Наталија Меклин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Наталија Фјодоровна Кравцова р. Меклин
Natalya Meklin, portrait.jpg
Изворно имеруски: Наталья Фёдоровна Меклин
украински: Наталія Фёдорiвна Меклин
Роден8 септември 1922(1922-09-08)
Лубни, Украина
Починал5 јуни 2005(2005-06-05) (воз. 82 г.)
Москва, Русија
ДржаваСССР СССР
РодСоветски воздухопловни сили
Служба1941–1957
ЧинМајор
Единица46. Таманска Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк
Битки/војниВтора Светска војна
ОдликувањаХерој на Советскиот Сојуз
Друга дејноставтор, преведувач

Наталија Фјодоровна Кравцова р. Меклин (руски: Наталья Фёдоровна Меклин, украински: Наталія Фёдорiвна Меклин; 8 септември 19225 јуни 2005) беше командант на лет во 46. Таманска Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк, еден од трите женски воздухопловни полкови основани од Марина Раскова по Германската инвазија на Советскиот Сојуз. Полкот потоа ќе биде познат под името „Ноќни вештерки“, наречен така од страна на германските непријатели. Прогласена е за Херој на Советскиот Сојуз во февруари 1945 година, за извршување на 840 мисии, здобивајќи се со значајна слава.[1]

Ран живот[уреди | уреди извор]

Меклин е родена на 8 септември 1922 во Лубни, во тогашна Украинска Советска Социјалистичка Република. Го поминува нејзиното детство и младост во Смила, Карков и Киев. Завршува десет одделенија во Киев во 1940 година.[2]

Пилотска кариера[уреди | уреди извор]

Во 1940 година се придружува кон училиштето за воздухопловна едрилица на Киевската Млада Киевска Палата, подоцна завршувајќи на Московскиот воздухопловен институт во 1941. Во октомври, аплицира за влез во 588. Ноќен бомбашки полк, основан од Марина Раскова; полкот подоцна е преименуван во 46. Таманска Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк.[3] Во 1942, по завршувањето на военото воздухопловно училиште Енгелс, испратена е на Источниот фронт на Втора Светска војна. На 19 години, таа година е распоредена како командант на лет и лета во ноќни бомбашки мисии на Јужниот фронт, Северен Кавказ, 4. Украински и 2. Белоруски фронт со Поликарпов По-2 лесен бомбер.

Кон крајот на војната, Меклин има прелетано 982 ноќни мисии[4] и има фрлени околу 147 тони експлозив над непријателска територија. Додека е поручник, прогласена е за Херој на Советскиот Сојуз[5] на 23 февруари 1945 година. Станува резервен офицер во октомври 1945.[2][6]

Нејзината слика се појавува на насловната страна на списанието Смена, изданието во мај, 1943 година,[7] на насловната страна на Комсомолскаја Правда во февруари 1945,[8] како и на многу други воени публикации.[9][10][11]

Подоцнежен живот[уреди | уреди извор]

Наталија завршува две години на Московскиот државен универзитет пред повторно да се приклучи кон војската во 1947 година. Од 1948 до 1957 година, студира на Воениот институт за странски јазици и следствено на тоа работи како преведувач пред пензионирање.[2] Станува член на Унијана на Советски писатели во 1972. За подвизите за време на војната, доделени ѝ се Орден на Ленин, два Ордени на Патриотската војна од прва и втора класа, Орденот на Црвеното знаме и Орденот на Црвената ѕвезда, помеѓу другите медали. Неколку училишта се именувани во нејзина чест во Смоленск, Полтава, Ставропол и во други градови. Именувана е за почесен жител на Гдањск, Полска[12] и заедно со нејзината колешка од бомбашкиот полк, Ирина Ракоболскаја, пишува книга насловена Нас называли ночными ведьмами (Нас нѐ викаа Ноќни вештерки) за искуството на полкот за време на војната.[13] On 5 June 2005, she died in Moscow and was buried in Troyekurovskoye Cemetery.[2]

Награди и почести[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cottam, Kazimiera Janina (1998). Women in War and Resistance: Selected Biographies of Soviet Women Soldiers. Newburyport, Massachusetts: Focus Publishing/R. Pullins Co.. ISBN 1585101605. OCLC 228063546. https://www.worldcat.org/oclc/228063546. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Simonov, Andrei. „Меклин (Кравцова) Наталия Фёдоровна“ [Meklin (Kravtsova), Natalya Fyodorovna]. www.warheroes.ru (Russian). конс. 2017-12-23. 
  3. Piero., Milanetti, Gian (2013). Soviet airwomen of the great patriotic war : a pictorial history. Roma: IBN. ISBN 9788875651466. OCLC 955303338. https://www.worldcat.org/oclc/955303338. 
  4. Sakaida, Henry (2012). Heroines of the Soviet Union 1941–45. Bloomsbury. https://books.google.ca/books?id=P4XvCwAAQBAJ&pg=PT113. 
  5. Piero., Milanetti, Gian. Le streghe della notte : la storia non detta delle eroiche ragazze-pilota dell'Unione Sovietica nella Grande Guerra Patriottica. Roma. ISBN 8875651000. OCLC 733222247. https://www.worldcat.org/oclc/733222247. 
  6. Rakobolskaya, Irina; Kravtsova, Natalya (2005). Нас называли ночными ведьмами : так воевал женский 46-й гвардейский полк ночных бомбардировщиков. Moscow: University of Moscow Press. ISBN 5211050088. OCLC 68044852. https://www.worldcat.org/oclc/68044852. 
  7. Журнал «Смена» №383-384, Май 1943
  8. Газета «Комсомольская Правда» № 48 (6068) 23 фебраля 1945
  9. Газета «Комсомольская Правда» № 157 (5559) от 6 июля 1943 года.
  10. Журнал «Огонек» № 27, 1943 (page 4)
  11. Журнал «Североморский Летчик» 7 апреля 1945 №83 (463)
  12. Shadov, Ivan (1988). Герои Советского Союза: краткий биографический словарь II, Любовь - Яшчук. Moscow: Voenizdat. стр. 66. ISBN 5203005362. OCLC 247400113. https://www.worldcat.org/oclc/247400113. 
  13. „Ракобольская Ирина“. tamanskipolk46.narod.ru. конс. 2018-02-06. 
  14. 14,0 14,1 „Меклин Наталья Федоровна, Герой Советского Союза (Орден Ленина и медаль "Золотая звезда")“. pamyat-naroda.ru. конс. 2018-04-01. 
  15. „Орден Красного Знамени (April 1944)“. podvignaroda.ru. конс. 2018-04-01. 
  16. „Орден Красного Знамени (December 1944)“. podvignaroda.ru. конс. 2018-04-01. 
  17. „Орден Красного Знамени (June 1945)“. podvignaroda.ru. конс. 2018-04-01. 
  18. „Меклина Наталья Федоровна, Орден Красной Звезды“. pamyat-naroda.ru. конс. 2018-04-01. 
  19. „Меклин Наталья Федоровна, Орден Отечественной войны II степени“. pamyat-naroda.ru. конс. 2018-04-01.