Екатерина Рјабова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Екатерина Василевна Рјабова
WWII Photo portait of Ryabova (pre-1945) showing her wearing an Order of the Red Banner, an Order of the Red Star, an Order of the Patriotic War, and a Guards pin
Изворно имеЕкатерина Васильевна Рябова
Роден14 јули 1921
Гус-Железни, Руска СФСР, Советски Сојуз
Починал12 септември 1974 (53 години)
Москва, Руска СФСР, Советски Сојуз
ДржаваСССР СССР
Род Советски воздухопловни сили
Служба1941–1945
ЧинПостар поручник
Единица46. Гардиски ноќен бомбашки полк
ОдликувањаХерој на Советскиот Сојуз

Екатерина Рјабова (14 јули, 1921 - 12 септември, 1974) беше советски авијатичар од Втората светска војна, која е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз на 23 февруари 1945 година за нејзините бомбашки мисии како навигатор. Се здобива со чинот постар поручник како член на 46. Гардиски ноќен бомбашки полк, во кој лета на 890 мисии со авионот Поликарпов По-2.[1]

Ран живот[уреди | уреди извор]

Рјабова е родена во 1921 година во руско селско семејство во Гус-Железни, денес лоцирано во Ризан, Русија. По завршување на средното училиште, се запишува на МДУ Факултет за механика и математика, каде студира сѐ до германската инвазија на Советскиот Сојуз. Во 1943 година станува член на Комунистичката Партија.[2]

Воена кариера[уреди | уреди извор]

Рјабова се приклучува кон военото воздухопловно училиште Енгелс во октомври 1941 за да стане навигатор во 588. Ноќен бомбашки полк, еден од трите женски воздухопловни полкови основани од Марина Раскова. Курсевите за навигација обично траеле три години, но поради војната, обуката траела само три месеци. Набрзо по распоредувањето на полкот на Јужниот фронт во мај 1942 година, преквалификуван е во Гарда и е реорганизиран и преименуван во 46. Гардиски ноќен бомбашки полк. Екатерина во војната влегува како навигатор за врска, за подоцна да е унапредена на позицијата на навигатор на ескадрила под команда на ескадрилскиот навигатор Марина Чечнева. Во 1944 година, таа и пилотот Надежда Попова прелетуваат 18 бомбашки мисии во една вечер над Полска. Вкупно лета на 890 мисии за време на војната, при што нејзините последни мисии се над Берлин, по учеството во бомбардирањето во Таман, Крим, Белорусија и Полска. На 23 февруари 1945, Рјабова е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз со декларација на Врховниот Совет, а медалот од наградата ѝ е доделен од страна на командантот на 2ор Белоруски фронт, Константин Рокосовски, на 8 март.[3][4][5]

Подоцнежен живот[уреди | уреди извор]

По војната, Рјабова е испратена од страна на командантот на полкот на Руската Академија за воздухопловни сили (сега позната како Гагарин Воздухопловна Академија) заедно со Марија Смирнова, но не се примени, бидејќи академијата е официјално затворена за жени. Откако се одбиени од Руската Академија за воздухопловни сили, Екатерина се враќа на своите студии на Московскиот Државен Универзитет, каде останува социјално активна по дипломирањето во 1948 на Факултетот за механика и математика, пред да ја брани својата теза и да се здобие со докторат во 1951 година. По дипломирањето, работи како наставник на Московскиот Полиграфски Институт, а од 1963 до 1972 година работи како професор на Одделот за теоретска математика при Џержинската Воена Инженерска Академија. За време на нејзиниот живот, патува во Италија, Франција, Кореа и Бугарија. Поради повреда на главата со која се здобива за време на војната, често претрпува сериозни главоболки, меѓутоа успева да ги сокрие. Сепак, при еден пречек на ителијанска делегација, поради овие главоболки, ја губи свеста.[6][7]

Во јуни 1945 година се маж за херојот на Советскиот Сојуз, Григори Сивков, со кого се запознава за време на војната. Ја раѓа нивната прва ќерка Наталија во 1947 година, а нивната втора ќерка Ирина во 1952 година. Екатерина Рјабова умира на 12 септември 1974 кога има само 53 години. Во нејзиниот дневник пишува за главоболките за кои докторите велеле дека се од повреда на главата добиена за време на војната, при силен удар на главата во пилотската кабина и тоа при едно тешко слетување.[8][9]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Sakaida, Henry (2003). Heroines of the Soviet Union. Cwmbran, UK: Osprey Publishing. ISBN 1-84176-598-8. https://books.google.com/books?id=MO4zLtuedK0C&lpg=PA55&ots=WwWA4491li&dq=Yekaterina%20Ryabova&pg=PA66#v=onepage&q=Yekaterina%20Ryabova&f=false. посет. 8 септември 2014 г. 
  2. „Рябова Екатерина Васильевна“. www.warheroes.ru. конс. 2018-04-10. 
  3. Joseph, Frank (2011-11-30) (на en). The Axis Air Forces: Flying in Support of the German Luftwaffe. ABC-CLIO. стр. 78. ISBN 9780313395901. https://books.google.com/books?id=4PgwCKQQP1gC&pg=PA78#v=onepage&q&f=false. 
  4. „Nadia Popova“. The Economist. конс. 2018-04-10. 
  5. „Рябова Екатерина Васильевна“. airaces.narod.ru. конс. 2018-04-10. 
  6. „Рябова Катя“. tamanskipolk46.narod.ru. конс. 2018-04-11. 
  7. Sumarokova, Tatyana (1972). Пролети надо мной после боя. Moscow: Politizdat. 
  8. Soviet Military Review. Krasnaya Zveda Publishing House. 1985. https://books.google.com/books?id=BtDeAAAAMAAJ. посет. 9 септември 2014 г. „In autumn 1943 Grigory met Yekaterina Ryabova, flight navigator, then squadron navigator of the 46th Taman Guards Women's Air Regiment.“ 
  9. „Сивков Григорий Флегонтович“. www.warheroes.ru. конс. 2018-04-10.