Серафима Амосова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Серафима Тарасовна Амосова
Амосова Серафима (cropped).jpg
Изворно имеСерафима Тарасовна Амосова
Роден20 август 1914
Чернореченскаја, Краснојарски крај, Сибир
Починал17 декември 1992 (88 години)
Москва, Руска Федерација
ДржаваСССР СССР
РодFlag of the Soviet Air Force.svg Советски воздухопловни сили
Служба1942–1948
ЧинМајор
Единица46-та Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк
Битки/војниИсточен фронт на Втората светска војна
ОдликувањаОрден на Црвеното Знаме (2)
Орден на Александар Невски
Орден на Патриотската Војна, втора класа
Орден на Црвената Ѕвезда

Серафима Амосова (руски: Серафима Амосова; 20 август 191417 декември 1992) беше заменик командант на 46. Гарда на ноќниот бомбашки полк за време на Втората светска војна.[1]

Ран живот[уреди | уреди извор]

Серафима Амосова е родена во централен Сибир на 20 август 1914 во работничко семејство; нејзиниот татко работи на локалната Чернореченска железничка. Нејзиниот дедо, Антон Амосов, кон крајот на XIX век се преселува во Сибир од Белорусија. По завршувањето на училиштето во 1929, им се придружува на Комсомол и станува лидер на пионерскиот одред. Во 1933 станува делегат на Советската конференција на пионерски работници во Москва. Со сон да стане пилот, влегува во паравоената спортска организација ОСОАВИАХИМ, но нејзината едрилица се руши на денот кога треба да ја заврши пилотската обука. По заздравувањето на повредите, се запишува во пилотското училиште Тамбов. Во 1936 дипломира со почести и ја добива лиценцата за летање, по што работи за Аерофлот како пилот на рутата Мусква-Иркутск. Со ескалацијата на Втората светска војна во јануари 1941 година, именувана е за командант на скадрилата да обучува воено-способни мажи на Јанаул аеродромот во Башкортостан.[2]

Воена кариера[уреди | уреди извор]

Неколку дена по германската инвазија на Советскиот Сојуз во 1941, Амосова и неколку други женски инструктори испраќаат писмо во кое бараат да бидат испратени на воен фронт. Додека машките ги испраќаат на воените фронтови, женските инструктори се задолжени да останат во Башкортостан за да ги обучуваат новите кадети. По понатамошното настојување, упатени се кај Марина Раскова, основач на три женски воздухопловни полкови. Откако го добива тоа писмо, веднаш лета за Москва за да се состане со Раскова, која ја прифаќа во нејзиниот полк. Дипломирајќи на военото воздухопловно училиште Енгелс во мај 1942 со чин на поручник, Амосова е распоредена на Јужниот фронт како командант на скадрила. Поради тоа што е една од најискусните пилоти во полкот, за кратко успева да се „искачи“ по чиновите и да стане добитник на Орденот на Црвеното Знаме во септември 1942, станувајќи една од првите членови на полкот што е одликувана со овој орден. Нејзините колеги ја опишувале како одличен и внимателен пилот, кој никогаш не го подигнал својот глас или се налутил. На нејзиниот прв лет таа лета со навигаторот Лариса Литвинова која подоцна станува Херој на Советскиот Сојуз, внимателно следејќи го авионот на командантот Евдокија Бершанскаја и Софија Бурзаева.[3]

На една мисија кога Амосова лета со цел да бомбардира штаб на силите на Оската, го одложува исфрлањето на бомби поради недостаток на противвоздухопловна артилерија кога прелетува над метата, бидејќи очекува толку важна мета да поседува ваква артилерија. Тоа предизвикува сомнежи кај Серафима дали се наоѓа над вистинската мета, по што се враќа три пати на контролниот пункт. Откога се осигурува дека метата е точна, ги исфрла бомбите над штабот и заедно со навигаторот чекаат дали ќе има противнапад. Дури по исфрлањето на бомбите, силите на Оската лансираат противвоздухопловен оган, најверојатно зашто не сакале претходно да ја откријат позицијата на штабот.[4]

Освен мисиите за бомбардирање, Амосова обучува навигатори да станат пилоти со сертификати и е именувана за заменик командант на полкот, одржувајќи строга дисциплина во полкот.[5]

Извршува вкупно 555 мисии во војната, учествувајќи во ноќните бомбардирања во Северен Кавказ, Ставропол, Кубан, Новорусијск, Крим, Керч, Белорусија и Полска како и доставување на намирници, но и дневни мисии во потрага по области кои можат да бидат искористени за аеродроми, бидејќи авионот По-2 нема доделен аеродром. За време на војната се здобива со два Ордени на Црвеното Знаме,[6][7] со Орден на Александар Невски,[8] Орден на Црвената Ѕведа,[9] и со Орден на Патриотската Војна.[10]

Подоцнежен живот[уреди | уреди извор]

Кратко по крајот на војната, Амосова се мажи со пилотот Иван Андреевич Тараненко и го присвојува неговото презиме. Имаат три сина, а секој од нив се оддава на воена кариера (во воздухопловството или армијата). Серафима работи како уредник на списание и ѝ зборува на младината за патриотизам. Умира во Москва на 17 декемри 1992.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Амосова-Тараненко Серафима Тарасовна (1914-1992)“. letunij.narod.ru. конс. 2018-04-27. 
  2. 2,0 2,1 Кондратьев, Максим. „Серафима Амосова - командир "ночных ведьм"“, „Правда.Ру“, 23 февруари 2011. (на ru)
  3. Magid, Aleksandr (1960). Guards Taman Aviation Regiment. Moscow: DOSAAF. 
  4. Chechneva, Marina (1975) (на ru). Fighting friends of mine. Moscow. 
  5. „Амосова Серафима“. tamanskipolk46.narod.ru. конс. 2018-04-27. 
  6. „Амосова Серафима Тарасовна, Орден Красного Знамени (1945)“. pamyat-naroda.ru. конс. 2018-04-27. 
  7. „Амосова Серафима Тарасовна, Орден Красного Знамени (1942)“. pamyat-naroda.ru. конс. 2018-04-27. 
  8. „Амосова Серафима Тарасовна, Орден Александра Невского“. pamyat-naroda.ru. конс. 2018-04-27. 
  9. „Амосова Серафима Тарасовна, Орден Красной Звезды“. pamyat-naroda.ru. конс. 2018-04-27. 
  10. „Амосова Серафима Тарасовна, Орден Отечественной войны II степени“. pamyat-naroda.ru. конс. 2018-04-27.