Раиса Аронова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Раиса Ермолаевна Аронова
Портрет форографија од Раиса Аронова во униформа, 1940тите
Изворно имеРаиса Ермолаевна Аронова
Роден10 јануари 1920
Саратов, Руска Советска Федеративна Социјалистичка Република, СССР
Починал20 декември 1982 (62 години)
Москва, СССР
ДржаваСССР СССР
Род Советски воздухопловни сили
Служба1941–1962
ЧинМајор
Единица46. Гарда на ноќен бомбашки полк
Битки/војниВтора светска војна
ОдликувањаХерој на Советскиот Сојуз
Орден на Ленин
Орден на Црвеното Знаме (2)
Орден на Патриотската Војна Прва класа
Орден на Црвената Ѕвезда
Друга дејностАвтор

Раиса Ермолаевна Аронова (руски: Раиса Ермолаевна Аронова; 10 јануари 192020 декември 1982) е советски навигатор и пилот на Поликарпов По-2 во Втората светска војна од 588. Ноќен бомбашки полк, подоцна преименуван како 46. Гарда на ноќен бомбашки полк. Ја добива титулата Херој на Советскиот Сојуз на 15 мај 1946 за извршување на 960 ноќни бомбашки мисии против силите на Оската во војната.[1]

Ран живот[уреди | уреди извор]

Аронова е родена во 1920 година во руско селско семејство; нејзиниот татко е железнички работник. По дипломирањето на секундарното училиште, таа се запишува на Институтот за земјоделие Калинин Саратов и во слободно време учи во Саратовиот аероклуб пред да се пресели во Москва, каде ја продолжува својата обука за летање во Московскиот аероклуб до германската инвазија на Советскиот Сојуз во 1941. Станува член на Комунистичката партија во 1942.[2][3]

Втора светска војна[уреди | уреди извор]

Неколку месеци по германската инвазија на Советскиот Сојуз со операцијата Барбароса, трите женски воздухопловни полкови основани од Марина Раскова започнуваат со обучување при училиштето за воено воздухопловство Енгелс во октомври. По придружувањето на војската во октомври, Аронова ја почнува обуката за навигатор во училиштето Енгелс, од каде дипломира во 1942. По распоредувањето на 588-от Ноќен бомбашки полк на Јужниот фронт во мај, Аронова ја искусува борбата преку Источниот фронт, вклучувајќи и борби на 4-от Украински и 2-от Белоруски фронт, како и Битките на Кавказ, Крим, Кубан, Керч, Полска и Германија, со што се здобива со 1148 часа лет од 960 летови. Ранета е на бомбашка мисија на 28 мај 1943 над селото Киевскаја во Краснодар од дел од граната испукана од копнена противвоздухопловна артилерија. И покрај нејзината повреда, продолжува со навигацијата на авионот за истиот да може да слета безбедно. Кога оди во болницата, седумнаесет шрапнели се извадени од нејзиното тело, но таа му се враќа на летањето за помалку од два месеци. Истата година посетува интензивен пилотски курс и се здобива со сертификат со кој може да лета како пилот на По-2, а наскоро почнува да ги извршува мисиите како пилот командант. Нејзините мисии со бомбардирања уништуваат четири артилериски батерии, три рефлектора, три траекта, два сладишта со муниција и гориво и осум автомобили. Прогласена е за Херој на Советскиот Сојуз со Орденот на Ленин на 5 мај 1946 за нејзината храброст во војната.[2][4][5]

Подоцнежен живот[уреди | уреди извор]

Од мај до октомври 1945 Аронова останува во Полска, каде што е одреден нејзиниот полк, сѐ до неговото распуштање во октомври 1945. Раиса останува во војската до 1962. По дипломирањето на Воениот институт за странси јазици во 1962, држи различни позиции во Комунистичката партија и советската влада, станувајќи постар офицер во Министерството за внатрешни работи во мај 1953. Подоцна работи за КГБ почнувајќи од 1954, каде што ја шифрира агенциската кореспонденција и постигнува чин на мајор во 1960, пред нејзиното пензионирање во 1962.[2]

По пензионирањето од војската, пишува книга за нејзините искуства во војната, насловена Ночные ведьмы ("Ноќни вештерки"), која е издадена во 1983 година. Умира во декември 1982 и е закопана на Кунцевските гробишта.[6][4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Sakaida, Henry (2012-04-20) (на en). Heroines of the Soviet Union 1941–45. Bloomsbury Publishing. стр. 54. ISBN 9781780966922. https://books.google.com/books?id=VqIXDAAAQBAJ&pg=PA54. 
  2. 2,0 2,1 2,2 „Аронова Раиса Ермолаевна“. www.warheroes.ru. конс. 2018-04-11. 
  3. Shadov, Ivan (1987). Герои Советского Союза: краткий биографический словарь I, Абаев - Любичев. Moscow: Voenizdat. стр. 75. ISBN 5203005362. OCLC 247400113. https://www.worldcat.org/oclc/247400113. 
  4. 4,0 4,1 Cottam, Kazimiera Janina (1998). Women in War and Resistance: Selected Biographies of Soviet Women Soldiers. Newburyport, MA: Focus Publishing/R. Pullins Co. стр. 37–39. ISBN 1-58510-160-5. 
  5. Pennington, Reina (1997). Wings, Women, and War: Soviet Airwomen in World War II Combat. University Press of Kansas. ISBN 0-7006-1554-7. https://books.google.com/books?id=HBpSGQAACAAJ. 
  6. Gerard J.De Groot, C Peniston-Bird: A Soldier and a Woman