Татјана Макарова
Татјана Петровна Макарова Татьяна Петровна Макарова | |
---|---|
Починал | 25 август 1944 (23 години) Остроленка, Варшава, окупирана Полска |
Држава | СССР |
Род | Советски воздухопловни сили |
Служба | 1941–1944 |
Чин | Поручник |
Единица | 46. Таманска гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк |
Битки/војни | Источен фронт на Втората светска војна † |
Одликувања | Херој на Советскиот Сојуз |
Татјана Петровна Макарова (руски: Татьяна Петровна Макарова; 25 септември 1920 – 25 август 1944) беше пилот во 46. Таманска гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк, еден од трите женски полкови основани од Марина Раскова. Посмртно е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз, откако леталото со кое управуваат таа и Вера Белик е соборен од страна на силите на Оската над окупирана Полска.[1]
Цивилен живот
[уреди | уреди извор]Макарова сонува да стане пилот, иако таквиот избор за кариера е обесхрабруван од страна на нејзиниот татко, повреден ветеран од Првата светска војна, кој работи како поштар.[2]
По завршувањето на средното училиште, таа работи во фабрика за слатки, пред да ја добие лиценцата за цивилен пилот на 19 години. Обучува кадети во локалното училиште за пилоти пред да се придружи кон армијата во 1941 година за да се бори во Втора светска војна. Станува член на Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз во 1942.[3][4]
Воена кариера
[уреди | уреди извор]Макарова се придружува кон Црвената Армија во 1941 година и ја завршува обуката на училиштето за воено воздухопловство Енгелс. Истата година, испратена е на Источниот фронт, но не ја извршува својата прва мисија сѐ до следната година.
На 27 септември 1942 година, на Татјана и на нејзината екипа им е доделен Орденот на Црвеното Знаме по успешното слетување на авионот откако нејзиното летало е таргетирано од противвоздухопловна артилерија и рефлектори; кога за кратко губи контрола, успева да им го одвлече вниманието на германските сили со тоа што исфрла уште една бомба, што ѝ дава доволно време да ја напушти областа и да слета безбедно.[2] Учествува во бомбашките мисии против германските сили над Северен Кавказ, Крим, Кубањ, Таманскиот Полуостров, Белорусија и Источна Прусија.[1][3]
Нејзините колеги ја почитуваат како пилот, особено затоа што никогаш не се враќа во базата пред да ја заврши успешно мисијата. Со цел да ја подобри прецизноста на нападот, Макарова често лета до 100-150 метри пред да ја исфрли бомбата; често извршува осум до девет летови во една ноќ, но никогаш уморот не влијае на нејзиниот перформанс. За нејзините воени заслуги, во 1944 година го добива Орденот на Патриотската Војна, прва класа, како и уште еден Орден на Црвеното Знаме.[1][3][5]
На мисија во Остроленка со Вера Белик како навигатор на летот, на 25 август 1944 година, успеваат да исфрлат бомба над метата откако непријателот го забележува нивниот авион, со што се активираат рефлекторите и противвоздухопловната артилерија. Непријателски војник го следни леталото кога се враќаат во базата и успева да им го собори авионот. Поради тежината на експлозивите што ги носат во авионот По-2, ниту Макарова, ниту Белик немаат падобрани и загинуваат во пламените на урнатиот авион.[1][3]
Во нејзината кариера извршува 628 ноќни бомбардирања, исфрла 96 тони бомби и 300000 летоци над непријателска територија, уништувајќи два траекта, два противвоздухопловни топови, еден рефлектор, две бази со муниција, убивајќи повеќе од два вода на непријателски војници.[1]
Макарова посмртно е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз на 23 февруари 1945 година „за примерно исполнување на командите во мисиите и демонстрација на храброст и херојство во битките против германските фашистички окупатори“.[1]
Меморијали
[уреди | уреди извор]Постои мал музеј посветен на кариерата на Татјана Макарова, улица во Москва и училиште во Керч именувано во нејзина чест, споменик во техничкото училиште каде таа завршила и официјален омот на плико на СССР со портрет на Татјана и на Вера Белик.[6][7]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Макарова Татьяна Петровна“. www.warheroes.ru. Посетено на 2018-01-05.
- ↑ 2,0 2,1 „"Ночные ведьмы". Подвиги советской летчицы Татьяны Макаровой“. FB.ru (руски). Посетено на 2018-01-05.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Макарова Татьяна Петровна“. olymp.aviaschool.net. Архивирано од изворникот на 2018-01-29. Посетено на 2018-01-05.
- ↑ Škadov Ivan N. (1988). Ljubov - Jaščuk. Moskva: Voennoe Izdat. ISBN 5203005362. OCLC 247400113.
- ↑ „Макарова Татьяна Петровна“. www.airaces.ru (руски). Посетено на 2018-01-05.
- ↑ „Музей Героя Советского Союза летчика Т.П.Макаровой“. www.museum.ru. Посетено на 2018-01-05.
- ↑ „Героический экипаж“. www.a-z.ru. Посетено на 2018-01-05.
|
- Родени во 1920 година
- Починати во 1944 година
- Советски војници убиени во Втората светска војна
- Женски воени сили на Советскиот Сојуз
- Советски пилоти офицери
- Советски пилоти во Втората светска војна
- Руски пилотки
- Херои на Советскиот Сојуз
- Носители на Орденот на Ленин
- Носители на Орденот на Црвеното знаме
- Добитници на Орденот на Патриотската Војна, прва класа
- Луѓе од Москва
- Членови на Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз
- Соборени пилоти
- Носители на Орденот на Татковинската војна од I степен