Прејди на содржината

Хиуаз Доспанова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хиуаз Доспанова
Хиуаз Доспанова
Починал20 мај 2008 (86 години)
Алмати, Казахстан
ДржаваСССР СССР
Род Советски воздухопловни сили
Служба1942–1945
ЧинПостар поручник
Единица588. Ноќен бомбашки полк
Битки/војниИсточен фронт на Втората светска војна
ОдликувањаХерој на Казахстан
Сопружник/циШаку Амиров

Хиуаз Каировна Доспанова (15 мај 192220 мај 2008) беше казахстански пилот што служи во Втората светска војна во 588. Ноќен бомбашки полк, наречен „Ноќни вештерки“. Таа е единствената жена од Казахстан во „Ноќните вештерки“, па иако не е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз како нејзините руски и украински колешки, прогласена е за Херој на Казахстан по независноста во 2004 година.[1]

Ран живот

[уреди | уреди извор]

Родена е во Атирау, денешен Казахстан и од нејзиното рано детство сонува да стане пилот. По завршувањето на средното училиште, добива сертификат на резервен пилот. Со почетокот на Втората светска војна, аплицира на воздухопловната академија Жуковски во Москва, но е одбиена бидејќи академијата е само за машки; наместо тоа, се запишува на медицински институт во 1941.[1]

Воена кариера

[уреди | уреди извор]

Кога слуша за скоро формираните женски воздухопловни полкови од страна на Марина Раскова, Доспанова аплицира на воздухопловниот колеџ во Саратов. Во 1942 е сместена во 588. Ноќен бомбашки полк под команда на искусниот пилот Евдокија Бершанскаја, каде Доспанова се здобива со 300 часови лет во борба како навигатор и артилерист, на тој начин стигнувајќи до чинот постар поручник.[2][3]

При слетувањето по мисија во 1943, авионот Поликарпов По-2 во кој летаат Доспанова и пилотот Јулија Паскова се судира со друг По-2, чии пилоти загинуваат на лице место, додека Паскова умира за време на операција; Доспанова ја сметаат за мртва бидејќи не мрда некое време, но медицинските сестри забележуваат дека по долго време не покажува знаци на палор мортис или мртовечко бледило, па во наредните неколку дена минува низ серија на операции. Нејзините нозе развиваат гангрена, но докторот одбива да ѝ ги ампутира, велејќи дека ќе и требаат на Хиуаз. Доспанова мора да носи лонгети на двете нозе со недели, а по отстранувањето на лонгетите оди со бастун. Се враќа во полкот, но често ѝ е потребна помош при влегувањето и излегувањето од авионот. Подоцна станува шеф на комуникации на полкот откако претходниот шеф на комуникации, Валентина Ступина, умира.[2]

Признанија

[уреди | уреди извор]

Доделени ѝ се различни медали, вклучувајќи ги и Орденот на Црвената Ѕвезда, Ордени на Патриотската Војна прва и втора класа и е прогласена за Херој на Казахстан.[2][4] Постои лизгалиште именувано по неа, како и училиште и Ембраер 190 на Аир Астана; Атираускиот меѓународен аеродром ќе биде преименуван во нејзина чест.[5]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „Хиуаз Доспанова - Hiyaz Dospanova“. www.peoples.ru.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Khiuaz Dospanova. The brave pilot · Publications · "Kazakhstan History" portal“. e-history.kz (англиски). Архивирано од изворникот на 2019-04-19. Посетено на 2017-10-31.
  3. „Из архива Р. Ароновой“. www.bestwriter.ru. Архивирано од изворникот на 2012-01-11. Посетено на 2018-01-21.
  4. Polascak, Marissa. „Famous Female Kazakh Pilot is the Muse for Atyrau International Airport's New Name“. kazakhworld.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-05-26. Посетено на 2017-11-13.
  5. „Atyrau International Airport to be named after legendary Kazakh female war pilot Dospanova“. Tengrinews.kz (англиски). Посетено на 2018-01-20.