Евгенија Жигуленко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Евгенија Андреевна Жигуленко
Ye. Zhigulenko.jpg
Изворно имеЕвгения Андреевна Жигуленко
Роден1 декември 1920
Краснодар, Руска СФСР
Починал27 февруари 1994 (73 години)
Москва, Руска Федерација
ДржаваСССР СССР
Род Советски воздухопловни сили
Служба1941–1955
ЧинМајор
Единица46. Тамански Гардиски ноќен бомбашки воздухопловен полк
Битки/војниИсточен фронт на Втора светска војна
ОдликувањаХерој на Советскиот Сојуз

Евгенија Андреевна Жигуленко (руски: Евгения Андреевна Жигуленко; 1 декември 1920 – 27 февруари 1994) беше пилот и навигатор во 46. Тамански Гардиски ноќен бомбашки воздухопловен полк, 325. Ноќна бомбашка воздухопловна дивизија, 4. Воздухопловна армија на Вториот белоруски фронт за време на Втората светска војна. За нејзините подвизи за време на воената служба е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз на 23 февруари 1945 година.[1]

Civilian life[уреди | уреди извор]

Жигуленко е родена на 1 декември 1920 година во Краснодар во работничко семејство. По завршувањето на средното училиште во Тихорецк во 1939, студира на Московскиот институт за воздухопловна технологија, по што дипломира на училиште за летање во Московскиот Аероклуб. Станува член на Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз во 1942 година.[2]

Воена кариера во Втората светска војна[уреди | уреди извор]

Во октомври 1941 година ѝ се придружува на советската армија и учествува во битките на Источниот фронт, започнувајќи во мај 1942 година по завршувањето на нејзините воени навигациски курсеви. Работи како шеф на комуникации на полкот и подоцна е унапредена во командант на лет. Како командант на лет во "Ноќните вештерки" (официјално 588ми Ноќен бомбашки полк до преименувањето во 1943 година во 46. Тамански Гардиски ноќен бомбашки воздухопловен полк), учествува во вомвашки мисии на Јужниот, Кавкаскиот и Белорускиот фронт, како и во Берлин, Крим, Керч, Колберг, Кубан, Млавско-Елбинг, Могилев и Осовец. Вкупно извршува 968 борбени мисии со авионот Поликарпов По-2, по што е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз на 23 февруари 1945 година.[3]

По војната[уреди | уреди извор]

Жигуленко останува во воздухопловните сили на активна должност додека не дипломира на Ленинската воено-политичка академија во 1955 година, кога преминува во резервата пред на крај да се пензионира од војската. Во 1976 година дипломира на Државниот институт за кинематографија Герасимов и работи како филмски режисер, создавајќи два големи филма: „Во небото на Ноќните вештерки“ и „Без право на неуспех“, донирајќи копија од филмот на Поклонаја Гора Музеј на Големата Патриотска војна. Умира на 73 години на 27 февруари 1994 година и е закопана на Троекуровските гробишта.[1][2]

Награди[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Simonov, Andrey. „Жигуленко Евгения Андреевна“. www.warheroes.ru. конс. 2018-01-21. 
  2. 2,0 2,1 Shadov, Ivan (1987). Герои Советского Союза: краткий биографический словарь I, Абаев - Любичев. Moscow: Voenizdat. стр. 502. ISBN 5203005362. OCLC 247400113. https://www.worldcat.org/oclc/247400113. 
  3. „Биография Евгения Жигуленко“. www.peoples.ru. конс. 2018-01-21. 
  4. 4,0 4,1 „Жигуленко Евгения Андреевна, Герой Советского Союза (Орден Ленина и медаль "Золотая звезда")“. pamyat-naroda.ru. конс. 2018-04-01. 
  5. „Жигуленко Евгения Андреевна, Орден Красного Знамени (1942)“. pamyat-naroda.ru. конс. 2018-04-01. 
  6. „Жигуленко Евгения Андреевна, Орден Красного Знамени (1945)“. pamyat-naroda.ru. конс. 2018-04-01. 
  7. „Жигуленко Евгения Андреевна, Орден Отечественной войны I степени (1943)“. pamyat-naroda.ru. конс. 2018-04-01. 
  8. „Жигуленко Евгения Андреевна, Орден Отечественной войны I степени (1985)“. pamyat-naroda.ru. конс. 2018-04-01. 
  9. „Жигуленко Евгения Андреевна, Орден Красной Звезды (1944)“. pamyat-naroda.ru. конс. 2018-04-01.