Олга Санфирова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Олга Александровна Санфирова
Портрет фотографија од Олга Санфирова во униформа
Изворно имеОльга Александровна Санфирова
Роден2 мај 1917
Самара, Руска Република
Починал13 декември 1944
Пултуск, окупирана Полска
ДржаваСССР СССР
Род Советски воздухопловни сили
Служба1941–1944
ЧинКапетан на Гарда
Единица46. Таманска гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк
Битки/војниГолема Патриотска војна 
ОдликувањаХерој на Советскиот Сојуз

Олга Александровна Санфирова (руски: Ольга Александровна Санфирова; 2 мај 191713 декември 1944) беше капетан и командант на скадрила во 46. Таманска гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк за време на Втората светска војна. Посмртно го добива признанието Херој на Советскиот Сојуз на 23 февруари 1945 година.

Цивилен живот[уреди | уреди извор]

Санфирова е родена во 1917 година во работничко семејство; таа е етнички Татар. Оди во средно училиште во Узбекистан ССР пред да се пресели во Москва и да оди на училиштето за летање во Коломна. По завршувањето на училиштето за летање, Санфирова работи на Одделот за воздухопловство во Москва пред да биде преместена во Татарск, Новосибирск во 1940 година, каде ги обучува пилотите на 78. скадрила на Директорат на цивилно воздухопловство на Западен Сибир. Влегува во армијата во декември 1941 година, а е член на Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз од 1942 година.[1]

Воена кариера[уреди | уреди извор]

Санфирова се придружува кон воздухопловните сили по охрабрувањето на Марина Раскова. Се обучува на училиштето за воено воздухопловство Енгелс,а по завршувањето на военото воздухопловно училиште Батајск во 1942 година, им се придружува на 588. Ноќен бомбашки полк (со прекар „Ноќни вештерки“, кој го добиваат од страна на германските непријатели), што е преименуван во 46. Таманска гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк во февруари 1943.[2]

За време на обучувањето во Енгелс, при еден лет како пилот командант, авионот погодува високонапонски далноводи, што го оштетува леталото. Трибуналот на Енгелс ја осудува на десет години затворска казна, но таа пресуда е поништена откако од неа е побарано да се придружи кон Ноќниот бомбашки полк за да се искупи за оштетувањето на авионот.[3][4][5]

Се издига низ чиновите од командант на врска до заменик командант пред да го достигне чинот командант на скадрила. Учествувајќи во бомбашки мисии против германските сили над Северен Кавказ, Крим, Тамански Полуостров, Керч-Елтиген и Белорусија, го добива Орденот на Црвеното Знаме и Орденот на Патриотската Војна, прва класа за нејзината воена служба.[2][6]

На 1 мај 1945 година, авионот Поликарпов По-2 со кој летаат Санфирова и Руфина Гашева е соборен од германските воени сили над советските линии, но двете преживуваат по евакуирањето на леталото и се спасени по два дена.[4]

На 13 декември 1944 година, авионот со кој управуваат Санфирова и Гашева е соборен повторно, овојпат над минско поле. Обично скадрилата нема падобрани во леталата за да заштедат на тежина, но на таа мисија, Руфина и Олга имаат достапни падобрани. Иако Санфирова безбедно скока со падобранот од авионот, загинува кога слетува и стапнува на мина. Закопана е во масовна гробница во градот Гродно, Белорусија. Гашева го преживува соборувањето на авионот и продолжува да служи во полкот како навигатор на пилотот Надежда Попова.[4]

За време на нејзината кариера, Санфирова завршува 630 ноќни бомбашки мисии со 875 часови лет во борба, исфрлајќи 77 тони бомби над територија контролирана од непријателот, уништувајќи магацини, два нацистички вода, пет автомобили, три одбранбени кули и два траекта, но исто така ги снабдува советските копнени сили со храна и муниција во 25 наврати. Нејзината ескадрила има вкупно 3270 летови за време на војната.[6]

Санфирова посмртно е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз со декрет од Врховниот совет на Советскиот Сојуз на 23 февруари 1945 година „за примерно исполнување на борбените мисии како што е заповедано во соочувањето во битките против германските сили и севкупната храброст и покажано херојство“. Заедно со титулата Херој на Советскиот Сојуз, Санфирова ги добива и Орденот на Ленин, Орденот на Александар Невски[7] и Медалот "За одбрана на Кавказ".[6]

Постои улица што го носи името на Олга Санфирова во Самара, како и споменици од неа во Коломскиот воздухопловен институт каде што таа учи, во Гродно и во Самара.[6]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Самарская Лука - Ольга Санфирова“. www.samluka.ru. Архивирано од изворникот на 2018-01-23. Посетено на 2018-01-06.
  2. 2,0 2,1 „Санфирова Ольга Александровна“. airaces.narod.ru. Посетено на 2018-01-06.
  3. Rakobolskaya, Irina; Kravtsova, Natalya (2005). Нас называли ночными ведьмами : так воевал женский 46-й гвардейский полк ночных бомбардировщиков. Moscow: University of Moscow Press. стр. 336. ISBN 5211050088. OCLC 68044852.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Санфирова Ольга“. tamanskipolk46.narod.ru. Посетено на 2018-01-06.
  5. „В бой идет "Дунькин полк". Известия (руски). 2008-05-07. Посетено на 2018-04-26.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 „Санфирова Ольга Александровна“. www.warheroes.ru. Посетено на 2018-01-06.
  7. „Память народа :: Документ о награде :: Санфирова Ольга Александровна, Орден Александра Невского“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-01-06.