Ирина Ракоболскаја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ирина Ракоболскаја
Ири́на Вячесла́вовна Ракобо́льская
Ирина Ракоболскаја
Роден(а)22 декември 1919
Данков, Руска Советска Федеративна Социјалистичка Република
Починал(а)22 септември 2016
Москва, Руска Федерација
ЗанимањеФизичар
СопружникДмитри Павлович Линде
Награди

Ирина Вјачеславовна Ракоболскаја (руски: Ири́на Вячесла́вовна Ракобо́льская) беше член на 46. Таманска гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк и подоцна станува шеф на кабинетот за време на војната. По војната работи како физичар на Московскиот државен универзитет и ги проучува космичките зраци. Добива бројни високи државни награди во нејзината кариера, како и титулата почесен научник на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република. Пишува книга со Наталија Кравтсова насловена Нѐ викаа Ноќни вештерки за нивните искуства во 46. Таманска гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк, бидејќи прекарот Nachthexen, даден од Германците за полкот, во превод значи „ноќни вештерки“.[1][2]

Ран живот[уреди | уреди извор]

Ракоболскаја е родена во 1919 година во градот Данков во семејство на наставници по физика. По завршувањето на средното училиште во 1938, запишува физика на Московскиот Државен Универзитет.[3]

Воена кариера[уреди | уреди извор]

Ракоболскаја се придружува на армијата во октомври 1941 година по почетокот на Втората светска војна, напуштајќи го Универзитетот во четвртата година од нејзините студии; седум други студентки од Универзитетот исто така се вклучуваат кон 588-от Ноќен бомбашки полк и обучувањето на военото воздухопловно училиште Енгелс. По завршувањето на обуката во 1942, именувана е за шеф на кабинетот на полкот и се вклучува во вкупно 15 летови.[4][5][6]

Подоцнежен живот и придонеси кон науката[уреди | уреди извор]

Во 1946 Ирина е демобилизирана од армијата и ја завршува четвртата година на Универзитетот, при што дипломира во 1949, по одбрана на нејзината теза за миони, развиена под менторство на Георгиј Зацепин и Владимир Векслер.[7]

Од 1950 до 1963 работи како асистент, а од 1963 до 1977 како асистент професор. Во 1977 станува професор на одделот за космичко зрачење при катедрата за физика на Московскиот Државен Универзитет.[3]

Во 1968, во соработка со Георгиј Зацепин, Ракоболскаја посветува лабораторија на проучувањето на космичкото зрачење на Институтот за јадрена физика на Московскиот Државен Универзитет и е шеф на истата сѐ до 1991. Во 1968, наредува инсталација на емулзиони комори за Х-зраци на длабочина од 60 метри под земјата на Московското метро за истражување на зенитната аголна дистрибуција на миони. Врз основа на резултатите од истражувањето, проучен е необичен феномен - копланарно проширување на секундарните честички; се утврдува енергетскиот праг и зависност на феноменот.[3]

Од 1971 станува заменик шеф на Одделот за космичко зрачење и вселенска физика на МСУ и предава курсеви по космичко зрачење и јадрена физика.[3]

Во 1962 ја одбранува нејзината теза како кандидат за диплома по физички и математички науки, а во 1975 ја брани тезата за нејзиниот докторат по физички и математички науки на тема генерирање на миони со висока енергија во космичките зрачења. Објавува над 300 трудови, вклучувајќи и учебник по јадрена физика.[3]

Во текот на нејзината кариера образува над 80 000 студенти, станува шеф на МСУ унијата на жени и е член на Академскиот совет на МСУ, Научниот совет на одделот за физика и Научниот совет за космичко зрачење на Руската академија на науките. По пензионирањето, продолжува да дава часови и да предава повремено. Нејзиниот син, Андреј Линде, станува теоретски физичар, а нејзиниот друг син Николај Линде станува психолог. Ирина Ракоболскаја умира на 22 септември 2016 и е закопана до нејзиниот сопруг на Новодевичиските гробишта.[3]

Награди[уреди | уреди извор]

Воени[уреди | уреди извор]

Цивилно[уреди | уреди извор]

  • Почесен научник на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република
  • Почесен професор на Московскиот Државен Универзитет
  • Орден на Честа
  • Медал "Ветеран на трудот"
  • Медал "За заслуги во пописот на руското население"

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ВОЕННАЯ ЛИТЕРАТУРА --[ Мемуары ]-- Ракобольская И., Кравцова Н. Нас называли ночными ведьмами“. militera.lib.ru. Посетено на 2018-01-30.
  2. „ВОЕННАЯ ЛИТЕРАТУРА (Мемуары) Ракобольская И., Кравцова Н. Нас называли ночными ведьмами“. militera.lib.ru. Посетено на 2018-01-30.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 „Ирина Вячеславовна Ракобольская (К 50-летию научно-педагогической работы в МГУ)“. www.phys.msu.ru. Посетено на 2018-01-30.
  4. „Ракобольская Ирина“. tamanskipolk46.narod.ru. Посетено на 2018-01-30.
  5. Виноградова, Любовь (2015-03-30). Защищая Родину. Летчицы Великой Отечественной (руски). Азбука-Аттикус. ISBN 9785389099005.
  6. „Нас называли "Дунькин полк", а немцы - "ночными ведьмами". Известия (руски). 2011-06-21. Посетено на 2018-01-30.
  7. „Ракобольская Ирина Вячеславовна | Центр военно-политических исследований“. eurasian-defence.ru (руски). Посетено на 2018-01-30.
  8. „Ракобольская Ирина Вячеславовна, Орден Красного Знамени“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
  9. „Ракобольская Ирина Вячеславовна, Орден Отечественной войны I степени (April 1944)“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
  10. „Ракобольская Ирина Вячеславовна, Орден Отечественной войны II степени (Feb. 1945)“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
  11. „Jubilee card index“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
  12. „Ракобольская Ирина Вячеславовна, Орден Красной Звезды“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-04-01.