Бомбардер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Руски надзвучен стратешки бомбардер „Ту-160
Американски стратешки бомбардер „Б-2 Спирит
Првиот тежок бомбардер „Илја Муромец“, воведен од руското воздухопловство во 1913 г.

Бомбардер — воен авион конструиран да фрла бомби врз цели на површината. Воздушното бомбардирање може да се следи назад до Италијанско-турската војна (1911), во која еден италијански пилот фрлал гранати врз две турски цели. Во Првата светска војна како стратешки бомбардери се користеле цепелини и големи двокрилни авиони со два или четири мотора. Во 30-тите години XX век биле создадени мали стрмоглавци (пикирачи); тие предизвикале големо уништување и паника во Шпанската граѓанска војна и на почетокот на Втората светска војна. Во вториот конфликт се видел и понатамошниот развој на тешки стратешки бомбардери, што се користеле за да уништат цели на територијата на непријателот, во меѓувреме, помали воени бомбардери и давале поддршка на пешадијата на војното поле. По војната, млазни бомбардери со долг дострел што нисат нуклеарни бомби, биле важни за стратегијата во Студената војна и, исто така, фрлале и конвекционални бомби во текот на војната во Виетнам, Заливската војна и конфликтите во Авганистан. Напорите да се одбегнат се пософистицираните електронски системи за рано предупредување кулминирале со развојот на американските стелт-бомбардери, но и поевтините и помалите млазни воени бомбардери, опремени со електронски сензори и со систем за наведување "умни" бомби, се покажале како ефикасни во конфликтните ситуации од Балканот до Средниот Исток.