipolk46.narod.ru. Посетено на 2018-03-23.
  13. Laktionova, Lesya (1999). Женские авиационные части в Великой Отечественной войне 1941–1945 гг. :Историческое исследование. Moscow.
  14. „46-й гв. нбап - страница клуба "Память" Воронежского госуниверситета“. samsv.narod.ru. Посетено на 2018-04-02.
  15. „Озеркова Софья“. tamanskipolk46.narod.ru. Посетено на 2018-10-30.
  16. Goryunov, Oleg. „120 боевых вылетов и незабудки на портянках: жизнь и смерть «Ночных ведьм»“. Телеканал «Звезда» (руски). Посетено на 2018-10-30.
  17. Kravstova, Natalya; Rakobolskaya, Irina (2005). Нас называли ночными ведьмами. Так воевал женский 46-й гвардейский полк ночных бомбардировщиков. Moscow: MGU Publishing House. ISBN 5211050088. Архивирано од изворникот на 2020-02-21. Посетено на 2019-03-17.
  18. „Герои Советского Союза, России, Казахстана“. tamanskipolk46.narod.ru. Посетено на 2018-04-05.
  19. Kharin, V. V. (2016). „Приказ НКО СССР 0099 от 08.10.41 – О сформировании женских авиационных полков ВВС Красной Армии“ [Prikaz NKO SSSR 0099 of 10/08/41 – On the formation of women's aviation regiments of the Red Army Air Force]. allaces.ru (руски). Посетено на June 29, 2016.
  20. „The Soviet Military Awards Page Forum“. soviet-awards.com. Посетено на March 3, 2018.
  21. „The Soviet Military Awards Page Forum“. soviet-awards.com. Посетено на March 3, 2018.
  22. „The Soviet Military Awards Page Forum“. soviet-awards.com. Посетено на March 3, 2018.
  23. Bhuvasorakul, Jessica Leigh (March 25, 2004). „Unit Cohesion Among the Three Soviet Women's Air Regiments During World War II“ (PDF). Tallahassee, Florida: Florida State University. Архивирано од изворникот (PDF) на February 25, 2012. Посетено на June 29, 2016.
  24. „The Soviet Military Awards Page Forum“. soviet-awards.com. Посетено на March 3, 2018.
  25. „The Soviet Military Awards Page Forum“. soviet-awards.com. Посетено на March 3, 2018.
  26. https://www.imdb.com/title/tt0070861/
  27. „V nebe 'Nochnye vedmy' (1981)“. IMDb. 2016. Посетено на June 29, 2016.
  28. Birchenough, Tom (June 28, 2001). 'Witches' hitches U.K.-Russian team“. Variety. Посетено на June 29, 2016.
  29. „The Night Witch“. The New York Times. December 12, 2001.
  30. „Night Swallows“. YouTube. Посетено на 29 June 2016.
  31. Kroll, Justin (November 4, 2013). 'Remember the Titans' Scribe to Pen World War II Drama 'Night Witches'. Variety. Посетено на June 29, 2016.
  32. „The Night Witches“. IMDb.
  33. „Garth Ennis And Keith Burns Revive 'Johnny Red' At Titan“. ComicsAlliance (англиски). Посетено на 2017-06-28.
  34. „Battlefields: The Night Witches #1 – Battlefields Volume 1: The Night Witches (Issue)“. Comic Vine (англиски). Посетено на 2017-06-28.
  35. Burgas, Greg (August 9, 2013). „Review time! with The Grand Duke“. Comics Should Be Good @ CBR. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на June 29, 2016.
  36. Morningstar, Jason (2015). „Night Witches“. Bully Pulpit Games. ISBN 978-0-9883909-2-8. Посетено на June 29, 2016.
  37. „Night Witches - Lyrics | Sabaton – Official website and headquarters“. Sabaton – Official website and headquarters (англиски). Посетено на 2018-06-11.
  38. „4.1. The Night Witches – Doctor Who – The Early Adventures“. Big Finish. Посетено на March 3, 2018.
  39. „Night Witches by Kathryn Lasky“. Kirkus Reviews. January 15, 2017. Архивирано од изворникот на 2019-03-30. Посетено на May 28, 2018.

Библиографија

[уреди | уреди извор]

Дополнителна литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]