Евдокија Носал
Евдокија Ивановна Носал Євдокія Іванівна Носаль | |
---|---|
Photograph of Nosal before the war wearing a bagde awarded for her shooting skills. | |
Починал | 23 април 1943 (25 години) Новорусијск, Краснодарски крај, Советски Сојуз |
Држава | СССР |
Род | Советски воздухопловни сили |
Служба | 1941–1943 |
Чин | Помлад поручник |
Единица | 588. Ноќен бомбашки полк |
Битки/војни | Источен фронт на Втората светска војна † |
Одликувања | Херој на Советскиот Сојуз |
Евдокија Ивановна Носал (руски: Евдокия Ивановна Носаль, украински: Євдокія Іванівна Носаль) беше помлад поручник и заменик командант на скадрила во 588. Ноќен бомбашки полк за време на Втората светска војна. Посмртно е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз на 24 мај 1943 година[1], станувајќи првата жена пилот што ја добива оваа титула за време на војната.[2][3]
Цивилен живот
[уреди | уреди извор]Носал е родена на 31 март 1918 во украинско семејство во селото Бурчак во Украинската Народна Република, што денес се наоѓа во денешна Украина. Работи како наставничка во Михајлов, пред да дипломира на воздухопловниот клуб во Херсон во 1940. По завршувањето на воздухопловното училиште, работи како инструктор за летање во Николаев сѐ до придружувањето во армијата во 1941 година.[4]
Воена кариера
[уреди | уреди извор]Носал ѝ се придружува на армијата на почетокот на Големата Патриотска војна и е испратена на Јужниот фронт во мај 1942 по завршувањето на обуката на училиштето за воено воздухопловство Енгелс. Доделен ѝ е Орден на Црвената Ѕвезда на 9 септември 1942[5]; по 215 летови на кои испушта 31 276 килограми експлозив над силите на Оската, го добива и Орденот на Црвеното Знаме на 31 декември 1942.[6]
По полетувањето ноќта на 22 април 1943 и бомбардирањето на мета, авионот со кој пилотира Носал е следен од германски Месершмит Бф 110 и е нападнат од тешка противвоздухопловна артилерија. Еден експлозив влегува во кабината на авионот По-2 и шрапнел ја погодува Носал директно во главата. Нејзиниот навигатор Глафира "Ирина" Каширина успева да преземе контрола и безбедно да го слета авионот. Евдокија Носал умира на нејзиниот 354-ти лет, во раните утрински часови на 23 април 1943 на 25-годишна вораст.[7][8]
Награди и почести
[уреди | уреди извор]- Херој на Советскиот Сојуз[9]
- Орден на Ленин[9]
- Орден на Црвеното Знаме[6]
- Орден на Црвената Ѕвезда[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Указ Президиума Верховного Совета СССР «О присвоении звания Героя Советского Союза начальствующему составу Военно-Воздушных сил Красной Армии» от 24 мая 1943 года // Ведомости Верховного Совета Союза Советских Социалистических Республик : газета. — 1943. — 31 мая (№ 20 (226)). — С. 1
- ↑ „Память народа :: Документ о награде :: Носаль Евдокия Ивановна, Герой Советского Союза (Орден Ленина и медаль «Золотая звезда»)“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-01-19.
- ↑ „Носаль Дуся“. tamanskipolk46.narod.ru. Посетено на 2018-01-19.
- ↑ „Носаль Евдокия Ивановна“. www.warheroes.ru. Посетено на 2018-01-19.
- ↑ 5,0 5,1 „Носаль Евдокия Ивановна, Орден Красной Звезды“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-01-19.
- ↑ 6,0 6,1 „Носаль Евдокия Ивановна, Орден Красного Знамени“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-01-19.
- ↑ „"Ночная ведьма" из бурчащего села“. zurnalist.io.ua. Архивирано од изворникот на 2018-01-19. Посетено на 2018-01-19.
- ↑ „Носаль Евдокия Ивановна, В ночь с 22.04.1943 на 23.04.1943, убит“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
- ↑ 9,0 9,1 „Носаль Евдокия Ивановна, Герой Советского Союза (Орден Ленина и медаль «Золотая звезда»)“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
- Родени во 1918 година
- Починати во 1943 година
- Херој на Советскиот Сојуз
- Советски пилоти од Втората светска војна
- Советски војници убиени во Втората светска војна
- Жени пилоти
- Украински жени пилоти
- Носители на Орденот на Ленин
- Носители на Орденот на Црвеното знаме
- Носители на Орденот на Црвената ѕвезда
- Херои на Советскиот Сојуз