Едрилица (воздухоплов)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Воздухопловна едрилица

Воздухопловна едрилица[1] или планер[2] – безмоторен воздухоплов со неподвижни крила, потежок од воздухот.

Во воздухот се одржува со аеродинамичниот узгон на крилата, како авион, па обликот ѝ е сличен на авионот. Пошто нема сопствен погон, мора да биде потисната со надворешна сила или доведена на некоја висина пред почетокот на летот. Во мирна атмосфера постојано губи на висина – понира, се лизга или лебди, со користење на својата потенцијална енергија. Ако воздухот е турбулентен и има нагорно струење поголемо од брзината на пропаѓање, едрилицата може и да добие на висина.

Едрилиците служат за обука на пилоти, спортско летање, транспорт и научни истражувања.

Видови едрилици и поделба[уреди | уреди извор]

Врз основа на намената постојат разни поделби, типично за спортски, транспортни и специјални, за цивилна и воена употреба. Според местото на слетување се делат на копнени и хидроедрилици. Според бројот на седишта може да бидат едноседи, двоседи и повеќеседи. Според опременоста со мотор може да бидат обични (безмоторни) и моторни едрилици.

Спортски едрилици[уреди | уреди извор]

Овој вид служи за обука на едриличари и разни спортски натпревари. Заради постепено обучување постојат повеќе класи: почетнички, обучувачки и со високи способности.

Почетничките може да се поделат на лизгачки и школски едрилици. Лизгачот има многу едноставна конструкција е лесен за самоградба. Крилата и опашката се монтирани на основна решеткаста конструкција, која има полетно-слетна скија и седиште на предниот дел. Се користи следниот материјал: дрво, челични цевки, жица, лим и платно. Полетувањето често било вршено со повлекување низ падина со помош на гумено јаже.

После основната обука на лизгач, обично се преминува на школска едрилица со подобри особини, која со лансира како лизгачот или со моторен вител. Во СФРЈ типична школска и едрилица за обука била Либис-17 со распон на крилата од 17 метри, финеса 26,7 и агол на понирање 27:1 при брзина од 93,5 км/ч. Полетувала со помош на вител или со влечење со авион.

Едрилици за обука[уреди | уреди извор]

Наменети се за обука на едриличари и спортски натпреварувања во разни дисциплини. Обично се едноседи со елегантни линии. Претставници на оваа класа во СФРЈ биле Либис-18, Делфин и Цирус ХС-26. Конструкцијата е од дрво, платно, алуминиум или пластична маса.

Едрилици со високи способности[уреди | уреди извор]

Посебно се градат се експериментални цели или рушење рекорди. Во нив спаѓаат и акробатските едрилици со зајакната конструкција, за изведување комплексни летачки фигури.

Транспортни едрилици[уреди | уреди извор]

Обично се со големи димензии и носивост. Во текот на Втората светска војна биле користени за транспорт на војници и воен материјал, главно од САД и Обединетото Кралство. Германскиот транспортни авион Ме-323 Гигант на почетокот бил транспортна едрилица, а подоцна добил мотори.

Хидроедрилици[уреди | уреди извор]

Хидроедрилиците имаат пливки за слетување на водени површини. Ретко се градат заради својата тежина и посебни услови на користење. Помошните крилни пливки го отежнуваат летањето.

Моторни едрилици[уреди | уреди извор]

Моторна едрилица

Претставуваат премин меѓу авион и обична едрилица, со помошен мотор кој е во погон во некои режими на летот. Моторот има мала потрошувачка на гориво, па можно е долго да се остане во воздух.

Полетување на едрилиците[уреди | уреди извор]

Секогаш се врши спротивно од насоката на ветрот, заради пократок залет.

  • Полетување со помош на гумено јаже – се врши од врвот на брдо или погодна падина.
  • Полетување со помош на автомобил – автомобилот со помош на јаже ја влече едрилицата до полетување.
  • Полетување со помош на моторен вител – преносен неподвижен моторен вител намотува јаже врзано за едрилицата. Многу чест метод.

Хидроедрилиците полетуваа со влечење со чамец или хидроавион.

Влечење со авион (авио-запрега) исто така се применува. Влечење на неколку едрилици со ист авион се изведува со јажиња со различни должини заради опасност од судар.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Семрежни места на модерни производители на едрилици[уреди | уреди извор]